Најспорното претекнување: По правилата е или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорите ви се како да немате возачка дозвола. Или имате, ама немате искуство.

1. Недозволиво е да се лепиш зад друго моторно возило, а уште помалку шлепер. Минималното растојание кое треба да го држиш зад возилото пред тебе е 3-4 секунди (ако возиш со 36 кмч, во превод 30-40 метри. ако возиш со 72кмч 60-80 метри. Ако возиш со 108 кмч, 120-140 метри). Лепењето зад некој е едно од поглупавите нешта (кои изгледаат невино/безбедно) што можеш да ги направиш како возач.

2. Ако држиш нормално растојание (како растојанијата погоре), ќе го видиш знакот барем 100-200 метра пред да почнеш со каков и да бил маневар.
најчесто кај нас во мкд на многу места нема знак дека ќе има полна линија и најчесто како и секогаш после тоа стојат џандари да те уловат.

Што во тој случај? Еве и јас возам и се сложувам со тоа погоре напишано но има вакви ситуаци каде што едноставно те чекаат да направиш, поминеш на полна линија...[DOUBLEPOST=1451134692][/DOUBLEPOST]
Нема теоретски шанси некој да ти пише казна за ова.
Како нема? има бидејќи поминуваш на полна линија.
но моабетот е друг како да постапиш во таква незгодна ситуација. Бидејќи секако не ти бега казна ако ја згазнеш полната линија.
 
Не ти треба знак за да ја видиш линијата дали е полна или испрекината.
 
Ако има полиција тогаш е неправилно. Ако нема тогаш правилно е. Уште ли ненаучивте кој казни пишува

Мојот случај пред некоја година беше со полиција - неправилно :sekc:
 
А зашто уопште у примеров лентата станува пуна кога нема потреба? Се знае кога треба да биде полна лентата
Кај нас и на сред авто пат можеш да најдеш знак 80... а како за беља 10 метри поделе има полицаец со радар :)
 
најчесто кај нас во мкд на многу места нема знак дека ќе има полна линија и најчесто како и секогаш после тоа стојат џандари да те уловат.

Што во тој случај? Еве и јас возам и се сложувам со тоа погоре напишано но има вакви ситуаци каде што едноставно те чекаат да направиш, поминеш на полна линија....

Ако држиш дистанца, и без знак ќе видиш дека почнува полна линија, и ќе се вратиш назад. Проблемот е кога ти се лепиш зад некој шлепер, некој се лепи зад тебе, и самиот маневар на прекинување на престигнувањето е неизводлив, зошто некој зад тебе ти диши во врат.

Џандарите стојат секогаш и секаде. Тие се само еден дел од проблемот во сообраќајот низ државата.

Кај нас и на сред авто пат можеш да најдеш знак 80... а како за беља 10 метри поделе има полицаец со радар :)
Тунелот пред Катланово. Таму стојат, и со право. Колку луѓе само слетаа во Пчиња заради неприлагодена брзина.
 
зад шлепер секогаш мора да се движиш така да ќе те гледа во едно од огледалата
 
Одговорите ви се како да немате возачка дозвола. Или имате, ама немате искуство.

1. Недозволиво е да се лепиш зад друго моторно возило, а уште помалку шлепер. Минималното растојание кое треба да го држиш зад возилото пред тебе е 3-4 секунди (ако возиш со 36 кмч, во превод 30-40 метри. ако возиш со 72кмч 60-80 метри. Ако возиш со 108 кмч, 120-140 метри). Лепењето зад некој е едно од поглупавите нешта (кои изгледаат невино/безбедно) што можеш да ги направиш како возач.

2. Ако држиш нормално растојание (како растојанијата погоре), ќе го видиш знакот барем 100-200 метра пред да почнеш со каков и да бил маневар.

Ti vaka vozis?ti svirat cesto?:D. Ne znam od kaj ti e ova za 30-40 metri rastojanie da drzis ako vozis 36km/h ali totalno nema vrska.so taa brzina,za da razmislis da kocis i da zakocis ti trebaat 12 metri,taka da nema potreba da bidis 3 ulici pozadi voziloto pred tebe:D.
 
Ајде побрзо нека се популаризираат self driving cars и нема да имаме проблеми со вакви глупости.
 
Ti vaka vozis?ti svirat cesto?:D. Ne znam od kaj ti e ova za 30-40 metri rastojanie da drzis ako vozis 36km/h ali totalno nema vrska.so taa brzina,za da razmislis da kocis i da zakocis ti trebaat 12 metri,taka da nema potreba da bidis 3 ulici pozadi voziloto pred tebe:D.

Нека свират. Низ град е друга работа, но држењето растојание се точно дефинира од самите ограничувања (30/40/50 кмч). 30 метри и не се така многу, затоа што, ако треба некој да се престрои пред тебе има доволно простор за маневрирање (10-12 метри). Но кај нас ретко кој вози така, или пак недај Боже да пропушти некој да се приклучи, или да промени лента.

Брзините се примерни, на отворен пат и те како прават смисла... 1 секунда да реагираш + 1 секунда додека да почне да кочи самиот систем се околу 2 секунди (средностатистички). Во превод, околу 15-20 метри изминат пат (ако се движиш со брзина од 36 кмч).

Гледајќи ги реакциите и одговорите тука, воопшто не ме изненадуваат некои работи.
 
Во принцип, секое започнување на претекнување на место со испрекината линија е правилно!
И оние сообраќајни инженери по чиј амин се обележува патот оставиле доволно простор за завршување на маневарот претекнување, дури и ако е започнат од самиот крај на испрекинатата линија. На крајот на краиштата, секој што вози, и има малце мозок, си проценува ситуација, гледа дали е дозволено претекнување, и тргнува... или не тргнува.
Тоа е едната страна.
Другата страна ја начна @Благоев
Тоа е правилното растојание, но и брзината на движење.
Како што рече @Благоев, ретко кој кај нас вози по правила... посебно растојание и брзина, а тоа менува многу. Во овој контекст,многу држи вода она што го напишав прво во овој пост.
И, како трето, праксата на сообраќајната полиција кај нас во вакви ситуации:
Го запираат и оној кој претекнува, но и претекнатото возило, како сведок. Во голема мера зависи изјавата на возачот на претекнатото возило во однос на пишувањето или не казна.
 
Се сложувам со @Благоев околу растојанието. Има едно просто правило на отворен пат да видиш дали си со прикладно растојание во однос на брзината со возилото пред тебе. Кога возилото пред тебе ке помини некој маркер ( знак, дрво, било што што би послужило како маркер) броиш две секунди. Ако го поминиш маркерот пред тие две секунди преблиску си.
 
Во принцип, секое започнување на претекнување на место со испрекината линија е правилно!
И оние сообраќајни инженери по чиј амин се обележува патот оставиле доволно простор за завршување на маневарот претекнување, дури и ако е започнат од самиот крај на испрекинатата линија. На крајот на краиштата, секој што вози, и има малце мозок, си проценува ситуација, гледа дали е дозволено претекнување, и тргнува... или не тргнува.
Тоа е едната страна.
Другата страна ја начна @Благоев
Тоа е правилното растојание, но и брзината на движење.
Како што рече @Благоев, ретко кој кај нас вози по правила... посебно растојание и брзина, а тоа менува многу. Во овој контекст,многу држи вода она што го напишав прво во овој пост.
И, како трето, праксата на сообраќајната полиција кај нас во вакви ситуации:
Го запираат и оној кој претекнува, но и претекнатото возило, како сведок. Во голема мера зависи изјавата на возачот на претекнатото возило во однос на пишувањето или не казна.
Ако решил полицаецит да пише,ќе пише.
Од искуство кажувам и иста ситуација 700-800 метри пред кривината во Сарамзалино или Крупиште на испрекината линија претекнував камион товарен со дрва а на дваа метра по полната линија се вратив на лентата а по 100-150 метри не сопре полиција.
А нај трагично од се е што на кривината во десно има грмушки и тополи па видливоста е нула
Може би проблемот настана откако виде дека автомобилот е со странски (германски) таблици па полицаецот очекуваше частовка.
 
Ако држиш дистанца, и без знак ќе видиш дека почнува полна линија, и ќе се вратиш назад. Проблемот е кога ти се лепиш зад некој шлепер, некој се лепи зад тебе, и самиот маневар на прекинување на престигнувањето е неизводлив, зошто некој зад тебе ти диши во врат.

Џандарите стојат секогаш и секаде. Тие се само еден дел од проблемот во сообраќајот низ државата.

Тунелот пред Катланово. Таму стојат, и со право. Колку луѓе само слетаа во Пчиња заради неприлагодена брзина.
Слетаа затоа што заспаа зад волан. Таму неможе да се излета поради голема брзина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom