bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 12.057
- Поени од реакции
- 7.238
Сакам да слушнам совет околу поставувањето аспиратор во кујна. Кујната, трпезаријата и дневната е една просторија без никакви ѕидови измеѓу, отворен план. Е сега кај што треба да биде кујната, има голем прозорец, скоро 1кв. метар. Кујната ќе биде мала, затоа е битно секој цм простор да се искористи. Дали е задолжително да планирам аспиратор, со оглед на тоа што има голем прозорец, кој ќе биде точно над ринглите за готвење? Маливе, ефтини аспиратори ем се бучни, ем не се доволни силни, не вршат работа за тие 2-3000 ден. А за нешто стварно добро, јако, не ми изгледа добра инвестиција од 12000+ да фрлам на некој квалитетен аспиратор. Плус во ѕидот нема никаква дупка, никогаш немало аспиратор, значи и тоа треба да се земе предвид, ако се мести, треба на ново дупчење, работа итн...

