Александра Јанева

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.449
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
aleksandra-janeva.jpg

Александра Јанева (роденa на 25 мај 1995 година во Струмица) — македонска поп-пејачка. Победник е на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година и на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 2013 и 2016 годинa.

Песни :
 
Јaс прв пат за Александра Јанева дознав кога победи на Макфест 2013. Првиот пат кога и ја слушнав песната Врати ми го сонцето, си реков добро, ништо посебно, но до пред една година почнав да ја слушам песнава од проста причина што звучи моќно. Гледам и децава што се натпреваруваат на Неки Нови Клинци многу ја пејат. Добра песна и е и За сто години, а другите не се лоши, но не се како Врати ми го сонцето:)

Песните и имаат добра музика и текст. Јас прв пат ја дознав на Сите наши песни на МРТ 1

Треба да си тера со овој стил досега што го негува стварно и лежи. Штета што кај нас многу малку испливуваат на површината овие нови таленти на македонската естрада.
 
Скромна и талентирана пеачка.
 
кај нас многу малку испливуваат на површината овие нови таленти на македонската естрада.
Кај нас во последниве години ни старите веќе добро познати таленти не испливуваат на површината, а реално и веќе немаме некоја естрада.
 
А како да ми "закачува" на "Р" буквата, а?
 
Кај нас во последниве години ни старите веќе добро познати таленти не испливуваат на површината, а реално и веќе немаме некоја естрада.
Епа политиката и медиумите си го направија тоа да немаме некоја си естрада. Повеќе се даваат термини за политика него за македонска музика. На скоро сите телевизии имаш емисија контактна или дебатна политичка емисија. добра забавна емисија со македонска музика немам видено освен Стисни плеј која е засега единствена и доста ја третира и негува македонската музика другите телевизии само едно кратко интервју прават со некој наши музички артисти и пола разговор им е нешто трето. Ете Александра Јанева вчера видов најава дека на интервју на Бекстејџ ја натераа да ја рецитира фолк песната Кеш Кеш или која и да беше. Или пак кога некој музички артист ќе го прашаат што мислите за старлиетите или за турбофолкот. Аман веќе до кога со вакви глупи и клише интервјуа. Мислам дека ова е дел од причините што немаме некоја си естрада.
 
Последно уредено:

Не е тоа причината. Една естрада/музичка сцена е успешна кога на тој пазар се застапени сите видови на жанрови и сите видови на пејачи, па и јавни фаци, било тоа старлети или некој друг вид на занимања. Публиката е таа која што ќе одлучи што ќе биде најпопуларно.

Причината е што немаат музичарите доволно медиумски простор. Еве на пример секоја телевизија да направи по една емисија каква што е Фолк естрада на Сител 3 или како што е Гранд Магазин во Србија, секој пејач би добил шанса да биде интервјуиран и да направи промоција на својата песна.
 
Да точно и ова е дел од причината но сепак најголема причина кај нас е што немаме голем пазар и немаме менаџери кој добро ќе се грижат за артистите. Поради немањето некој да ги менаџира самите артисти кај нас се принудени сами да се менаџираат па мора да бараат и други алтернативи за работа освен пеењето или свирењето.
 
Одлична и е новата песна, Солза за крај.
 
И ја има правено Ѓорѓи Крстески.
Во суштина Ѓорѓи Крстевски и ги има правено последните неколку песни, како и спотовите за истите. Незнам колку време он се бави со продукција, но мислам дека му треба уште многу работа, искуство и учење за да направи целосно добар музички производ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom