Во Кичевско пронајдена пештера со десетици остатоци од луѓе

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
http://kurir.mk/makedonija/vesti/galerija-shto-e-pronajdeno-vo-peshterata-cherep-vo-kichevsko/

По анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде насоки за обезбедување на оперативна проверка за место положбата на пештерата позната под име „Череп“.

Познавачите велат дека можно е да станува збор за коски стари со децении, па и со векови.


Ајде сега некој од локалните форумџии да каже некоја приказна за оваа пештера и черепите....
 
Ништо страшно, овде го снимале филмот Каменковци (The Flintstones). Потврдено е од Брус Кохен на Твитер.
waxk2.jpg
 
Пред повеќе години, МТВ снимаше документарец на тие простори, пештери и сл... и дадоа пештера со десетици черепи. Ништо чудно да е тоа.. тоа. Чудно е што никој ништо не проверил со децении за што станува збор.
 
Ако се направи днк анализа ќе се докаже дека тоа се остатоци од претходниот систем поточно оние кои ги голтнала црната ноќ и никогаш не беа пронајдени .
 
Во Кичево скоро сите знаат за овие коски, и се многу стари. Имаше некои испитувања многу одамна, ама остана на тоа. Има муабети од старите луѓе од тој крај дека таму има повеќе вакви пештери со коски.

Кој знае од кога се, а мислам дека немаат врска со комунизмот. удба никогаш немала на тие простори никакви потреби од такви работи.

Иначе за информација-Бачишта е единственото село во Македонија, каде луѓето сега се пишуваат како албанци(порано се нарекуваа торбеши), но ниеден од нив незнае албански јазик. Има обиди на младите да им го наметнат јазикот, ама засега малку потешко оди бидејќи дома зборуваат македонски
 
Ако се направи днк анализа ќе се докаже дека тоа се остатоци од претходниот систем поточно оние кои ги голтнала црната ноќ и никогаш не беа пронајдени .
Удба немала потреба да ги крие вака лешовите. Сепак биле власт они.
 
..Иначе за информација-Бачишта е единственото село во Македонија, каде луѓето сега се пишуваат како албанци(порано се нарекуваа торбеши), но ниеден од нив незнае албански јазик. Има обиди на младите да им го наметнат јазикот, ама засега малку потешко оди бидејќи дома зборуваат македонски
Ако добро се сеќавам, Блаже Конески истакнуваше дека таму се зборува најчисто македонски литературен јазик (акцент, дикција..)
 
тие се од времето на Тито, таму завршувале тие што го оговарале маршалот
 
Некој велат дека се работи исто така за коските на исчезнатите Македонци од војната 2001 година.
 
Некој велат дека се работи исто така за коските на исчезнатите Македонци од војната 2001 година.

Како што знам во Тетовско беа сите киднапирани, така да шансите да во 2001 биле пренесени во Кичевско и потоа таму убиени се мали да не речам никакви. А и една од гробниците кои беа најдени беше во Требош каде што најдоа четири тела
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom