Александра Јанева

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Во суштина Ѓорѓи Крстевски и ги има правено последните неколку песни, како и спотовите за истите. Незнам колку време он се бави со продукција, но мислам дека му треба уште многу работа, искуство и учење за да направи целосно добар музички производ.
Да ама овие песниве што и ги има направено на Александра Јанева се стварно добри. Повеќето од Александра песни кој се балади враќаат малку во времето кога се повеќе се правеше добра песна со добар текст и музика а такви песни денес се подзаборавија.
 
Александра Јанева го обработи хитот на Ноне Неделковска

По повод 10 годишнината од издавањето на оригиналната верзија на баладата „Зошто баш ти“ пејачката Александра Јанева направи свој римејк.

„Оваа балада 10 години ме следи и ме растажува. Со авторите одлучивме да ја реиздадеме оваа прекрасна македонска песна во еден помодерен звук. Се надевам дека новата верзија ќе и се допадне на публиката“, информира младата пејачка

ИЗВОР: Дневник

Девојкава периодов се истакнува меѓу нашиве пејачи. Ако продолжи со ваков тек ќе има добра кариера за неа.

Иначе песнава е доказ дека некогаш имавме хитови, а сега она што и се нуди на публиката е отпад. Во секој случај добро звучи преработкава, но сепак мислам дека Ноне си е Ноне:D:love:
 
И денес имаме хитови но немаме вака толку добри песни. Ноне знаеше да и направат добри песни и за многу стари пеачи и пеачки криво ми е што се одалечија од музиката.

Македонија може да има добри песни со добри текстови само треба да се работи на тоа. Од бившите ју простори хрватите се пример за добри песни и текстови. Они си ги негуваат т.е често ги пеат и ден денес рок, поп, и останари жанрови кој некогаш биле актуелни а имаат и нови песни кој се стварно претерано убави за слушање. Кај нас тоа е реткост.
 
Речиси сите песни кое се создадоа од пред некои 10 години останаа хитови, било тоа да се од Ноне, Врчак или било кој друг пејач. Во последниве години освен Нема ден нема ноќ, Мандарина, Тажна љубов среќна песна, Тик Так, Докторе, Кеш Кеш, Оди ѕвездо и уште некои десетина други песни јас незнам дека друго нешто што излегло е хит и добро.
 
Aнтонија Гиговска сепак ја надминува кога е во прашање пеење во живо.
Антонија мислам дека преку Кастинг Таклент Шоу - то соживеа еден дел од нашата музичка сцена, а и си направи име. Но не знам, девојчето на интервју некако личи арогантно, но незнам, да не си грешам душа, можеби и грешам во проценката.
 
Мини концертот на Макфест 2017
Само тој што снимал, режија, и тој што ја дизајнирал сценава е катастрофа.
 
Последно уредено:
Мини концертот на Макфест 2017
Само тој што снимал, режија, и тој што ја дизајнирал сценава е катастрофа.
Овогодинешната сцена за Макфест 2017 беше како за Макфест 2007. Не знам зошто нема идеја, креативност и желба да се направи нешто ново кај нас.
 
Од секогаш нашиве музички фестивали на забавни па и на фолк песни биле крш во дизајн на сцената а преносот никаков со тие глупи движења на камерата, купени готови дизајни од интернет кој многу телевизии низ светов веќе ги имаат користено плус водителот кој сам си смислува прашања и се што треба да каже дур ги прашува учесниците да не пишувам. Со еден збор УЖАС.
 
Тоа од секогаш не ми се свиѓало што камерата фаќа само два кадри и што сцената има само 2 сијалици кои светат. Освен еднаш кога Даниел Кајмакоски победи на Скопски фестивал, јас на друго место немам видено сцена со рефлектори. Па ако разгледаш поубаво, МТВ пред 40 години имала сто пати подобри студија и опременост од сега.
 
И 2012 Макфест имаше добра сцена, поготово кога Тамара Тодевска ја пееше Готово е. Тогаш Јован Јованов беше организатор.

Само тие години биле добри сцените на овие два фестивали.
 
Исто така и на Валандово оваа година беше добра сцената, но не и целосно кадрите. Само драго ми е што сега излегоа многу наши и поп и фолк песни од фестиваливе. Можеби не се нешто претерано слушани, но подобро е да ги има отколку да ги нема. Само така доброто ќе исплива на површината и ќе си го покаже лицето.
 
Александра им покажа на повеќето што беа во натпреварувачкиот дел на Макфест како се пее плус предобри и се песните.
 
Од вчера објави нова песна песна пишувана од Слаткар. Неочекувана комбинација, но мислам дека е многу посоодветен стил за нејзините години. Конечно, успешна спојка на добар глас и модерен звук и штосен спот. Време е Александра да привлече поголемо внимание на македонската сцена. Песнава ми мириса на голем хит!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom