Александра Јанева

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Јас лично мислам дека полека Александра си го наоѓа вистинското место на нашава естрада, поточно станува еден од поценетите и поквалитетните уметници.

Што се однесува до песнава, Ок е, не е лоша, не е ни нешто хитовска, спотот е исто така Ок, не е лош, но едни исти работи се повторуваат. Само добар потег на Слаткар што и помогнал (веројатно) песната да ја издаде за бугарската продукција со кој он соработува.
 

Од вчера објави нова песна песна пишувана од Слаткар. Неочекувана комбинација, но мислам дека е многу посоодветен стил за нејзините години. Конечно, успешна спојка на добар глас и модерен звук и штосен спот. Време е Александра да привлече поголемо внимание на македонската сцена. Песнава ми мириса на голем хит!

Ме потсеќа како неда украден, и многу ме нервира овој буба корели и јала брат стил кој е многу глуп.
 
Јас лично мислам дека полека Александра си го наоѓа вистинското место на нашава естрада, поточно станува еден од поценетите и поквалитетните уметници.

Што се однесува до песнава, Ок е, не е лоша, не е ни нешто хитовска, спотот е исто така Ок, не е лош, но едни исти работи се повторуваат. Само добар потег на Слаткар што и помогнал (веројатно) песната да ја издаде за бугарската продукција со кој он соработува.
Слаткар го има пишувано текстот и правено песната со помош на Иван Јованов.
 
Навистина прекрасна нумера од нашата реномирана изведувачка на забавна музика - Александра.
 
Поп-пејачката Александра Јанева го објави својот нов сингл „Ќе се вратам некој ден“. Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната го напишаа Панче Касапски и Огнен Неделковски.

Видео продукцијата е на Ѓорги Вацев, кој соработуваше со Јанева и на видео-записот за „Зошто баш ти“.

„Ќе се вратам некој ден“ е нејзин прв сингл годинава по неколкумесечна пауза. На радост на нејзините поддржувачи пејачката најавува нова летна тема за наредниот месец.

 
Последнава и е предобра. Ми се допаѓа што знае да одбере добри песни да ги отпее.
На интервју Стисни плеј МРТ 1 кажа дека ќе има песна и со Наташа Малинкова.

Eве ја во живо на Стисни плеј акустична верзија (пијано и гитара)
 
Дует со Наташа Малинкова.
Песната и спотот ставени на Јутјуб канал од бугарска најверојатно менаџерска куќа Facing the sun кај што и Слаткар исто објавуваше таму негови песни. Еден куп бугари коментираат :)
 
Мелем за уши :)
Cover/ препев (или како и да соодветниот македонски збор) на песната на Лоба Херој


На Фејсбук страната имаше објавено да се даваат предлози. Со оваа песна го започнува овој летен серијал видеа.
 
Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна со видео-запис насловена „Срце отвори“.

По успехот на минатогодишниот сингл „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со авторите Панче Илиев и Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски.

„Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм“, вели Јанева.

 
Оваа новава песна и е досадна.
Секоја чест се туди да има добри видеа со текстови и се средено со убав дизајн.
 

После подолго време пак со моќна балада на текст на Јана Бурче. Интересна ми е комбинацијата на млади автори (Александра-гитаристот Тино-Јана).
 

После подолго време пак со моќна балада на текст на Јана Бурче. Интересна ми е комбинацијата на млади автори (Александра-гитаристот Тино-Јана).
Спотот е убав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom