Преспав

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Ако следите Телма ќе видите дека ја најавуваат, затоа ваквиве изјави ви паѓаат во вода.
 
Ако следите Телма ќе видите дека ја најавуваат, затоа ваквиве изјави ви паѓаат во вода.
Ја најавуваат, ама не доволно. Можат да платат и реклами по интернет странициве. Колку повеќе ја промовираат толку ќе биде и погледана серијата.
 
Гостин во Утринската на Телма беше Зафирчев кој рече дека почнува кон крајот на октомври. Снимени биле 40-тина епизоди. Главни ликови се он (Васил), Игор, Игор, Јелена, Тијана и Владо, а останатите ќе бидат guest-stars (гости во одредени епизоди). Режисер е Игор Иванов - Изи, а гости-режисери на одредени епизоди ќе бидат и Елеонора Венинова (режисерка на краткометражните филмови Борба за смрт и Влакна), Даријан Пејовски (режисер на филмот Три дена во септември) и Вардан Тозија (режисер на филмот Џган). Сценарист е Елеонора Венинова и некој лик од ОХО продукцијата, а како сценаристи на дел од епизодите се јавуваат и Венко Андоновски и уште 2-3ца на мене непознати ликови.
 
... и некој лик од ОХО продукцијата...
Колку што знам ОХО продукција е продукцијата која се грижи за детската емисија Петко Пет Плус и која ја направи таа емисија една од најпопуларните и најгледаните кај нас, така да по ова се очекува и серијава да ја направат доста популарна. Едвај чекам да почнат со емитување:)
 
Tијана на фејсбук лајвот денес рече дека почнува 1ви ноември на Телма ТВ, секој работен ден од 21:00.
Исправка 21.30.

Ако може да и се верува. Претходно излажа од шеснајести октомбар дека ќе почнела. :D
 
Ете конечно датум овој пат веројатно официјално. :)

14721577_880243668778781_735207590563601189_n.png
 
Од сигурно пресигурно. Иначе Тијана го*на да јаде, пак излажа. :mad:
 
Ја најавуваат, ама не доволно. Можат да платат и реклами по интернет странициве. Колку повеќе ја промовираат толку ќе биде и погледана серијата.
Не, кој сака ќе ја гледа, не значи дека ако нешто е рекламирано по 100 пати на ден ќе е најгледано. Серијава може 1000 пати на ден да ја рекламираат и пак да не е гледана, а се ми се чини дека баш и нема да е гледана.
 
Еве ја целосната техничка екипа. Уште пред да прочитам, си мислев дека Наум е DoP, стварно е добар.
ТВ серијата „Преспав“ е во продукција на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија.
Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, а монтажата е Сашко Потер Мицевски, Шенол Мехмед и Сандра Георгиева. Музиката е на Мите Димовски, студио Тралала.
 
Ааааааа немојте со овие laugh track канцери заштооооооооооо


Особено што серијава у старт изгледа како да има филинг на други серии што се смешни без laugh track

За коментаров над мене се сложуам после една сцена се гледа дека има добра кинематографија серијава. Нешто што никад нема да сфатам како се работи, така да капа доле што еве има талентирани луѓе у државава.......али да....РИМУВ Д СМЕЕЊЕ!
 
Laugh track на скроз промашени места. Влегува Владо Јовановски со реплика „добар ден деца“ и во позадина laugh track. :unsure:

И изнасилено се трудат да внесат современо живеење со „модерни“ реплики: ко „пратив фотка на инстаграм“, „ќе си го избришам фејсбукот“.

Сѐ на сѐ од прва епизода впечатокот ми е - Fawlty Towers за сиромашни.
 
Посебно содржински и не е кој знае што али добро сработена е серијава. Најдобри се Горан Стојаноски и Владо Јовановски другите засега не се нешто посебно.
 
Незнам зошто упорно се снимаат комедии или т.н. ситкоми во земјава. Па комедијата е најтежок жанр бе, треба нешто специјално да поседуваш почнувајќи од актери до сценарио начин на снимање и све.
Имаше некои неуспешни обиди со една серија Цимери се викаше на Алфа, тотално неуспешен проект.

Дај снимете некоја драмска серија да ги замениме турскиве, па кога ќе се научите да правите добри серии тогаш се иде на комедија, а не обратно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom