Позитивни работи низ историјата на современата македонска држава

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Возраст
30
Локација
Скопје
Сите кои живееме во државава секојдневно сме изложени на муабети од тоа зошто државата треба да се сака, од една страна, и зошто државата е ужас и треба да се бега подалеку од неа, од друга страна. Обично овие две страни се во судир една со друга како доброто и злото, светлината и темнината, Америка и Русија, плавиот меч од стар ворс и црвениот меч од стар ворс и тн. Мене, како што ми налага идната професија, застапувам апсолутно неутрален став по полемикава, па така ме замисли една работа.

За да имаш љубов и приврзаност кон нешто, треба да имаш една од две работи. Некаква корист, некаков бенефит, што тоа што го љубиш ти овозможува нешто кое не може ниедно друго да ти овозможи (ова е на граница со „љубов“ од материјална корист). Таа е првата работа. Втората работа е она кое што го љубиш да поседува нешто уникатно, нешто на што можеш да се угледаш и да кажеш дека си горд на истото. Поради некакво искуство си се стекнал со приврзаност. Би сакал да се задржиме на вториот дел. Мене не ми е јасно како може по дефолт да сакаш нешто само пошто си роден во тие граници (без разлика за која држава се работи), сметам дека тоа не е можно и таквото размислување е лажно и вештачко, што значи дека за љубовта колку-толку треба да имаш некаква причина. Воедно оние кои велат дека државата треба да се сака обично се повикуваат на гордост на нас Македонците како народ, истакнувајќи дека поседуваме нешто посебно, па би сакал да ги анализираме причините за она што не приврзува кон Македонија.

Би сакал да ги слушнам вашите размислувања. Тргнувајќи од 1991 година и прогласувањето за независност се до ден-денешен, кога имаме вистинска држава во права смисла на зборот, и кога како народ можеме самостојно да си ја кроиме иднината, а со тоа и самиот живот. Што е она позитивно кое ни се случило, за да можеме да кажеме дека имаме нешто што некој друг го нема, и за тоа дека треба да си ја сакаме државата. Да опфатиме повеќе сфери, примарно од културата, но може и од други области. Дали тоа можеби е некоја личност? Да речеме „е, тој беше Македонец и на него сме горди“. Некаков настан? Да викаме „нашите вака направија, браво наши“. Па дури може да биде и поапстрактно, од типот на тоа каков народ сме и зошто ни е убаво тука? Може дури и да е нешто пофиксно, нешто што ни го овозможува природата, географската положба и слично. Значи во главно ставаме акцент на колку што може поуникатните моменти кои сме ги доживеале, моменти кои за момент не замислиле да си кажеме „абе, ипак убаво е тука, ако за ништо друго барем за ова ми е мило што тука сум се нашол“, и кои за момент ни овозможиле да сме среќни што сме си тука.

Знам дека ќе има бајаги сеирџиски коментари, отсега можам да погодам што ќе има највише лајкови, али откако ќе го поминеме стандардниот сеир, се надевам ќе се опфатат посериозни работи и ќе има некаква дискусија. Ве повикувам да се сетите на моментите кога сте биле среќни и радосни од една или друга причина, поврзана со животот во нашата Македонија.

Повелете :)
 
Па за мене вака од прва без размислување би рекол Тоше Проески. Човекот беше појава и тоа што тој го направи во својот краток живот тешко дека некој од македонската музика би го повторил во догледно време. Не само од музички туку и од хуманитарен аспект и од аспект на некакво поврзување на различните народи на Балканот преку музиката. За други личности или настaни, сигурно има, да оставам нешто и за друг пат.
 
Отворањето на првите училишта на ослободената територија во 1943 година во Западна Македонија, во селата: Белчишта, Оздолени, Слатино, Издеглавје, Сливово, Подвис, Гари, Лазарополе, Осој и Дебар. Натаму, официјализирањето на македонскиот јазик на првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година. Унификацијата и усвојувањето на азбуката на 3 мај 1945, првиот правопис на 7 јули 1945 година. Граматиката на Круме Кепески во 1946 година. Македонскиот правопис со правиписниот речник во 1950 година од Крум Тошев, Граматиката на македонскиот литературен јазик од Блаже Конески, I и II дел во 1952 и 1954 година. Ова се најзначајните моменти за мене, а би требало и за секој останат во државава.

Конкретно на темата -- од 1991 година, односно од независноста, па сè до денес како позначаен настан би го издвоил преведувањето на целиот опус на Вилијам Шекспир на македонски јазик, 37 драми и 154 сонети, од страна на професорот Драги Михајловски.
 
Многу не и верувам на историјата поради самиот факт што е пишувана од победникот и знаеме каква е Европа сега а како ќе биде опишувана за 100 - 150 години.
Значи од поновата историја, поточно од 91 година па наваму, најмногу што сум се гордеел од нашата држава на колективно ниво било успехот на кошаркарите на европското првенство во Литванија.
Исто, гордост ми било кога Кометал Ѓорче Петров станаа европски прваци во ракомет, мислам беше во 2002 година.
Од Медиуми и ТВ дефинитивно К-15 и Зевзекманија.
Се друго е средна штета.
 
Последно уредено:
Пред дождот.
Тоше Проески.

Ова се прилично успешни и позитивни работи.
Толку. Нема ни научно откритие, ни некој прототип. Ете толку вредиме.
Арно ама прочуени сме за корупција. Ете тоа не можат да ни го земат.
Искрено, ако некој може да наброи повеќе успешни работи тоа би било супер.
 
Погрешно размислување...
Ако сакаш некого затоа што добиваш/очекуваш нешто од него за возврат - тогаш тоа не е љубов туку трговија.
Некој се сака едноставно таков како што е - со сите маани и доблести, со сета сиромаштија и сето богатство, со сета ученост и сиот простотилак што го поседува.
Дали ја сакаш твојата мајка? Можеби е сиромашна, неписмена, без вкус и знаење облечена, домот можеби е несреден, можеби е неморална, крадец, убиец, немала што да ти пружи или не сакала, не се трудела, не знаела... но сепак ја сакаш? Можеби е академски образована, мила, убава, убаво дотерана, културна, ти пружила многу - и пак ја сакаш?
Замисли дека Македонија ти е мајка. Каква е - таква е, таа ти е мајка и кај и да отидеш, дури и кај друга мајка (маштеа/држава) никако не може таа да ти биде мајка. Децата може било каде да заминат за подобар живот но ако се добри синови и ќерки, својата мајка не би ја заборавиле. Уште помалку би плукнале во нејзиното лице.
Друга работа е дали има причини за кои би можеле да се гордееме со нашата мајка. Ако ги нема, или се малку, на нејзините деца останува да создадат такви причини со кои би се горделе и мајката со нив и тие со неа...
Па ајде сега, продолжете по стапките на оние со кои досега се гордеевме и - надминете ги!
 
bacilo-mji1.jpg
 
moevo e za vo negativni raboti, a da se ostvarese 45,ke go stavev sega na 1 mesto
ZA SOLUN DA - ZA SREM NE.
 
Последно уредено:
Дарко Панчев
Илија Најдоски
Пред Дождот
Кометал Ѓорче Петров
Тоше Проески
Кирил Џајковски
Кире Лазаров
Горан Пандев
Перо Антиќ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom