Еј, цело време се чудевме на Босна (ја сожалувавме) што има кантони и е нефункционална, ние сега, 15 години по војната, и без никакво барање од некој од страна, сами ќе си воведуваме кантони?!
И да одговорам пак неповикан (и така сите го прават тоа, ова е дискусија):
Таму каде што пред 2001 беше запишано дека ќе имаме рамковен договор.
Имате, ама не е запишано, а се бара запишано, и ти бараш погоре, и судот бара. Исто така, никаде не е запишано дека снимките се „за криминалите на власта“, туку се снимки (нелегално прибавени) од телефонски разговори. А јас останувам на тврдењето дека се монтирани (сечени, можеби не лепени, а дефинитивно редени по редослед кој му одговара на некого за да се претстави лажна слика за нешто што го нема), барем тие снимки што беа објавени на интернет.