Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Види вака народот (оние од левиот политички корпус) сеуште се надеваат на некакво апсење на Груевски и целата таа прислушкувана тајфа т.е. врхушка на таа партија, исто како што во минатото нели лоповот и бугарофил Љубчо нели ќе го бутаа зад решетки, но всушност целава работа изгледа на класично политичко пазарење, а пазарењето најверојатно е случено деновите после крвавиот тензичен 27 Април оваа година кога беше во државава оној Хојт Ји и кога е договорен понатамошен брз и мирен трансфер на власта во замена за слобода(неапсење) на Груевски и компанијата !
Западот не го интересира ни право ни закони и бутур, туку решение за спорот со името. Еден од сегментите на решението е и притискањето на Грујо од страна на СЈО, а кога ќе треба да решава името, да не прави големи проблеми(малку нека галами..колку за декор).

Пошто промената на името е и културен идентитет , како и јазичен....проблемот со Бугарија и овој Договор се исто така дел од решението за проблемот. Кога тие ќе не ``начнат``, послесно ќе се примени тоа решение за името
Декларацијата на албанците исто така е дел од решението за името-многу ќе допринеси за да се отстрани опасноста од објаснувањата на нашите дека со промената на името се менува и националноста. Со декларацијата ќе биди ``двонационална``, па така решението полесно ќе се примени

Немој само да замарате со демократија и слични глупости....бидејќи зборот демократија значи народот да одлучува а некој Бејли, мејли, Хан....ете да ја оставиме Македонија за да нема пристрасност вмро-сдс...што е со другите земји? Некој си амбасадор во Белград да одлучува дали Србија треба да има ваква или онаква Влада? Демократија-демос-народ....а не амбаадор. тоа е диктатура или примена на сила од појакиот

затоа мис е гади кога ќе прочитам во иста реченица ``демократија`` и овој вака рече..оној онака од странците

Па уште кога ќе слушнам ``Брисел така наредил``:facepalm:
 
Па ни тутунските комбинати не се за жалење кога сме кај тоа. Ако им беше за приливот има еден куп помалце очигледни начини тоа да се направи а не вака апла во очи да паѓа и да е условено. Ти нема да се кладиш и нема да се полни касата од тебе, јас нема да пушам и и од мене нема да се полни касата. Ај да те видам не јади, не троши гориво, не троши струја итн итн. После и кафичите и кафание плаќаат данок, и тие трошат роба и ред други работи. Помини во зима во кафана или кафич во кој се пуши и помини во кој не се пуши и ке ти стане јасна разликата кој од нив плаќа повеќе данок и кој ја полни повеќе државната каса, така да не ќе да беше тоа работата. Било како било колку што сакаш ти да се укини тој закон толку сакам и јас да се укини овај. Па да почекаме и да видиме што ке биди. Јас искрено на следните избори ке гласам за било која партија која ке излези со недвосмилсен став дека ке го укини законот за пушење на јавни места ке гласам за нив па макар имала и најрадикални ставови во однос на републиката, море ако сака и шеријат нека воведи.

Работата е тоа што законот за пушење не ист за сите додека законот за данок на добивка е ист за сите па затоа неможиш таква компарација да направиш..ене пример ќе ти кажам (дека од Битола си) во Паб Конект кај Кеопс се пуши на големо и внатре и надвор без разлика во кој ден,додека во другиот дел кај Портал и Бони Вибс цигара не смее да заигра ...сето се сведува на тоа кој колку е моќен и кој какви познанства има..пола инспектори и полиција одат во Конект и нормално дека закон за нив не фаќа..исто како и Давидоф со Расчекор ноќните клубови..и тоа никаков закон нема да ги искорени..оние дуќани што се на локалната мафија нема да плаќаат ниту даноци ниту казни ништо,оние што си работат чесно ќе го папаат и така

Додека во кладилницата законот е за сите..неможи за некои да има данок за други да нема..го пишиш ливчето,го исплаќаш ти задржва и то е то
 
Мешаш баби и жаби. Законот за пушење е ист за сите доколку се спроведува законот доследно . Не можеш да се вадиш на тоа дека не е ист само затоа што органите кои треба да го спроведат го прават тоа селективно. Па да се спроведуваше законот за пушење доследно прв Заев ке го папаше пошто пушеше во затворена просторија и тоа се фатен на камера што би рекле црно на бело. Генерално да се спроведуваја законите доследно ние ке бевме друга приказна ама ете не сме но тоа нема врска со тоа дали законот важи за сите или не како што е пропишан. Сега во твојот случај како за малер доследно го спроведуваат ,а во мојот не но не е тоа тоа. Оваа влада досега вети и донесе доста популистички мерки како укинување на РДТ, укинување на екстерно, враќање на евтина тарифа па зошто да не и укинување на тие фамозни закони за пушење и данок на добивка во кладилниците. Јас иако не сум воопшто засегнат од тој закон за кладилници би се сложил да се укини ако оди во пакет со законот за пушење и очекувам и рандом играч на спортска кој не е пушач да го завземи истиот став.
 
^^
Еее Владе, џанкеру: „продавам држава за дрога тутун!“

;)

Западот не го интересира ни право ни закони и бутур, туку решение за спорот со името. Еден од сегментите на решението е и притискањето на Грујо од страна на СЈО, а кога ќе треба да решава името, да не прави големи проблеми(малку нека галами..колку за декор).

Пошто промената на името е и културен идентитет , како и јазичен....проблемот со Бугарија и овој Договор се исто така дел од решението за проблемот. Кога тие ќе не ``начнат``, послесно ќе се примени тоа решение за името
Декларацијата на албанците исто така е дел од решението за името-многу ќе допринеси за да се отстрани опасноста од објаснувањата на нашите дека со промената на името се менува и националноста. Со декларацијата ќе биди ``двонационална``, па така решението полесно ќе се примени

Немој само да замарате со демократија и слични глупости....бидејќи зборот демократија значи народот да одлучува а некој Бејли, мејли, Хан....ете да ја оставиме Македонија за да нема пристрасност вмро-сдс...што е со другите земји? Некој си амбасадор во Белград да одлучува дали Србија треба да има ваква или онаква Влада? Демократија-демос-народ....а не амбаадор. тоа е диктатура или примена на сила од појакиот

затоа мис е гади кога ќе прочитам во иста реченица ``демократија`` и овој вака рече..оној онака од странците

Па уште кога ќе слушнам ``Брисел така наредил``:facepalm:

Издржано и реално мислење. Како такво предвидувам дека ќе биде игнорирано од мнозинството овде... Всушност мислам дека и дежурните тролови ќе го избегнат. :)
 
затоа мис е гади кога ќе прочитам во иста реченица ``демократија`` и овој вака рече..оној онака од странците
Само царство му е мајката за Македонија, да се прогласи еден цар, негови потомци да го наследуваат и да се укинат устав, закони, собрание....
Се да му се даде во раце на еден монарх и тој да одлучува кој ќе умре а кој ќе живее, кој ќе му се земе се а на кој ќе му се дадат миљони.
Нешто као Саудиска Арабија само без нафта
 
Па ни тутунските комбинати не се за жалење кога сме кај тоа. Ако им беше за приливот има еден куп помалце очигледни начини тоа да се направи а не вака апла во очи да паѓа и да е условено. Ти нема да се кладиш и нема да се полни касата од тебе, јас нема да пушам и и од мене нема да се полни касата. Ај да те видам не јади, не троши гориво, не троши струја итн итн. После и кафичите и кафание плаќаат данок, и тие трошат роба и ред други работи. Помини во зима во кафана или кафич во кој се пуши и помини во кој не се пуши и ке ти стане јасна разликата кој од нив плаќа повеќе данок и кој ја полни повеќе државната каса, така да не ќе да беше тоа работата. Било како било колку што сакаш ти да се укини тој закон толку сакам и јас да се укини овај. Па да почекаме и да видиме што ке биди. Јас искрено на следните избори ке гласам за било која партија која ке излези со недвосмилсен став дека ке го укини законот за пушење на јавни места ке гласам за нив па макар имала и најрадикални ставови во однос на републиката, море ако сака и шеријат нека воведи.

