Гарсоњера во Центар во близина на Европски Универзитет???

  • Креатор на темата Креатор на темата Gladiatorized
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Драги колеги кајганџии,

Ми треба ваша помош! Барам гарсоњера за издавање во близина на Европски Универзитет.

Пожелно е:
- да е наместен (кревет, кујна: шпорет, фрижидер..., итн.),
- да е во зграда (по можност на приземје или на висина до 5-ти кат),
- киријата да изнесува 150 до 200 евра,
- да нема парно греење (т.е. греењето да е само на струја),
- да е исчистен,
- да нема влаги и мувла и нефункционални кваки,
- да е пристоен за живеење,
- да има можност за приклучок на интернет и телевизија,
- да нема посредување преку агенции.

Шала настрана, Ве молам за сериозни коментари.

Повелете коментирајте доколку има некој некаква информација.

п.с. Доколку темава е несоодветна за овој дел од форумов, ги замолувам администраторите на форумов да ја преместат на друго соодветно место. Однапред се извинувам доколку сум прекршил било какво правило.
 
Ќе студираш на Европски? Размисли и за гарсоњера и во другиве делови од Скопје што се блиску до Центар (Карпош, Кисела Вода, Аеродром). Реално, можда ќе најдеш и нешто подобро отколку во Центар, а барем сите овие делови од Скопје добро се поврзани со автобуски превоз. Секако, се' зависи од твојот личен избор.
Ова беше само една напомена онака. Па што побрзо да најдеш сместување (јас немам никакви информации ни за Центар, ни за било каде). Провери по сајтовиве за огласување.
 
Провери на реклама5 и пазар3. Нема ваљда некој да земе да листа огласи да ти бара живеалиште, па уште и без агенција.
 
Провери на реклама5 и пазар3. Нема ваљда некој да земе да листа огласи да ти бара живеалиште, па уште и без агенција.

Па не рече некој тоа да го прави, туку прашува дали некој член издава или познава некој што издава таков стан.
 
А ако има некој стан со тие перформанси и го дава за 140 евра?
 
Ќе студираш на Европски? Размисли и за гарсоњера и во другиве делови од Скопје што се блиску до Центар (Карпош, Кисела Вода, Аеродром). Реално, можда ќе најдеш и нешто подобро отколку во Центар, а барем сите овие делови од Скопје добро се поврзани со автобуски превоз. Секако, се' зависи од твојот личен избор.
Ова беше само една напомена онака. Па што побрзо да најдеш сместување (јас немам никакви информации ни за Центар, ни за било каде). Провери по сајтовиве за огласување.

Знам дека има надвор од Центар поефтини цени за изнајмување гарсоњери. Но, целта ми е да не се патува со автобуси, туку напротив... релацијата да биде пократка.[DOUBLEPOST=1498117804][/DOUBLEPOST]
Па не рече некој тоа да го прави, туку прашува дали некој член издава или познава некој што издава таков стан.
Токму така. Целта ми беше да прашам дали некој има некакви информации во врска со ова или можеби лично издава, а не да бара по Интернетов за мене.[DOUBLEPOST=1498117850][/DOUBLEPOST]
А ако има некој стан со тие перформанси и го дава за 140 евра?
140 евра? Уште подобра опција.;):P[DOUBLEPOST=1498117958][/DOUBLEPOST]
Имаш ОГЛАСИ на форумов. Таму требит да го постираш огласов.
Прегледај го приврзокот 173198

Хмм... А како да ја префрлам темава на огласи?:confused: Никогаш пртходно не сум префрлувал тема, бидејќи реално не сум имал потреба од тоа.
 
@Gladiatorized не можеш да префрлаш тема, оваа нека си остане а таму објави си оглас ако сакаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom