Комшија-добар ден комшија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Почит кон комшијата и на овој ден
Комшиите не ги бираме ни на овој свет ни на оној.
Добар ден комшија...е колку долго не сме го чуле тоа.
Можеби таму...таму доле или горе, ќе го чуеме.
До таа кобна 63 г. какви ли не само добри комшии имавме, па зневме кај го чуваме шеќерот и солта и голема игла за нижење или четката за оџаци,и они за во нашата куќа и ние за во нивната куќа,поточно и си влегувавме таму ние или они ваму кога ќе ни или им притреба нешто, се разбира секогаш со
добар ден комшија...
А денес...денес знаеме сите каква е состојбата.
Па и повеќето и не се познаваме,дури ни оние врата до врата.
Се расеавме по сите краишта во својот роден град, ги запустивме старите маала и маалски чешми,се затворивме во овие модерни конзерви со ролетни.
А порано...е порано,тргаш на одмор и му даваш клуч од станот-куќата на комшијата,без нешто да криеш и заклучуваш,онака да ѕирка повремено и да ги навади цвеќињата или да фрли нешто на голубите и кучето.
Сега не смееш ни на своја крв, за да не останеш на улица потоа.
Има ли, постој ли денес таков комшија на кој можеш да му дадеш клуч.
Денес е таков ден ЗА ДУША...па си бевме кај својте. Кај вечниот дом.
Долги години-децении за еден таков вечен дом никој не се грижи,нема кој да го зачисти или свеќа да му запали , а ни е прв КОМШИЈА таму, таму...до нас.
Треба почит кон комшијата и на овој ден.
Па нели тоа и сега го правиме кога си раздаваме,на присутните комшии.
За душа.
Јас малу го изметов прво па му запалив и свеќа. За душа на комшијата.
Не ни бил комшија таму во маало туку само овде кај што се вечно и мојте.
Комшијата загинал 1966г кај стариот аеродром,бил пилот.Одамна беше и одржувано местово со цвеќиња,изгледа дека имаше некоја блиска роднина во Америка(сестра) па праќаше некој и да го посетува-средува.
Местово е веднаш над споменикот и гробиштата од таа 63г.
Имате ли вие добри комшии овде на овој свет,или онаму на оној.
Picture 2923.jpg Picture 2921.jpg Picture 2920.jpg Picture 2922.jpg
 
Мене ќе ме кремираат кога ќе умрам.
 
Мојот Полиција вика ако му паркирам пред куќа дури да одам да се преслечам па да заминам па види сеа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom