Што мислат религиозни луѓе за еволуција?

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување
интересно ми е со верски фанатици да прам муабет и посматрам колку ниско може да падне човечкиот интелект, ти сега стигна на дното и почна да копаш надолу.
И кажи сега тој невидлив креатор, шо креира и крлежи и слонови и пицајзли и луѓе и кондори и вошки..... него кој го креирал? или тој е самоук креатор. Дај да видиме таа болна фантазија до кои граници се протега

И мене ми е смешно да се смеам на наивни луѓе што мислат дека знаат нешто .
Повторно ќе ти кажам доколку се трудиш креаторот на овој свет да го сведеш на нешто што го набљудуваме секојдневно и да се прашуваш кој го креирал креаторот или креаторот на креаторот па да правиш апсурд на регресивна бесконечност , тогаш не си на тоа ниво да расудуваш за вакви работи.
Единствениот принцип врз кои ние луѓето расудуваме е логиката. Логиката е ограничена.
Исто како што било која компјутерска програма неможе да прави ништо повеке од што може една Тјурингова машина , а Тјуринговата машина е ограничена , така нашиот принцип на заклучување е ограничен и неможе да даде одговор на сите прашања, толку просто е .[
 
Се разбира дека се вика абиогенеза , но ако има нешто најбитно врз што се потпира целата еволуција тоа би било абиогенезата.Незнам како можете толку шуто да размислувате .
Јас не избегнав ниту едно прашање . Ти дадов логички рационален одговор.Вие неможевте да одговорите на едно просто прашање . Кај се транзитивните врсти помеѓу предокот на човекот и самиот човек ? Нема таква работа . Да не се лажеме , верувате во глупости затоа бегате од основни прашања.
Зошто упорно дискутираш за нешто кое немаш знаење? Не е точно дека еволуцијата се потпирала на абиогенезата! Веќе ти нагласив, еволуцијата е адаптирачка особина, и е факт, реалност. Пак го избегна прашањето - Дали пред 3000 години постоеле пекинезери, пудлици, пинчови, чивави?
 
Јас сум некако бос за некои работи во биологијата....ме интересира кои докази(во лабораторија) ги имаме за еволуцијата...тоа со фосилите да баталиме. Со бактерии да речеме и сл. каде од мајка до ќерка е многу мал период. Поткрепено со ДНК испитувања и сл.
Има, а со тоа се занимава експерименталната еволуциска биологија.
Денес може прецизно да се утврдат различните мутации кои доведуваат до адаптација на организмите во лабораториски услови, а исто така може да се изврши насочена еволуција. Секако, овие експерименти најчесто се вршат на микроорганизми, бидејќи за покомплексните форми на живот, потребни се многу генерации за да се забележат видливи промени, иако има експерименти кои покажуваат еволуција на лисици, глувци, рипки и мушички. (1)(2)(3)
Логиката вика ако има еволуција тогаш има еден прапредок.....легитимно прашање е кој е тој и како е настанат, нели?
За прапрапредокот, иако не можеме да се вратиме физички назад во времето, можеме да симулираме таква околина како таа што постоела на Земјата во праисториско време, а најдобар пример за тоа е експериментот на Милер и многу други слични на тој.
Во сад се внесуваат амонијак, вода, водород и метан, со што се пушта струја на одреден напон. Садот со цевки е поврзан со друг сад во којшто врие вода која поминува низ садот со овие соединенија и молекули, а потоа настанува кондензација на растворот којшто се враќа во садот кајшто водата врие.
Со тоа, после одреден период, евидентирано е создавање на аминокиселини кои се важни за животот таков каков што го знаеме.
Најверојатно, нашиот прапредок бил примордијална форма од органски молекули кои започнале како биокибернетски систем којшто вршел метаболични процеси и едноставна форма на реплицикација.
 
Последно уредено од модератор:
Зошто упорно дискутираш за нешто кое немаш знаење? Не е точно дека еволуцијата се потпирала на абиогенезата! Веќе ти нагласив, еволуцијата е адаптирачка особина, и е факт, реалност. Пак го избегна прашањето - Дали пред 3000 години постоеле пекинезери, пудлици, пинчови, чивави?
Некој прашања се толку глупи што не заслужуваат одговор. Тоа што постојат различни раси во една врста не е ама баш никаков доказ за еволуцијата.
Кучињата раѓаат кучиња , Луѓето луѓе, дали сум јас 160 висок или 2м сепак сум човек .
 
Има, а со тоа се занимава експерименталната еволуциска биологија.
Денес може прецизно да се утврдат различните мутации кои доведуваат до адаптација на организмите во лабораториски услови, а исто така може да се изврши насочена еволуција. Секако, овие експерименти најчесто се вршат на микроорганизми, бидејќи за покомплексните форми на живот, потребни се многу генерации за да се забележат видливи промени, иако има експерименти кои покажуваат еволуција на лисици, глувци, рипки и мушички. (1)(2)(3)
Aбе се вршат испитувања...кои се резултатите?
Ја вртат цело време онаа ешерихија коли, би требало во рок од 10,15 год. да се дојдеше до некои резултати...како и да е.

Еве интересен линк за тие што сакаат да пролистат нешто:
http://humansarefree.com/2013/12/9-scienctific-facts-prove-theory-of.html
 
Тјуринговата машина е ограничена , така нашиот принцип на заклучување е ограничен и неможе да даде одговор на сите прашања, толку просто е .[
Значи со твојот ограничен ум и размислување си дошол до заклучок дека се е дело на некој креатор?ам себе си се заебал
 
Aбе се вршат испитувања...кои се резултатите?
Ја вртат цело време онаа ешерихија коли, би требало во рок од 10,15 год. да се дојдеше до некои резултати...како и да е.

Еве интересен линк за тие што сакаат да пролистат нешто:
http://humansarefree.com/2013/12/9-scienctific-facts-prove-theory-of.html
Има резултати. Евидентирани се адаптивните промени на организмите, а со тоа и еволуцијата, прочитај ги студиите кои ти ги пратив во референците.
 
Значи со твојот ограничен ум и размислување си дошол до заклучок дека се е дело на некој креатор?ам себе си се заебал
Како и секогаш јас ти дава апстрактни , логички аргументи , ти вреѓаш. Ад Хоминем се вика тоа.
 
Како и секогаш јас ти дава апстрактни , логички аргументи , ти вреѓаш. Ад Хоминем се вика тоа.
Ти даваш аргументи?
демек цел свет е под масонско еврејска хипноза и од африка до европа од кина до америка во заблуда сите држави и народи ја прифатија и ја истражуваат и изучуваат еволуцијата ??!
А само ти знаеш дека сме плод на некој невидлив и непознат креатор.
То тие зато шо или си мрза и не ти се чита, или не можеш да сфатиш прочитано (толку ти дал креаторот шо би рекле старите)
 
Некој прашања се толку глупи што не заслужуваат одговор. Тоа што постојат различни раси во една врста не е ама баш никаков доказ за еволуцијата.
Кучињата раѓаат кучиња , Луѓето луѓе, дали сум јас 160 висок или 2м сепак сум човек .
Значи за тебе чивава од 500 грама и дога од 90 кила е исто со човек што е висок 160 см и човек што е висок 200 см?
 
Или си детето на Кен Хем или си братот на МИКИ
 
Мислам дека ниеден религиозен човек никогаш нема да завземе став неутрален да седне и искрено размисли дали има основа да ја разбере теоријата на еволуција преку природна селекција. Сите тие влегуваат во дискусија полни со верски жар да го докажат спротивното без ни трошка едукација околу таа тема.
Понекогаш мислам дека убедувајќи други тие само го засилуваат соптвеното верување, со други зборови не се доволно сигурни во сопственото верување.
 
Факт е дека еволуцијата сеуште не е докажана, сеуште недостига алка од низата. Затоа се вика „теорија на еволуција“. Се потврди дека мајмунката Луси е комбинација од коски на мајмуни и хуманоиди. Свесни ли сте дека се ископуваат коски од луѓе стари по стотици па и милиони години, алатки во рудници за јаглен, стапки од диносауруси и луѓе во истата кал? Мајкл Кримо има објавено доста на оваа тема.

За мене поверојатно е дека животот е донесен и посеан на оваа планета, а така пишува и во најстарите и светите книги.
 
84772-flintstones-dino-disappears-episode-screencap-4x4.jpg
Bad Dino, bad.
 
Факт е дека еволуцијата сеуште не е докажана, сеуште недостига алка од низата. Затоа се вика „теорија на еволуција“. Се потврди дека мајмунката Луси е комбинација од коски на мајмуни и хуманоиди. Свесни ли сте дека се ископуваат коски од луѓе стари по стотици па и милиони години, алатки во рудници за јаглен, стапки од диносауруси и луѓе во истата кал? Мајкл Кримо има објавено доста на оваа тема.

За мене поверојатно е дека животот е донесен и посеан на оваа планета, а така пишува и во најстарите и светите книги.
Еволуцијата итекако е докажана и е факт, во науката терминот ,,теорија" незначи дека нешто не е докажано. И гравитацијата е теорија! Зборот на кој си мислел најверојатно е хипотеза а не теорија.
Има безброј примери за еволуцијата, има видови што еволуирале во услови и периоди точно забележани или креирани од човекот, на темата еволуција наспроти креационизам сето тоа е многу пати образложено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom