Пљачка на pre-paid кредит? T-Mobile!

  • Креатор на темата Креатор на темата Skylake
  • Време на започнување Време на започнување
На брат ми за месец август имаше 180 пораки од странство, а не беше во странство. :pos:
Како шлаг на тортата 180 пораки за 6-7 дена т.е 30 пораки дневно xD.

П.С Приговор и се тоа ок ама кој ќе плати за стресот и за изгубеното време?
 
Шознам, ја и на припејд бев, и припејд договор 2 години (600 денари секој месец) истерав, сега пост пејд и не ја имам макава. Корисник сум на Телеком 10 год не сум имал мака од нив.
 
Шознам, ја и на припејд бев, и припејд договор 2 години (600 денари секој месец) истерав, сега пост пејд и не ја имам макава. Корисник сум на Телеком 10 год не сум имал мака од нив.

Јас сум корисник на Мобимак 17 години, а деновиве имав повторно проблеми со нив.

Еден при пејд број на моето дете(је..га, постар сум), на 18-ти Ноември го префрлив на пост пејд и кога ми стигна фактурата за месец Ноември, сметката беше 3500 денари. Го тарифирале целиот интернет и си го наплатиле, иако во договорот имам 500 мб. се јавив на 122, реагирав и ми признаа дека е грешка. Ми пратија пораки дали сум задоволен од услугата, и мислев дека проблемот е решен. појдов денес во Мобимак, и сумата повторно е 3500 денари. службеничакта кога и објаснив ми рече да почекам уште некоја ден.

А што сум пропатил за сите овие години......тоа долга приказна
 
Кога земеш број тој активен ти е година дена, за секој нареден месец активност (да може да бараш) мора да дополниш 100 денари по месец. Значи после година дена ако сакаш да може да бараш мора да дополниш кредит без разлика дали си имал кредит или не. Исто така неискористениот кредит не ти го земаат туку само ти е ставен во мирување. Ако да речеми имаш 300 денари неискористен кредит и ти завршил месецот да може да бараш тогаш со дополнивање 100 денари имаш нови 100 и старите 300 значи 400 денари за време од еден месец. После тој месец пак ќе ти дадат забртана за бирање па ако да речеме си искористил само 50 ден во наредниот месец со ново дополнување ти се префрлаат 350 + нови 100 ќе имаш 450. И така во продолжение.

мајка ми го има овој проблем затоа што пензионерка и нема некоја потреба да бара на мобилен а башка имам фиксен со бесплатни минути кога сака да ѕвони некаде но мора бројот да биде активен за нешто итно кога не е дома. така да обично кредитот да не „пропаѓа“ оди на донации...
 
Претходно беше на една година, еве сега погледнав за 6 месеци мораш барем еднш да надополниш 100 денари, 30 дена си по подобра тарифа, а после ти е поскапа тарифа.

јас сум на една промотивна понуда некаде 3,9 денар/ мин(мислам толку беше ако не ја качиле у мегувреме, не ни гледам колку пари ми останале) и исто плакам и за 1 минута и за 10 минути

сега пред некој месец се утепав од зборување повикот ми беше околу 2 денари[DOUBLEPOST=1481739812][/DOUBLEPOST]Ќе заборавев, имам уште еден број, тој ми е на паметниот, ама ретко го користам за зборување и таму повик ми е 5,8 + некаде 2,5 понатаму[DOUBLEPOST=1481740700][/DOUBLEPOST]http://www.telegraf.mk/aktuelno/eko...ori-za-39-denari-od-povik-kon-site-mrezi.nspx
Еве ја најдов ми се вика Vip Simple, повеќе не постои
ете зошто не го мењам припејдот
имам стар припејд број на ВИП, го чував за резерва и за земање припеид интернет за ХотПоинт летно време во Охрид... арно ама не дава веќе 6 месеци, намалија на 4месеци а сега е 3 месеци. Не ти го зема кредитот ама не можеш да вртиш, само да ти вртат... Укинаа тоа на 6 месеци без да прашат никого ( па со припејд и немаш договор)
 
изгледа работат со финта ако пројде пројде
наплати му повеќе земи му кредит
ако не се пожали корисникот супер ако поднесе приговор ќе признаат грешка
следниот месец пак исто
 
На Телеком сум откако знам за себе со мобилен. Какви уште не гом*а имам јадено од нив, одземање кредит за услуги кои не можам да ги користам, враќање на кредитот дупло (да и тоа се десило, дупло да ми ги вратат парите), наплаќање дополнување од дебитна картичка а кредитот никаде го нема, и што уште не. Милион приговори имам поднесувано.
 
Со двеста денари го продолжуваш 2 месеци бројот потоа ако не надополниш може да ти вртат а не да вртиш , а кредитот не ти го зимаат бар мене не ми го одзеле до сега. Тоа одземање на кредит прават од оне.вип плус незнам што очекувате кога имаме ваков дуопол на пазарот за телекумуникации.
 
Со двеста денари го продолжуваш 2 месеци бројот потоа ако не надополниш може да ти вртат а не да вртиш , а кредитот не ти го зимаат бар мене не ми го одзеле до сега. Тоа одземање на кредит прават од оне.вип плус незнам што очекувате кога имаме ваков дуопол на пазарот за телекумуникации.
Во ВИП досега ми немаат одземано кредит, оној број што го имам на паметниот, којзне од кога не сум го наполнил, па пак ми работи.
 
На времето кога бев на Т-Мобајл пунев кредит само да живее бројот. :D
Го блокираа, после одблокирував.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom