Прашуваш најверојатно за сметки од Топлификација. Уште пред 20-тина години кај себе имаа печати и демек, тужеле. Би сакал некој правник да објасни, ама, колку што знам, сметка застарува за 10 год после правосилна пресуда, а не после тужба. Проблемот е што тие сметки Суд не виделе, па нема пресуда. Од Топлификација се правдаат дека Судот е виновен, не сум убеден дека е така, бидејќи и понатаму сите документи се кај нив, а не во Судот. Да сум на твое место, јас би влегол во борба. Не им потпишувај ништо на битангите, чекај да добиеш покана од нотар. Таму ќе потпишеш, ама ќе бараш да ги видиш оригиналите за задолжување и датумите кога се утужени. Ова не е само за да провериш дали се тужени за 1 година, туку и да провериш дали се во Судот заведени. Не сум сигурен дали би го добил спорот (има адвокати кои се рекламираат за вакви спорови и велат дека имале успех), ама, после неповолна пресуда, најверојатно би можел да се жалиш заради судење во (не)разумен рок.
Ако се одлучиш вака, ти посакувам среќа и, споделувај ги искуствата тука