Генерална дискусија ОИ Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата ColdSky
  • Време на започнување Време на започнување
http://kajgana.com/kako-kradcite-vo-rio-se-obiduvaat-da-gi-ograbat-turistite

Малку настрана од спортот на ОИ, видете како "оперираат" крадците низ Рио. Е ова ти се мунгоси. :icon_mrgr:
Абе не е за да појдиш таму од вакви. Додуша во сите поголеми градови низ светот има вакви али посебно во посиромашниве држави е упм :D И ништо не е ова. Потаму сигурно Адриано можи да биди виден со бандите како пукаат и убиваат мамицата нивна
 
Казакстанецов во дигање тегови(77 кила), цар, го украде златото од Кинезот со неверојатно неочекувано дигање за светски рекорд.. Браво! Заслужи да биде интервјуиран од Борат.
 
Жанг Џике поведе со 1-0 против Самсонов во второто полуфинале во пинг понг.Во првото полуфинале,очекувано победи Ма Лонг со 4-2 против Јапонецот Мизутани.
 
Ново злато за Хрватска овој пат во веслање. Германија со два златна, Полска и Нов Зеланд со еден златен во истата дисциплина.
 
Што е со онаа Лизи Армитстед или ватевр што ја има по медиуми, како може со 3 одбиени допинг контроли да си шета во Рио?
 
Добро е, не е лошо 2 злата сега за сега.
Можеше и малце подобро да биде да не потфрлеа Пејчиќ, Уде и Черногораз.
Шанса за медал имаат уште ватерполистите, ракометарите (лошо почнаа додуше), Чилиќ, Перковиќ, Бланка, Ана Шимиќ, Дамир Мартин и 2-3 екипи/поединци помеѓу едриличарите.
 
Жанг Џике поведе со 1-0 против Самсонов во второто полуфинале во пинг понг.Во првото полуфинале,очекувано победи Ма Лонг со 4-2 против Јапонецот Мизутани.
Самсонов од три сета што ги контролираше само еден зема.. лесно можеше и обратно да биде али тоа е, ќе гледаме пак кинеско финале. Вчера жените прејако финале играа.
 
Самсонов од три сета што ги контролираше само еден зема.. лесно можеше и обратно да биде али тоа е, ќе гледаме пак кинеско финале. Вчера жените прејако финале играа.
Третиот сет имаше 10-7,10-12 изгуби.Од тие 5 поени,Жанг четири освои со неверојатни удари т.е потези.Посебно тој за 10-10.
 
Добро е, не е лошо 2 злата сега за сега.
Можеше и малце подобро да биде да не потфрлеа Пејчиќ, Уде и Черногораз.
Шанса за медал имаат уште ватерполистите, ракометарите (лошо почнаа додуше), Чилиќ, Перковиќ, Бланка, Ана Шимиќ, Дамир Мартин и 2-3 екипи/поединци помеѓу едриличарите.
Сериозно бе, Перковиќ у шанси ја ставаш? :)
Абе злато има на непочнато уште, Господ не ја тепа, како Исинбаева у најдобри години е.
 
Сериозно бе, Перковиќ у шанси ја ставаш? :)
Абе злато има на непочнато уште, Господ не ја тепа, како Исинбаева у најдобри години е.
Не знам Чилиќ зошто го стави али ајде. :D
 
alejandra-valencia.jpg

утре идеме на медал :love:
4то место :place:

Јужна Кореја прво и трето, Германија второ.
 
Сериозно бе, Перковиќ у шанси ја ставаш? :)
Абе злато има на непочнато уште, Господ не ја тепа, како Исинбаева у најдобри години е.
Абе и Бланка беше така,па се разболе пред настап во 2008 мислам и толку од златото. Едвај настапи. Ако се појави и фрли просечно го има златото.
Не знам Чилиќ зошто го стави али ајде. :D
Од истите причини поради кои е Перковиќ во шанса е и Чилиќ.
Нема баш непобедиливи на патот, може некако да му се нагузи некоја бронза. :D
 
Абе и Бланка беше така,па се разболе пред настап во 2008 мислам и толку од златото. Едвај настапи. Ако се појави и фрли просечно го има златото.
Добро тоа е веќе друго, болест нешто ако се случи океј, ама што викаш, треба само да се појави и ете го златото.
Шимиќ малку потешко, нема ни 2 скокнато во кариерата ако не се лажам, макар што мизерија е скок во височина годинава, тешко дека ќе успее да се догура до медал.
4то место :place:

Јужна Кореја прво и трето, Германија второ.
Германкава беше единствена претставничка на Германија, била бронзена на последното Европско.
Не ги следев елиминациите, Русинкиве ме чудеше што ги нема (барем една од нив).
А изгледа никогаш не се случило некој да одбрани титула кај жениве поединечно (барем колку што го разбрав овој од ББЦ), победничката од Лондон беше Корејката трето што заврши.

Инаку ако случајно имате проблем со ББЦ, да знаете до Hola e, инсталирајте beebs, си тера со него без проблем.
 
Добро тоа е веќе друго, болест нешто ако се случи океј, ама што викаш, треба само да се појави и ете го златото.
Шимиќ малку потешко, нема ни 2 скокнато во кариерата ако не се лажам, макар што мизерија е скок во височина годинава, тешко дека ќе успее да се догура до медал.

.
Јест да е тоа ради што е мизерија скокањево овие година две,али е сепак во топ 10,а ги нема русинките :vozbud:
Чилиќ испадна ете 2 помалку за медал.

Денес освен тоа многу добар ден испадна. Злато во веслање, кошаркарите го победија домаќинот, отидоа даље и ја избегнаа Америка. Ракометарите се разбудија и ја ебаа Данска скоро па рутински.
Нот бед, нот бед.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom