- Член од
- 5 октомври 2011
- Мислења
- 157
- Поени од реакции
- 233
- Возраст
- 55
Апостол Петков е легендарен војвода на ВМОРО, кого населението го нарекло „Ениџевардарско сонце“. Американскиот публицист Алберт Сониксен, го именува како „македонски Робин Худ“,а Фрдерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“.За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“.Според Сониксен портретот на Петков висел во секоја крчма во Бугарија.Името на Апостол Петков се среќаваат во весниците во Австрија, Нов Зеланд, Тасманија и САД. Во 1944, портретот на Апостол Петков се најде во рубриката „Верувал или не!“ на еден локален американски весник. Таму за него пишува:„Апостол Петков – човекот кој беше платен да се преправа дека е мртов. Познат македонски четник, кој со свои раце уби 2400 Турци. Тој бил толку проблематичен, што турскиот султан му плаќаше 30000 $ за да се преправа дека е мртов“.

Апостол Петков е роден на 6 мај 1869 година во с. Бојмица, (сега Аксиполи, Грција).Потекнува од родот на Терзиевци. Неговиот постар брат Митре бил ајдутин, а брат му Тано, и братучед му Андон, загинале како комити. Апостол кој бил неписмен, како младинец работел како кантонер на железничката линија Солун – Скопје. Во 1892 година, ја напуштил работа и се одметнал. Од тогаш па до почетокот на 1897 година крстосувал како ајдутин по Пајак планина, дружејќи со Иван Карасулијата.
На 12 август 1900 година, четата на Апостол Петков го ликвидирала внукот на Демир субаша, кој важел за голем злосторник во регионот. На 30 ноември во режија на Апостол Петков бил изведен обид за ликвидација на лекарот Ангелаки Секелариос, кој бил организатор на грчката во Гуменџе. Секелариос го преживеал атентатот. Нападот врз него добил голем публицитет во грчкиот печат, а за случајот се расправало и во грчкиот парламент. По, Солунската провала од 1901 година, Апостол Петков заминал за Бугарија за да обезбеди подобро вооружување за својата чета.
Во средината на јули 1903 година здружените чети на Апостол Петков, Крсто Асенов и Трајко Јотов се судриле со турските војски кај с. Постол. При овој судир Турците имале 4 убиени и 2 ранети, а од четите загинале 2 комити.На Илинден 1903 Апостол Петков и Крсто Асенов во с. Корнишор, ги осветиле востаничките знамиња на двете чети. Тогаш К. Асенов се венчал со Ана Малешевска. Венчавката на Асенов била погрешно протолкувана, поради што тој бил убиен на подмолен начин. Поради тоа, наместо на 2 спроти 3 август, демонстративниот напад на Гуменџе, Апостол Петков го извел на 9 август 1903 година, а тоа пак предизвикало репресија од страна на власта врз цивилното население.Следниот ден Апостол го нападнал турскиот гарнизон во с. Крива. На 9 септември, Апостол се судрил со турските војски кај с. Рамна. На 25 септември Апостол Петков и Иван Карасулијата се судриле со турските војски кај врвот Гандач, при што извојувале огромна победа.На 12 декември 1903, Апостол Петков и Аргир Манасиев, биле опколени од турска војска кај с. Горгопик, близу Гуменџе. Од овој судир, четите се извлекле без загуби, а од страна на Турците имало 12 убиени и ранети
Заштитник на обесправените, безмилосен кон непријателите
Апостол Петков зимата 1903/1904 година останал во регионот за да го заштитува населението и да го одржува духот на Организацијата.
По Илинденското востание грчката пропаганда ја променила тактиката кон Македонија и започнала да испраќа, кои со силата на оружјето и со неформална поддршка од турските власти го присилувале населението да се изјаснува во прилог на елинизмот.Поради геостратешката положба на Ениџевардарскиот регион, Апостол претставувал серозна препрека за пробивот на грчките чети кон централна Македонија. Поради тоа, грчкиот конзул од Солун, летото 1904 година, се обидел да го поткупи Апостол Петков за грчката кауза, ветувајќи му пари и оружје.Апостол не само што ја одбил понудата, туку станал најголем непријател за грчките чети и агитатори. Покрај судири со османлиските потери, Апостол жестоко се пресметувал со претставниците на грчката пропаганда. Во ноември 1904 година, Андон Терзиев, (братучед на Апостол) го фатил и обесил Јани Пицулас, кој бил назначен за инструктор на грчките чети во Ениџевардарско. Покрај обесениот бил оставено писмо со печатот на Апостол Петков.Кон крајот на 1904 година, Апостол заминал за Бугарија за да се одмори, но и да ги пополни воените резерви, оставајќи го во Ениџевардарско братучед му Андон.
На 15/28 февруари 1905 година Апостол Петков со 24 четници ја минал бугарско-турската граница кај Ќустендил,и заминал кон Ениџевардарско. По пат му се придружил Сава Михајлов со својата чета. Здружените чети броеле 42 лица.Уште oд Струмичко, Апостол и Савата биле предупредени да не минуваат низ Гевгелиско, бидејќи имало големо раздвижување на војските, туку преку Дојранско да заминат кон Кукушко и од таму кон Ениџевардарско. Апостол Петков ги игнорирал предупредувањата и продолжил во правец на Мачуково (сега: Евзони, Грција) и понатаму кон с. Смол (сега: Микрос Дасос, Грција).Кај Смол биле пресретнати и нападнати од силна османска потера, која набрзо добила засилување од Гевгелија од околу 300 души, меѓу кои имало и коњица. За време на судирот Сава Михајлов зазел позиција во месноста Рудина Чука, а Апостол Петков во месноста Бачево. Ударната сила од турските сили прво биле насочени кон четата на Сава Михајлов. Таа била ликвидирана до пладне, при што загинал и војводата. Веднаш потоа сета османска сила била насочена кон четата на Апостол, која била уништена да вечер. Од таму се извлекол само Апостол Петков, кој бил ранет во ногата и двајца четници. Според изворите кај Смол загинале 40-42 комити, а од турска страна имало 3 мртви и 13 ранети. Битката кај Смол што се одиграла на 1/14 март 1905 година, ја надгледувал рускиот капетан Флоров. Тој по два дена го посетил местото на настанот каде се уште стоеле телата на убиените при што бил згрозен од глетката на масакрираните тела. Флоров за настанот испратил опширен извештај до генерал мајор Шостак.На местото на битката, османлиските власти ја нашле чантата на Апостол Петков во која имало повеќе примероци од неговиот портрет и разни документи. Пронајдената чантата на Апостол ги натерала сите да поверуваат дека тој загинал. Веста за наводното убиство на Апостол, брзо се прошириле меѓу дипломатскиот кор во Солун, а по неколку дена, таа вест била пренесена во Њјорк Тајмс.Но, откако Апостол повторно почнал да дејствува во својот препознатлив стил, дипломатските претставници кои верувале дека тој е мртов, пласирале фамата дека се појавил псевдо Апостол, кој го користел името и тактиките на вистинскиот Апостол, за да го одржува духот на населението.
На 2/15 август 1911 година, Апостол Петков, Георги Мучитано и Васил Пуфката биле убиен од турските војски кај Крушари при мистериозни околности. За убиството на Апостол Петков постојат разни варијанти и претпоставки, а најчесто како предавник се споменува неговиот близок соработник Тодор Чифтев.