Зато си има обвинителство и судии да испитаат секаков криминал и да казнат крадците. Ако е некој аболициран, не значи дека не може да се води истрага за криминалите и да му се одземат нелегално стекнатите пари и имот. Заев ако бил аболициран тоа значи дека тој лично нема да биди казнет но од друга страна сиот нелегален имот ќе му биде одземен ако се докаже дека има таков. Пишуваш а појма немаш шо е аболиција.
За последни 10 години имаме силни индикаци кои се поткрепени сега и со докази дека се правел страотен терор и пљачка на Македонскиот народ. Стотици и стотици милиони евра. За се постојат документи уплатници записници... само до сега се криеа. Не беа достапни на народот. И сега била Америка виновна. А слушаме на снимките како меѓусобно договараат незаконитости и прават незаконитости. Ама не биле легално прибавени снимките. Зато не требале да важат. Е па не биле легални ни работите кои ги направија. И сега треба да се оди затвор, кој 10 кој 20 кој 40 години и да се врати украденото.
Е ај сега ќе прајме патриотизам и тераме народ со плашење со невистини на улици за да напраиме договор некако да престанат истрагите и судењата. А сите кои бараат во држава да има закон и се пиочитува устав - ќе ги прогласуваме за неприатели, то се ЕУ и Америка. Тие биле виновни шо на тендер наместиле кинеска компанија да им прави автопат и да оштетат држава со 150 милиони евра. Тие биле криви шо откриле местени тендери, перења пари, крадења на опрема, тие биле одговорни шо премијеро фрлил 700 милиони евра во центар на скопје за гипс стиропор и картони.
СЈО да си продолжи со работа до крај, да си се отворат и преслушаат сите снимки и да се удри најстрого по стопрители на криминал. За да се покаже што го чека секој кој ќе граба пари од народот и кој народни пари ќе арчи на сопствени луксузи и потреби наместо за општо добро.