Тој што пушел пак ќе пуши, а тој што се кладел пак ќе се клади. Само сега наместо во нашите кладилници се повеќе луѓе ќе си уплаќаат на интернет, и ништо нема да земе државата од нив поради тој глуп данок од 10% на сите добивки наместо само на крајниот профит што е логично.
 
^^
Еее Владе, џанкеру: „продавам држава за дрога тутун!“
Озбилно, си приметил ли некад дека владе мкд е попатетичен дури и од тебе?
А?
Неверојатно, нели? Ипак, истинито.
Чудесен е светот.​
 
Западот не го интересира ни право ни закони и бутур, туку решение за спорот со името.
Се сложувам дека запад сака решение на спорот за името.
Зошто мислиш запад запнал толку за решение на спорот за името?
 
На Коста врвашот Петров му скурчило да биде на врвот, па решил да се врати у формер југослав и да биде и он дел од Влада.

Заев, жена ти како е?
 
Истиот тој Османи кој се избламира за двојазичните банкноти и казните од 5000 евра. Мислaм дека зборот на Амди Бајрам има поголема тежина од оној на Османи.
Ај ќе видиме.
Сите некако набиваат некое темпо по кое треба да се одвиваат работите (додуша никој нема појма), ама потезиве у првиве месец-два се прилично сомнителни. Уште ако кажат и со СЈО дека „ок, доволно беше“, тогаш паторот се враќа на следни избори и ердоган ќе праќа овде млади кадри да учат фашизам од фамилијата.

Еве многу ме интересира како ќе ги дисциплинираат тие кловнови од судии? Прво знаеме ли што значи „да се дисциплинира судија“? Ако не одредил притвор на вакво обвинение ќе му скратиме од плата? Ова е многу непринципиелно некако, не знам како да ти опишам што мислам. Ако се понаша вака како што се понаша судијата, треба кривично да одговара за неспроведување правда, а не „да не му купиме чоколадо, ко на мало дете“.
Што па на овој шипово би му било мотив да дава вакви изјави?
 
Тој што пушел пак ќе пуши, а тој што се кладел пак ќе се клади. Само сега наместо во нашите кладилници се повеќе луѓе ќе си уплаќаат на интернет, и ништо нема да земе државата од нив поради тој глуп данок од 10% на сите добивки наместо само на крајниот профит што е логично.
Во потполност се сложвам дури би оддел доттаму да воопшто нема данок на добивка на игрите на среќа вклучувајќи ги и добивките од кладилници.[DOUBLEPOST=1500818700][/DOUBLEPOST]
Еее Владе, џанкеру: „продавам држава за дрога тутун!“
Од каде тоа. Ако мислеше да тоа дека би гласал на било која партија која ќе се заложи за тоа , тоа е веќе мое демократско право на избор. Секој си гласа за она што мисли дека му одговара или е најблиску до тоа. Е сега ако таа партија која покрај укинување на забрана за пушење има и некој други елементи во нејзината програма и победи на избори тогаш тоа е изборната воља на граѓаните и нема што тука било кој да се љути посебно ако е јасно и недвосмислено нагласена во нејзината изборна програма. Од тука не гледам многу причини за кревање на прашина од тоа што владата на Заев го прави. Човекот си кажа пред избори што му беше намерата и луѓето си го гласаја.
 
Последно уредено:
Тој што пушел пак ќе пуши, а тој што се кладел пак ќе се клади. Само сега наместо во нашите кладилници се повеќе луѓе ќе си уплаќаат на интернет, и ништо нема да земе државата од нив поради тој глуп данок од 10% на сите добивки наместо само на крајниот профит што е логично.
Не треба никаков данок на кладењево да има.
Kако би се извело то оданочување на крајниот профит?
Ќе му кажеш на тој дека играш мартингејл и дека добивката не ти е таа?
 
Озбилно, си приметил ли некад дека владе мкд е попатетичен дури и од тебе?
А?
Неверојатно, нели? Ипак, истинито.
Чудесен е светот.​
Ти наместо да се замараш со мене види таму до кај е работата со Смилковско. Оддамна немаш прашано. Ми те заќутија некако.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom