Ве информираме дека продажбата на билетите за концертот на светската соул дива Joss Stone ќе стартува во четврток, 15. септември точно напладне во 12 часот. Во продажба ќе има 900 влезници по цена од 1500 ден. во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на mktickets.mk.
Концертот на Joss Stone што во рамки на 35. Скопски џез фестивал ќе се одржи во Дансинг салата на МКЦ на 14. октомври на полноќ, е дел од големата „Total World“ турнеја на Stone која ги опфаќа сите земји на сите светски континенти. Скопскиот џез фестивал изразува благодарност до големата пејачка која прифати ексклузивен интимен концерт (со целосниот состав на својот бенд), во очекување дека оние среќници во салата во таков амбиент ќе доживеат волшебно искуство.
Истовремено ве информираме дека деталите околу продажбата на билетите за останатите концерти на годинашното издание на фестивалот ќе бидат дополнително објавени. Доцнењето е поради реновирањето на Салонот на Македонската опера и балет. Напоменуваме дека комплетот билети за фестивалот нема да го содржи билетот за концертот на Joss Stone.