bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Законот за „свиркачи ”: Задолжителен за приватните компании!
март 31, 2016
„ Се согласувам дека тоа претставува дополнителна административна обврска за компаниите но убедена сум дека овој закон долгорочно гледано ќе има позитивни ефекти и за бизнис секторот. Сите компании кои што имаат повеќе од 10 вработени треба да имаат воспоставено систем за внатрешно и за надворешно пријавување, што ќе значи дека треба да имаат внатрешно воспоставена процедура која што ќе биде заснована на интерните акти и на процедурата на процесот на работење на самата компанија. За тоа треба да бидат информирани вработените. Овие одредби повеќе одат во насока на обезбедување на здрави компании, компании кои што ќе работат на основа на стандарди за усогласеност и на интегритет и кои што ќе бидат прифатени за меѓународната поставеност и работење,вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешенал”.
Компаниите со помалку од десет вработени ќе може да се организираат и заеднички да назначат лице кое ќе ги прима пријавите. Тасева посочува дека овој модел го применуваат компаниите во Германија.
Дел од бизнис заедницата реагираат дека не биле консултирани кога се носел законот. Од Сојузот на Стопански комори велат дека доглорчните ефекти не можат да се предвидат но ова законско решение за нив ќе значи ново административно оптоварување и дополнителни трошоци.
„ Претставува дополнителна административна обврска за компаниите, и во овој месец кога започнува неговата имплементација, не сме сигурни какви ќе бидат долгорочните ефекти врз бизнис секторот во Македонија. Овој закон уште еднаш го потврдува значењето и важноста на вклучувањето на релевантни претставници на бизнис секторот во процесот на подготовка на новите законски регулативи од кои директно се засегнати компаниите. На овој начин ќе се елиминира и дополнителната потреба за спроведување на дополнителни проекти за ревидирање на постојната регулатива како што се Регулаторна гилотина и слично”, изјави извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.
Од Сојузот на стопански комори велат дека засега немаат подготвено предлози бидејќи не ги процениле долгорочните ефекти и не биле вклучени во изработката на законот.
Според Тасева овој закон е согласно европските регулативи за што има потврда и од Веницијанската комисија.
„ Законот беше ставен во против тежа со Законот за заштита на приватноста.Беше изготвен за многу кратко време да не речам за 24 часа и воопшто немаше време за јавна расправа.Но сепак имаме многу добар закон и оценките на Веницајанската комисија се такви. Она што го добивме како укажување од Веницијанската комисија е дека треба да се воспостави институција која што ќе се грижи за правилна примена на законот и дека треба да се обезбеди соодветна обука како на јавниот така и на приватниот сектор за правилна примена на занкот. Овие правила се веќе неизбежни и мора да бидат соствен дел на секој договор кој што компанијата го склучува со комапнија надвор од Македонија кај што мора точно да се знае доколку во врска со тој договор или со неговото исполнување се забележани незаконитости, неправилности и нерегуларности, мора да се има јасна информација каде треба тоа и каде може заштитетно да се пријави”, вели Тасева.
Како се заштитени укажувачите?
Законот предвиденува прецизна заштита на личните податоци и идентитетот на укажувачите, доверливоста на информацијата. Точно е прецизирано како треба да постапи лицето кое ја прима пријавата од укажувачот, кои се правата на укажувачот доколку информацијата што ја кажал предизвика последици по неговиот работен однос.Лицето што ќе го назначат компаниите за примање на пријавите треба да се грижи за доверливоста на целата постапка, за заштита на идентитеот на пријавувачот и за целосна проверка на тоа што било пријавено, и соодвтено да истражи дали информацијата од укажувачот е точна. Пријавувањето може да биде внтрешно, надворешно и јавно. Поточно ако укажувачот нема доверба во лицето што ги прима пријавите може да информацијата да ја пријави во Антикорупцикста комисија, Народниот правобранител, Јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, но ако нема и во нив доверба информацијата може да ја даде на медиумите. Во рок од 15 дена укажувачот треба да добие повратна информација за тоа што го пријавил, како е направена анлизата и заклучокот.
“Пријавувачот не мора да биде сто проценти уверен, тој може да верува, може така да му изгледа нешто незаконско, затоа велиме станува збор за пријавување по добра волја и за јавен интерес и затоа се работи за доверливост.Никој друг во компанијата освен лицето што ја примило пријавата и лицето што ја поднело пријавата не треба да знае за таквото пријавување, тоа мора да остане апсолутно тајно и доверливо.
Ниту иднетитетот на пријавувачот треба да се открие, ниту пак содржината што ја има пријавено.И сето тоа треба да се провери точно за да се утврди дали има некаква основа и што потоа. Но, ако настанат последици по работниот однос на укажувачот, да добие отказ или промена на работното место, судските постапки по тој основ се итни, се водат по итна постапка и обврската за докажување паѓа на другата страна. Значи ако лицето тврди дека последицата настанала поради ова пријавување, дека тоа не е така треба да докаже другата страна, вели Тасева.
Законот за заштита на укажувачите произлезе од политичкиот договор во Пржно. Во законот не е предвиден рок за иплментација, но затоа се предвидени глоби. Па така доколку приватните компании и државните институции не го применат законот предвидени се глоби од 2.000 до 6.000 евра за правното и одговорното лице, а казни се предивдени и за откривање на идентитетот на укажувачот.
http://faktor.mk/2016/03/31/zakonot-za-svirkachi-zadolzhitelen-za-privatnite-kompanii/
Ова како во Советскиот сојуз има да биде комшијата ќе пишува извештаи за тебе кога јадеш, кога сереш, кого ебеш, ич кур да не те боли
.
март 31, 2016
- inShare