Superhero Movies

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Јако срање, само толку
Сега кога пројдоа неколку саати откако го изгледав, сфатив дека стварно ептен јак ми беше и сакам одма да го гледам пак :D

Многу добро освежување и буквално во ниеден момент не беше досаден, немаше ниту една сцена која би била некако беспотребна. Се си беше одлично скоцкано во саат и пеесет минути што е сепак прилично кратко за Марвел филм. Плус појавувањето на Стен Ли беше едно од најдобрите :aplauz:
 
Предупредување: Голем, досаден пост за суперхерои.

Генерално, според мене суперхеројски филмови, серии на почетокот биле наменети за деца. Погледнете го Адам Вест како Бетмен. Она што сега мене како возрасна ми изгледа смешно и глупо кога бев помала ми изгледаше многу јако.
Во доцните 70 до некаде раните 90ти почна полека полека гик културата за стрипови суперхерои да протекува колку толку во поп културата. Суперхеројските филмови во овој временски период се бројат на прсти, и како такви останале изгравирани во меморијата на својата публика. Кој ќе ги заборави сцените од Супермен? Кој би ги заборавил сцените од мрачниот Бетмен на Тим Бартон? Блејд, Crow?

Тука иде моментот кога Холивуд сфаќа дека ова се продава ко алва, и почнува да ја молзи кравата наречена суперхерои. Како последица на тоа постои Бетмен Форевер што на некој начин удира на кочниците на оваа продукција.
Со доаѓањето на првиот хит од Марвел, серијалот X-Мен, се враќаат суперхеројските филмови и никнат како печурки. Ситуацијата излегува вон контрола кога Дизни го купува Марвел и плука по 10 суперхеројски филмови во една година.
Можеби зборувам со фаворизам кон DC, но се гледа дека барем тие претпазливо ги бираат режисерите и продуцентите. Сите овде ќе се согласите дека Batman Dark Knight е еден од најдобрите филмови во минатата деценија. Но, пари се пари и ако нешто може да се научи од Марвел и Дизни тоа е како да се направат ефикасни пари. Затоа се прави Бетмен вс Супермен, Suicide Squad, Justice League филм во спремање.

За малку ќе заборавев. Нешто што најмногу ме чуди е што нема 10 години поминато од последниот Спајдермен и се прави римејк или рибут. Сега од кога заврши трилогијата со Ендру Гарфилд, спремале замислете НОВ римејк на Спајдермен. Зошто индустријава не третира ко морони и ни ја прераскажува истава приказна? Зошто едноставно не продолжат со истиот глумец. Па фала богу Спајдермен има милиони авантури, ние немаме ни 10 посто видено.
Ama darlink ako e taka i na Nolan Betmen e rimejk. Да, римејк но со потреба. Бетмен Форевер го направи Бетмен за потсмев, поготово со оние брадавици. Сите сакаа да биде извршена правда спрема ликот и да биде претставен достојно, што може да се рече за филмовите на Нолан.
Суперхеројските филмови се шират како Ебола, не оставаат простор за кој попрво да се радуваш.
Мое мислење е дека Холивуд најде огромен материјал во стриповите, веќе напишан за нив и подаден на тацна. Дали се забавни филмови? Да филмови да исклучиш мозок.
Суперхеројските филмови ги убија акционите филмови. СПОЈЛЕР Суперхеројот секогаш победува, го спасува светот, ја добива женската.
 
Последно уредено:
Дедпул е најдобрата комедија што се појавила последниве 5-6 години гарант.
Смеењето е цело време, макар шо рака на срце има некои финти постари од дедо Ное шо се употребени ама такви 2-3 во филмот, максимум.
А едно нешто што многу ме нервира последниов период, се after credits сцените, буквално Холивуд си најде начин како да гледаш кој се учествувал во филмов и на кој начин...
 
@Darling , 4 страни наназад куцав за новата ситуација со Спајдермен. Не знам колку си упатена, ама Сони и Дизни склопија договор за соработка, ќе имаат shared rights (in a way) врз него и ќе стане дел од МЦУ. И не, новиот рибутнат Спајдермен нема да има ориџин стори во новиот континуитет. Од Марвел беа експлицитни и јасни во изјавите во врска со ова, потенцирајќи дека Спајдермен до сега имаше две ориџин приказни во двете трилогии на Сони (втората до душа некомплетирана) и дека народот е доволно запознаен со тоа и нема никаква потреба од трето прераскажување на истите бабини деветини. Тука (во Civil War) Спајдермен ќе го претстават како средношколец кој што веќе Х време го има превземено Спајдермен алијасот и се бави со ''super-hero stuff'' низ Њу Јорк, а Тони Старк го има фатено на радар и ја прати неговата активност.


Ааа ''Super-hero movies killed the action-movies'' може да каже само некој шо го нема гледано Winter Soldier .. :toe:
 
Дедпул е најдобрата комедија што се појавила последниве 5-6 години гарант.
Смеењето е цело време, макар шо рака на срце има некои финти постари од дедо Ное шо се употребени ама такви 2-3 во филмот, максимум.
А едно нешто што многу ме нервира последниов период, се after credits сцените, буквално Холивуд си најде начин како да гледаш кој се учествувал во филмов и на кој начин...
За форите од времето на Дедо Ное, види кога е пишуван стрипот и се ќе ти стане јасно :)
 
Мене не ми сметаат спојлери за суперхеројски филмови. Разбирам ако некој не сака да знае апсолутно ништо па дури и не гледа трејлери. Мене ми е сеедно како ќе одлучите.

Во принцип спојлер според мене е нешто што ќе ми го расипе филмот во целост. Пример некој трилер како Se7en, Fight Club, The Usual Suspects, Primal Fear каде некој ако ми го каже твистот или крајот филмот ќе ја изгуби јачината.

Инаку тука што може да ми го расипе филмот? Некој ако пише смешен one liner и пораз на антагонистот на крајот? Секако одприлика знам како ќе се одвиваат работите. Кога го имаш Batman во филмот знаеш што следува - ќотек. :icon_lol: Плус кај ваквите филмови колку повеќе знам за приказната и ликовите толку ми е поинтересно следењето. На крај краева буквално секој филм открива еден тон сцени, дијалози, смешки, појавувања на одредени ликови и сл. преку трејлери па пак уживаме кога ги гледаме во финалната верзија.

Пред да се рашири интернетот не бевме до толку разгалени и сензитивни. Поголемите у маало дур грицкавме сончоглед на клупи цел филм ни го раскажуваа, после тоа на негледано веќе го знаеш филмот до детаљ. :D
 
Многу краток Дедпул со оглед и на оригин приказната. Инаку одличен хумор, посебно кога ќе ги прозива другите актери.
Сцената кога Колосус ќе сака да го носи кај Професорот Х и овој ќе го праша кај Мекавој или Стујард, му се мешале. :pos:
 
Мислам дека немаше погрешен лик изберено во цел филм. Дедпул беше врвот, ама и останатите беа добри, Колос, Негасоничната, старката, Визел, Допиндер, леле како сум се смеел на него. :pos:
Сцената со Колос во таксито и кога и ја виде цицката на Angel Dust. :pos::pos:
Плус афтеркредитс сцената со најава за Кејбл? Оу, јеа, е дури сега очекувам уште појака 2ка. :vozbud:
 
Okay, so Deadpool - revenge story and a love story :D

Како за некој што нема читано ниту еден стрип или било што поврзано со Дедпул, филмов ми беше фантастичен!
Хуморот ( oh god, хуморот беше fucking awesome, perfect for every scene, го обожавав ), складот на саундтракот со самите сцени, фајт сцените, глумата на актерите, поготово Рајан Ренолдс ( како филмот да е направен за типов ) и гласот на Колосус беа одлични. Уживав во сите саат и четириесет и нешто минути од филмот. Aaand... Венеса, oh man... :love:

Не постоеше ниту една сцена што не ми се допадна, no a single one. The camera movement was amazing. Најбољи superhero movie (antihero movie? :D) со сигурност. Ах, да барем траеше подолго, ама ми се чини и да беше долг 2+ саат пак немаше да ми биде доволно од Дедпул. :D

The score - 9.5/10, a must watch!

п.с. Омилената реченица од скриптата -
"For such a big house there's only two of you, hmm, its like the studio can't afford another x-men!" :pos: :pos:

Уште Batman vs Superman, Captain America Civil War, X-Men Apocalypse, Suicide Squad & Dr Strange да се волку добри, ќе бидам презадоволен. :D
 
Последно уредено од модератор:
Можеби зборувам со фаворизам кон DC, но се гледа дека барем тие претпазливо ги бираат режисерите и продуцентите.

И ги фаворизираш DC, и тоа не малце :D

Марвел како студио се ептен агресивни и детал-ориентирани, и чешлаат за кастинг, режисери и продуценти кои се од несекојдневен калибар. Единствена слаба страна им се еднодимензионалните негативци кои се појавуваат од време на време. Не дека нема добри, ама од најхајпнативе филмови негативците се малце bland. Али тоа е до душа промашај или кај сценаристите или кај самиот Марвел тим доколку донесувал одлуки директно за прикажувањето и градбата на ликовите, меѓу кои и негативците. Али да се рече дека Марвел немале добри режисери и продуценти звучи како да не си гледала ниеден Марвел филм до сега. Што не верувам да е случајот. Ќе да е до твојот DC fandomage што имаш таков став :D

Да, римејк но со потреба. Бетмен Форевер го направи Бетмен за потсмев, поготово со оние брадавици. Сите сакаа да биде извршена правда спрема ликот и да биде претставен достојно, што може да се рече за филмовите на Нолан.
Суперхеројските филмови се шират како Ебола, не оставаат простор за кој попрво да се радуваш.
Мое мислење е дека Холивуд најде огромен материјал во стриповите, веќе напишан за нив и подаден на тацна. Дали се забавни филмови? Да филмови да исклучиш мозок.
Суперхеројските филмови ги убија акционите филмови. СПОЈЛЕР Суперхеројот секогаш победува, го спасува светот, ја добива женската.

Ако си читала Марвел, паааа не баш секогаш херојот победува и не секогаш ја добива девојката. Нормално, ова е многу позастапено во DC, и затоа нормално важат за по-темни издавачи на стрипови, но ни Марвел не е странец кога се работи за такви случаи.

Култните суперхеројски филмови што ги спомна претходно - Winter Soldier, и по се изгледа, и Deadpool ќе им се приклучат. За првиов нема стрип фанатик, дали Марвел или DC што го гледал филмот да не му се допаднал. Побогу, кај не знам колку луѓе беше во топ 3 филмови од жанрот, имаше бајаги постови на таа тема, само ме мрзи да ги барам.
 
За негативци од Марвел Локи беше многу интересен лик и беше добро направен иако можеше и повеќе.
 
Deadpool за 1 ден во USA и 2 дена прикажување во Европа.
8.8/10 од 47,749 гласа на ИМДБ.
47 милиони $$ за премиерата во САД
:bravobe::bravobe::bravobe::bravobe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom