Не верувам дека баш толку би коштало, плус и дискутабилна е сумата за која се подигнати. Не може да кошта толку многу да земеш еден споменик од плоштадот и да го однесеш во Велес или во Охрид. Пак ќе ти кажам, она што може да се турне или одстрани за поефтини пари, треба да се направи. Јас само за згради не сум туркање, огромен трошок, плус зградите се секогаш корисни. Некои работи се едноставно срам за Македонија, и тие мора да се турнат.
Од друга страна, можеби е добро да остане некоја од глупостите кои ги направија низ Скопје, како потсетник на тоа што се случува кога неписмени и необразувани дојдат на власт, и тоа апсолутна власт.