Македонски серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека и претходно се дискутираше за оваа серија, денеска наидов на вест објавена на сомнителен и непознат портал за серијата ЦРВЕНИОТ ПОЕТ според оваа статија од минатиот месец серијата е некое време готова и спремна за емитување на МРТ но наводно заради содржината која е во спротивност со договорот со Бугарија под притосок од власта не се емитува. Не тврдам за веродостојноста на информацијата но апсолутно сум против ваков вид на цензура, па макар и да е лоша серијава и да не заснована на вистина. Што мислите вие?
 
Се снимаат или ќе се снимаат некој нови македонски серии ? Знам дека ќе се снима Зоки Поки серија но дали има нешто друго ново ?
 
Се снима првиот тинејџерски ситком кај нас. Во продукција на КМК а со деца од школата на Весна Петрушевска.
Според фотографиите не очекувам ништо од овој проект. Но да му дадеме шанса.
 
-Тинтири минтири снимија нова македонска серија ЛОТО И ЛАЈКА
Според трејлерот со сомнетилен квалитет.

-Дали ја гледавте првата епизода на ГЛАСНА КУЌА ?
Младите "актери" не се лоши. Има меѓу нив и солидни. Забелешка ставам дека премногу видливо е дека е снимано во студио.
 
Овие новиве детски и тинејџерски серии малку се безвезе содржински.
 
Од оваа сабота (09.11) во 19'20 часот почнува втора сезона на Фамилијата Марковски :vozbud:
 
Покрај толку добри филмчиња кои се снимени во последно време ниедна нова серија не успеа да ме импресионира.Освен можеби "На терапија" ама не успеав да ја изгледам до крајот поради лош термин.(нека каже некој каде можам да ја погледнам на нет)

Се останото според мене е вештачко,направено на сила,пробувајќи да се избутка некоја пропаганда.Еве гледам Преспав дека има голем интерест кај народот,можеби и вреди но од тоа што го имам досега изгледано(1 сезона и некоја епизода од 2) е една слаба двојка ако му даваме некоја оценка.Може да е и оти сум повеќе тип за филмови,не знам.
Еве гледам сега Фамилијата Марковски почнуваат со 2 сезона,серија која буквално можам да кажам дека сите очекуваа многу а испадна обично срање и покрај тоа што имаа мал милион работи за да направат нешто што ќе остави некој белег кај македонските серии а наместо тоа продукцијата направи невидена утка.
 
Леле Фамилија Марковски колку е cringe не ми се верува дури да сакаа повеќе да се избрукат неможеа. Па дали е можно сдсм со ваква евтина пропаганда да му го пере мозокот на народот. И јас сум ретард што не изгасив одма после првите 15 минути.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom