Субвенции за греење на пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
@katinakatalina ако може линк до вест за меркава? :cautious:
 
Какви кредити, па веќе никој не ни дава кредити...а со што ке се враќааат...битно он упорно се фали со нови проекти а народов кипи од мака веќе...ма какви пелети, ми се повраќа од секој негов нов проект:facepalm:
 
Хммм...
Овој проект вели дека има три подгрупи (или како да ги наречам):
Првата вели дека за замена на печка (котел) на дрва во таква на пелети се субвенционира максимум до 30000 денари. Тоа не ми е интересно, бидејќи надградувам котел на дрва со горилник на пелети, така да, никако не ме фаќа субвенција, бидејќи сега го правам тоа, а не во 2017... Но, некому сигурно ќе му заврши работа.
Втората е намалување на ДДВ од 18% на 5% за печки (котли) на пелети и самите пелети пак од 2017.
ОК... ако трговците не ги задржат цените на исто ниво без оглед на намалувањето на ДДВ, може да се заштеди некој денар и тоа од сезоната 2017/18, зборам за во мојот случај, односно купување на пелети... и тука се надоврзува и третата подгрупа, односно ЈП Македонски шуми да произведува пелети по конкурентни цени... е ова може да ги намали цените на пелетите, па да има некаков посериозен ќар за оние кои се греат на пелети
 
Се е отидено у п.м. така и владава наша уште од одамна е отидена во тој правец .. слепци ни ја водат државава и ќе даваме субвенции за глупости . Цел свет купува онлајн без никакви царини само кај нас може на патики од 50 евра да те фати уште 25-30 евра царина и ддв ... место да направат да се доближиме до земјите од светот тие ќе субвенционирале грење на пелети мамицата мамина на сите . Арно вика еден пријател само тие 20 души што ги аболицира тој којотот да ги немат и можда ќе тргнит нешто во државава.
 
ова се одлични проекти со кои граѓаните се задолжуваат со нови милионски кредити КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТАТ И ВРАТАТ

И кога беа другиве на власт Македонија се задолжуваше за милионски кредити кои ги враќаа граѓаните а немаше никакви проекти, инвестиции, патишта итн.
Од овој проект барем ќе види некој финансиско олеснување, плус почиста средина лошо е кога парите од кредити ги зимаат за глупости како барок фасади, врби, огради од 1м, споменици
 
Рака на срце, ова е многу поиздржано, пологично поконкретно и покорисно од на пр. онаа мерката за враќање од град во село... а и многу поефтино.
 
Хммм...
Овој проект вели дека има три подгрупи (или како да ги наречам):
Првата вели дека за замена на печка (котел) на дрва во таква на пелети се субвенционира максимум до 30000 денари. Тоа не ми е интересно, бидејќи надградувам котел на дрва со горилник на пелети, така да, никако не ме фаќа субвенција, бидејќи сега го правам тоа, а не во 2017... Но, некому сигурно ќе му заврши работа.
Втората е намалување на ДДВ од 18% на 5% за печки (котли) на пелети и самите пелети пак од 2017.
ОК... ако трговците не ги задржат цените на исто ниво без оглед на намалувањето на ДДВ, може да се заштеди некој денар и тоа од сезоната 2017/18, зборам за во мојот случај, односно купување на пелети... и тука се надоврзува и третата подгрупа, односно ЈП Македонски шуми да произведува пелети по конкурентни цени... е ова може да ги намали цените на пелетите, па да има некаков посериозен ќар за оние кои се греат на пелети
Ма не се занесувај,ова е премногу лигаво,цмиздри се ќе вети само за уште еден мандат.Само тој е патриот,мисли за Македонија,мисли за нашите дебели деца кој јадат брза храна,демек.Се избуричка за овие десет години,сегде ги пикна прстите,тешко ќе биде некој да ја управи ситуацијата после него уште многу време.Доколку нема интервенција од надвор од меѓународната заедница ние ќе испоцркаме за леб,а тој јаде чоколади.
 
ниеден прoект немa дa биде успешен се е лaгa, сaмo дa се утaшкaaт рaбoтите е и ништo другo. Пaтем тие негoвие сендвичoмaни верувaaт вo oвa и сегa oпaa ете влaдтa дaвa имaaт прoекти, и.т.н. Ќе јa брaниме Мaкедoнијaaa...
 
Имате пола саат фора да се испукате, после тоа банирам за дневна политка. :kafence:

/Админ
 
Ма не се занесувај,ова е премногу лигаво,цмиздри се ќе вети само за уште еден мандат.Само тој е патриот,мисли за Македонија,мисли за нашите дебели деца кој јадат брза храна,демек.Се избуричка за овие десет години,сегде ги пикна прстите,тешко ќе биде некој да ја управи ситуацијата после него уште многу време.Доколку нема интервенција од надвор од меѓународната заедница ние ќе испоцркаме за леб,а тој јаде чоколади.
Не се занесувам, се грижам за џебот.
Политичките глупости не ме интересираат, туку кој и да е власт ова би требало да го спроведе.
 
Не се занесувам, се грижам за џебот.
Политичките глупости не ме интересираат, туку кој и да е власт ова би требало да го спроведе.
Треба да се грижиш,бидејќи овие едно ќе ти дадат две ќе ти земат.Сите проекти им се такви.
 
Имате пола саат фора да се испукате, после тоа банирам за дневна политка. :kafence:

/Админ
После на ноќна политика ќе се пребациме :D

Па темава е лоша пропаганда сама по себе. Ветување празна слама, празни зборови. Која е оваа особа што ветува? Не е предизборна кампања, ниту пак тој како првоосомничен е во позиција да ветува брда и долини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom