Од 1-ви јануари крај за српската и хрватска музика на македонските медиуми

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
ПОРАДИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКИ ПРАВА ВО КОРИСТ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ

ОД НОВА ГОДИНА ЌЕ НЕМА СРПСКА И ХРВАТСКА МУЗИКА

Толку мали надомести за користење нечија интелектуална сопственост не постојат во ниедна друга европска држава, тврдат од Српското и од Хрватското здружение за заштита на авторски права

Доколку не се поништат измените и дополнувањата на членот 137 од Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка кон крајот на август, на македонските електронски медиуми, од први јануари идната година, покрај македонска, ќе се забрани емитување и на ексју музика. Дека од први радијата и телевизиите ќе паднат во музички мрак, потврдуваат и Александар Ковачевиќ, директор на Здружението за авторски права на Србија ( СОКОЈ), и Милан Мајеровиќ, советник во Хрватското здружение ( ХДС ЗАМП).



Според Законот, досега електронските медиуми, на име авторски права уплаќаа процент од приходот, согласно форматите добиени од Агенција за аудио и визуелни услуги. По измените од пред три месеци, износот е ограничен во плати, и тоа 18 просечни плати на државно ниво, 12 просечни плати на регионално и на локално шест плати, што, како што велат македонските и здруженијата за заштита на авторски права од регионов, е поразително. Според нив, измените кои се направени во македонскиот Закон за авторски права се понижувачки за авторскиот труд, и тие нема да дозволат понижување на правата на нивните членови.
"Ние донесовме одлука, која ја испративме до Македонското здружение за авторски права, дека вашите медиуми, од први јануари идната година нема да смеат да пуштаат наша музика зашто, во спротивно, кривично ќе одговараат. Жал ми е што мора така да постапиме, но немаме друг избор. Ова го кажувам зашто сум свесен колку многу наша музика се слуша кај вас. Особено изборите на "Пинк" и "Гранд" ѕвезди кои, исто така, мора да се забрани да се емитуваат кај вас. Овие измени на Законот кои пред неколку месеци се направени кај вас, се во спротивност на законите на кои се придржува целата меѓународна фела. Отстапки нема да има во никој случај, освен доколку Владата реши да го врати Законот по старо. И тоа може да отстапиме само онолку време колку што е потребно да трае процедурата за враќање на стариот закон. Секако, нема да има натегање со месеци. Пак ќе кажам дека многу ми е жал за ваквата постапка, но верувајте ми дека ова е изнудена реакција, бидејќи со измените елементарно се газат авторските права", вели Ковачевиќ.



Истото го велат и од Хрватското здружение на авторите за заштита на авторските и музичките права.
"Нашето здружение веќе испрати остар протест до премиерот Никола Груевски, и тоа заедно со останатите здруженија во регионов. Овие измени се напад врз приватните авторски права, и тоа не само на македонските автори, не само на регионалните туку и на светските композитори и други носители на права на музика. Меѓу нив се и околу 9.000 членови на ХДС ЗАМП, чија музика многу се слуша во Македонија. Толку мали надомести за користење нечија интелектуална сопственост не постојат во ниедна друга европска држава. Најостро се спротивставуваме на давање имот на нашите и на останатите членови за никаква цена. Секако дека нема да прифатиме обезвреднување на нивните права. Владата, сакајќи да му угоди на еден сектор, го уништува другиот, во случајов авторите и креативците. И хрватските, како и македонските музичари, од приходите од авторските права го хранат семејството и создаваат нови културни вредности. Сведувајќи го нивниот приход на мизерна сума, нивната работа критично ја загрозуваат. Затоа, уште еднаш ја повикуваме Владата да го измени овој преседан во склад со позитивната европски и светска пракса", вели Мајеровиќ.
Предлагач на измените на Законот е Министерството за култура. Министерката Елизабета Канческа - Милеска вели дека овие измени се направена за доброто на авторите.
(В.М.)


Канческа - Милевска: Законот е во корист на авторите

Според министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, измените на Законот се направени во насока на почитување на авторот.
"Немам добиено никаква информација дека авторите забрануваат музика. Сметам дека каков било бојкот и од телевизиите и од авторите не го решава проблемот. Не е точно дека измените на Законот не содејствуваат со законите за авторски права во други држави. Одевме со загарантиран износ кој медиумите треба да го платат кон здруженијата, бидејќи до скоро не сакаа да го плаќаат. Ако направите анализа, ќе видите дека досега наплатата тешко одела. А сега телевизиите се обврзани да плаќаат.



Не се согласувам со тоа дека оваа сума која медиумот треба да ја плати со измените на Законот, е понижувачка. Идната недела ќе организираме голема трибина, и инсистирам авторите да бидат присутни во голем број, да си ги слушнат своите права и да ја дознаат работата на здруженијата, кои се формирани за нивна заштита, како и да дознаат на кој начин се врши исплатата. Не прифаќам да дојде претставник од Здружението со малку автори туку со многу. А ние, како Министерство, ќе се залагаме за почитувањето на авторот и на неговите права", вели министерската Канческа - Милевска.
 
champagne-celebration-gif.gif
 
Дали тоа значи дека ќе се забранат оние :гомце::гомце::гомце: шоуа, каде што бираат млади надежни српско-хрватски таленти?
 
Дали тоа значи дека ќе се забранат оние :гомце::гомце::гомце: шоуа, каде што бираат млади надежни српско-хрватски таленти?
Да ќе се забрани затоа што и таму има српска , босанска, хрватска и друга музика од екс ју просторите.

Мене ме интересира дали ќе се забрани и серии и филмови да се емитуваат од екс ју ? Ова прашувам затоа што може во тие филмови и серии да се чуе таква музика.
 
Попрво Груевски би си дал оставка него ли овој закон да се спроведе, не се лажете џабе.
 
Значи ли тоа дека ќе вртат постојано спотови од тајзи, јован јованов, како и од моето сонце Даниел Кајмаковски?
 
Ова ќе е како коа сереш у веце и пуштиш вода.
Гомното не е тука, ама уште ќе смрди. :')

Извинете за речник ако ви упропастив ужина или нешо..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom