Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Пензија ќе земат, па сигурно има некои шо имаат натепано 10 години стаж од неодење на работа.

Околу 1.600 вработени по Рамковен уште ќе нишаат врата за плата
Секретаријатот за спроведување на рамковниот формирал работна група која ќе ги пронајде институциите во кои не е спроведена правичната застапеност.

Рада И. Маневска ● 15:18 23 ноември 2017 ● Прочитано 287

Близу 1.600 административни службеници кои се вработени со Програмата за правична застапеност сè уште не се распределени на работни места иако со години земаат плата. Дел од овие луѓе подолг период реагираат што земаат плата, но не покажуваат резултати оти немаат работен простор ниту пак работни задачи кои треба да ги извршуваат. Се жалат дека не можат да напредуваат и да се усовршуваат. Проблемот се актуелизира и во рамки на повеќе расправи околку планот на владата и буџетот за идната година.

http://www.plusinfo.mk/vest/134868/...po-ramkoven-ushte-kje-nishaat-vrata-za-plata-
 
DPQP-6mXUAAGebu.jpg:large
Ja sea ke kazam deka Srbite se 20% i sakame i nie prava kako Albancite. :pos::pos:
 
Мене искрено ужасно ме нервира релативизирањето, као демек „па што има врска што праи есдеес, битно не се веќе криминалците на власт“. По се изгледа го испушивме курот со двојазичноста, колку и да се подбивавме и собиравме лајкови со цитирање на одредени мисири на форумов.
Merdita.
 
До кога ќе слушаме како шумат шумите?
https://www.mkd.mk/kolumni/do-koga-kje-slushame-kako-shumat-shumite

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.
 
Утре во „Слободен Печат“

Скандалозно:„Макфакс“ ги открива размерите на владината пи-ар машинерија - 120 новинари секој ден пиарчат за Владата!

23905548_506751589694999_7913034491358865905_n.jpg

hehehhehee vmro mediumski presing pravea hehehehehehehehe
#slobodnimediumi #zivot
 
Сега да бидеме реални не се исти ко претходните, овие дозволуваат критики, барем сега за сега
Нема слободни медиуми кога еден министер повикува да не се манипулира со информации, наместо да објасни и демантира, доколку навистина постои дезинформирање. Чекај само да го развијат чудовиштето, рано е уште.
 
Разликувајте владина пропаганда и слободни медиуми.
Владината пропагандна машинерија од приватните медиуми се префрли директно во министерството за вистина на Роберт. Порано се трошеа буџетски средства за купување на лојалност на куртон медиумите за сега истите средства да се пренасочат кај Роберт. Владата прикажува дека ги заштедува парите кои се користеле за медиумска корупција ама суштински нема никаква заштеда бидејќи тие средства одат за плати на 120те пулени на Роберт Поповски.
Од друга страна слободата на медиумите дефинитивно се создаде и порасна на високо ниво. Па така сега во голем дел критичари на киксовите на власта се и медиумите од кои очекувавме да будат новите вечер, сител и канал 5 (слободен печат, телма и 24 вести).
Сума сумарум владината пропаганда ојача паралелно со слободата на медиумите.
 
hehehhehee vmro mediumski presing pravea hehehehehehehehe
#slobodnimediumi #zivot
Јас не ги кривам толку сдс за ова со новинарите затоа што кај нас новинарите се тешки курви што само парите им се битни. Али ипак не е ни од далеку ситуацијата ко што зборуваа дека ќе е околу медиумите, а медиумите па не гледам многу нешто да се бунат кога им одговара екстра кеш за две-три пофалби. За вмро крекаа затоа што беа приморани да го пишат тоа што ќе им го наредат и демек бараа слобода, не можеа да се изразуваат и да критикуваат (што и беше точно), а сега ете кога им се дозволи тоа они пак си одбираат да бидат про-владини. Чест на исклучоците ама премалку се во државава медиуми и воопшто новинари кои што се спремни да држат неутралност и да бидат „вечна опозиција“.
 
Те молам наведи ми кои релевантни медиуми се корумпираа и крекаат во име на власта. Нека биде со примери.
Притоа под релевантни медиуми се подразбираат национални телевизии и печатени весници/неделници, а не пејџови налик народен глас и ним сличните.
 
Разликувајте владина пропаганда и слободни медиуми.
Владината пропагандна машинерија од приватните медиуми се префрли директно во министерството за вистина на Роберт. Порано се трошеа буџетски средства за купување на лојалност на куртон медиумите за сега истите средства да се пренасочат кај Роберт. Владата прикажува дека ги заштедува парите кои се користеле за медиумска корупција ама суштински нема никаква заштеда бидејќи тие средства одат за плати на 120те пулени на Роберт Поповски.
Од друга страна слободата на медиумите дефинитивно се создаде и порасна на високо ниво. Па така сега во голем дел критичари на киксовите на власта се и медиумите од кои очекувавме да будат новите вечер, сител и канал 5 (слободен печат, телма и 24 вести).
Сума сумарум владината пропаганда ојача паралелно со слободата на медиумите.

Разликата ја наведе ама целта е иста, што е трагично, жално и мачно.
 
Баш вчера кумот се жалеше дека периодов има многу инспекции и многу е стегнато за разлика од порано. Увезува санитарија од Кина. Можда ете така него му се погодило, па се жали.

Да и други го велат истото дека дури и во времето на Грујо било одреден степен полабаво за терање на бизниси и сл. овие јадеа говна за демократија, слобода, живот со години наназад додека беа во опозиција но еве на власт се половина година и ништо не е олабавено туку или е исто или е и бетер од претходно што беше со Грујо, Гоца, Мијалков и остали !
Колку да се потсетиме професорот и главен аналитичар и стратег на СДСМ Фрчкоски викаше лани пред изборите дека Македонија имала премногу непотребни казни и регулативи кои во добар дел требало да се намалат односно укинат, потоа викаше дека Македонците плаќаат највисоки казни во Европа (што е и точно во зависност од стандардот) и рече дека казнената политика ќе мора да се олабави т.е. казните значително да се намалат ... но нешто работиве одат во обратен правец новата власт не само што нема интерес од намалување на даноците, комуналиите, сметките и казните туку напротив сака и да ги зголеми со цел поефикасно полнење на мега-буџетот кој е повисок дури и од буџетите кои министерот Ставро ги креираше во минатото !
Ако си мислат дека граѓаните толку брзо заборавија на нивните предизборни ветувања за поголема слобода, демократија, повисок економски стандард и подобар живот за сите гадно се заебале !
 
Те молам наведи ми кои релевантни медиуми се корумпираа и крекаат во име на власта. Нека биде со примери.
Притоа под релевантни медиуми се подразбираат национални телевизии и печатени весници/неделници, а не пејџови налик народен глас и ним сличните.
Печатени весници не можам воопшто да ти кажам, нити ги пратам нити кај мене некој ги купува па онака да ѕирнам. Медиуми ко курир, република и сл. не гледам да има и подобро да нема до тој степен ама сите ја знаеме определбата на борјан и сличните што до вчера бараа неутралноста да им се дозволи, ама денес не ја користат туку одбираат да бидат владини гласници иако не е тоа толку изразено како во времето на грујо. Земи го и тоа што Цацко кој што до вчера се трескаше во гради дека отсекогаш бил владин критичар и во време на Бранко, Љубчо па и на Грујо отпочеток одбра да седи во владина фотеља наместо да ја ужива слободата за која се бореше. А можеше да пренесе многу моќна порака со тоа што јавно ќе каже дека му било понудено и одбива во знак на слободата на говорот и дека ќе продолжи да се залага за истата.
 
Мене искрено ужасно ме нервира релативизирањето, као демек „па што има врска што праи есдеес, битно не се веќе криминалците на власт“. По се изгледа го испушивме курот со двојазичноста, колку и да се подбивавме и собиравме лајкови со цитирање на одредени мисири на форумов.
Merdita.
Јас уште се двоумам за уставноста на самиот закон. Како правник ,тоа прво ме интересира. Конкретно, во 5. Амандман на Уставот на РМ, во точката 1 пишува вака: „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.“ Во точката 2 пишува дека со овој амандман се заменува член 7 од Уставот на РМ. Извор: https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/UstavnaRmizmeni.pdf (27 страна). Баш ме интересира мислењето на Венецијанската комисија во врска со предлог-законот на СДСМ.

А ако збориме воопшто за потребата, мислам дека има МНОГУ други работи кои се приоритетни отколку за тоа да се замараме и да збориме. Идат загадувањата, МОРА да се збори и да се РАБОТИ за да се намали загадувањата. Но, не знам дали мерката поскап паркинг во Скопје е соодветна за тоа или некој сака да лапне парички повеќе (пошто не беа на власт толку години, сеа се гладни изгледа...).
На страна аргументот (еден од ретките пати да се сложам за нешто со ДПМНЕ) е што се дискриминираат другите заедници во Македонија.
 
Не е само Скопје проблематично со загадувањата, кога веќе се спомнаа. Среќа што во голем дел од населените средини нема мерни станици инаку ќе излезе дека сме споредливи со кинезите. Треба систематски промени и на политиката и на свеста на народот околу загадувањето. Казнената политика не помага за вакви работи ич туку треба решенија да се нудат. Пример давам, наместо да го казнуваш некого што палел пластики да го поттикнеш истите да ги собира и да ги продаде за рециклажа.
 
Јас уште се двоумам за уставноста на самиот закон.
Он е противуставен и се надевам дека ќе падне на суд или пак Хорхе ќе го реши „проблемот“, зошто може. Прашање е што би било за годинаипол, кога најверојатно есдеес ќе добие и Претседател, па нема да имаат кочница?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom