Икони со македонско потекло и обележја

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
neop3.jpg
23959-0.jpg


Охрид -
Македонија втора половина на 14 век

26889_66852.jpg


bin_img.asp


1.jpg
 

Свјатые Христофор и Георгиј. Керамическаја икона. V–VII вв. Македонија
Св.Христофер и Ѓорги.Керамичка икона од V–VII век.Македонија

22 маj (9 маj по ст..) Православната Црква го празнува овој ден во спомен на светиот маченик воин Христофор, кој пострадал за христијанската вера .
Во искуството на Византија суштествувале неколку варијанти за приказ на маченикот. Најчесто се среќава образ на младич, облечен во патрицијанска облека (како во фреските на Дечан и црквата св.Климент во Охрид) или во воена облека. Кај Русите св. Христофор како млад воин е зачувано во арката на црквата св. Георги во Стар Ладог од XII в.
Но најнеобична и интересна иконографија на св.Христофор, прикажан во зооморфен облик, со глава на куче . Најстар таков образ е прерставен на керамичата икона VI–VII век од Македонија. Каде Св. Христофор заедно со св.Георги го убиваат змејот.
 
Луѓе вака мислам дека малку и претеруваме кога се работи за сонцето. Значи несомнено е дека македонците уште од неолитетот го обожувале сонцето и ја имаат најголемата традиција на користење исти симболи. Меѓутоа не можеме да го бараме на секоја апликација на сонце, коренот во македонската рака или уметник. Тоа е малку безобразно. Точно е дека Македонците вршат огромни културни влијанија на целиов балкан и дека од тука произлегува коренот на неговото славење кај повеќе народи. Сепак немаме право кај и да видиме сонце да речеме дека е Македонско и дека Македонци го правеле. За Дечани не е чудно бидејчи таа архитектонска школа е под влијание на македонската и во прво време верувам дека и Македонци работеле и цртале, но сепак немам авторско право на секое сонце што ќе го видиме во светов. Тоа е малку нарцисоидно и детски.
 
Еве уште едно македонско обележје во религиозната уметност во Македонија. Во манастирот св. Јован Бигорски, во резбата на Петар Гарката... ако се загледате повнимнателно, ќе ја најдете и библиската сцена „Танцот на Салома“. Салома танцува со чинија со отсечената глава на св. Јован, а отстрана музичари и’ свират. Ако погледате подобро, ќе видите дека музичарите всушност свират на зурли и тапани... ете една наша, македонска интерпретација на оваа библиска сцена. Инаку, вакви примери во нашите цркви има многу (на пример архиерејските престоли во неколку цркви низ Македонија што се изработени до Гарката или неговите ученици секогаш носат скулптура на лав изработена од дрво).
 
Нема спор што манастирот е "Високи Дечани". Но не мислим што "сонцето од Кутлеш" е само македонски симбол и на никој друг (во сликите од Дечани краката на сонцето са 8, а не 16).

нема врска, осмокракото сонце се употребувало исто толку колку што и шеснаесет кракото о.0
Исти се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom