Македонски серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Слаба серијава Куќен Притвор. Преспав беше нешто подобро од ова.
 
Интересна е баш куќен притвор , преспав никад нема да гледам заради Тијана и Зафирчев па макар играл во него Никола Ристановски. Баш ми е ок интересен хумор Сашко,Денис и Горан искинаа само што може преку една да гледаш епизода зш пола од следната е претходната.
 
Јас вчера гледав една епизода и воопшто не ми се допадна. Многу исфорсиран и клише хумор. Интересна идеја за спин оф ама слаба реализација.
 
Ја гледам колку можам Куќен притвор но пак да пишам слаба е серијава. Го нема кај мене она после неколку епизоди да се навлечеш да сакаш со нетрпение секоја вечер да гледаш нова епизода.
 
Ја гледам колку можам Куќен притвор но пак да пишам слаба е серијава. Го нема кај мене она после неколку епизоди да се навлечеш да сакаш со нетрпение секоја вечер да гледаш нова епизода.
Не е фамилија Марковски :D
 
Не е фамилија Марковски :D
Добро да не е Марковски и не ни може да се споредуваат едно со друго.

Преспав гледав со задоволство а ова некако ајде бидејќи е спин оф на Преспав.
 
И тинејџерите имаат македонска серија
 
Уште една тинејџ серија, напишана и снимена од тинејџери.

Вчера во рамките на претпоследниот ден на фестивалот, беше промовиран ТВ-серијалот „Генерација Бушави“ во режија на Мартин Чичовски, на „Марви продакшн“, кој од ноември ќе се прикажува на платформата Gley.mk
 
Иако јас имам 32 години сепак ги погледнав епизодите на Тин Камп. Децата одлично се снаоѓаат во глумата, одлично продукциски сработено, добра песна во одјавната и најавната шпица.

Конечно нешто што децата тинејџери можат да го гледаат а да е добро сработено по некој терк за ова модерно време. Единствена замерка е што серијата ја нема на интернет. Денешните деца не гледаат или пак ретко гледаат телевизија. Интернетот е за нив телевизијата.
 
Последно уредено:
Уште една тинејџ серија, напишана и снимена од тинејџери.
Две епизоди додале од серијава на Gley.mk
 
Здраво
Дали некој ги има или знае каде може да се најде серијата,,Зоки Поки?
Благодарам
 
Здраво
Дали некој ги има или знае каде може да се најде серијата,,Зоки Поки?
Благодарам
На Gley.mk ја има. Ќе се претплатиш таму и ќе ја гледаш.
На друг веб сајт ја нема. Едно време ја емитуваа на телевизија МРТ 1 па потоа реприза на МРТ 5. Сега не знам дали се емитува репризно на МРТ.

Една сезона се сними и толку не доби подршка од институции.
 
Серијата беше топ, ја имаше на ,,јутјуб, но потоа ја продадоа во Шведска... и сега ја нема веќе на јутјуб
 
На Gley.mk ја има. Ќе се претплатиш таму и ќе ја гледаш.
На друг веб сајт ја нема. Едно време ја емитуваа на телевизија МРТ 1 па потоа реприза на МРТ 5. Сега не знам дали се емитува репризно на МРТ.

Една сезона се сними и толку не доби подршка од институции.
Каква поддршка, што ќе им е ако првата сезона била успешна? Нели и продавале во Шведска, веројатно направиле некој денар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom