Затворен Канта Пазарот

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Каде е сега, некоја точна локација?
Во Маџари, пред кванташкиот пазар не одиш лево туку право(автобус 23-приватен)
Во петок ќе работи таму, а дали ќе има и друг распоред за сабота и недела незнам.
(добро би било ако им текне да работи за викенд кога рајата е слободна.
 
Бувљакот работи вторник и петок 0д 6 до 12 како што беше[DOUBLEPOST=1453288093][/DOUBLEPOST]Бувљакот се наоѓа на вардариште во маџари а дали работи како што работеше под кале вторник и петок од 6 до 12?
 
Последно уредено:
Во Маџари, пред кванташкиот пазар не одиш лево туку право(автобус 23-приватен)
Во петок ќе работи таму, а дали ќе има и друг распоред за сабота и недела незнам.
(добро би било ако им текне да работи за викенд кога рајата е слободна.
сега како е ладно има пола од шутот да го палат да се згреат :mad:
 
Во Маџари, пред кванташкиот пазар не одиш лево туку право(автобус 23-приватен)
Во петок ќе работи таму, а дали ќе има и друг распоред за сабота и недела незнам.
(добро би било ако им текне да работи за викенд кога рајата е слободна.
каде поточно?
 
И јас сум за да има пазар бувљак но не на ваков начин.Да им објасни некој на луѓево дека откако ќе си отидат треба да биде чисто,а не да им се дава да продаваат и да го злоупотребуваат тоа.Сум видел луѓе кои продаваат и она што ќе им остане го кршат пред одење намерно да не го земе некој.И сето тоа ќе го фрли на тротоар.
Имав гледано и млади девојќи како доаѓаа и си зимаа фустанчиња и чевли од ѓубрето.Е тоа беа слики за паметење.

Инаку старата локација што беше,полигонот под кале си го лапна Љупчо Георгиевски.
Тешка лоповштина се прави али ајде.
Заради тоа до сега бувљакот беше преместен на улица.
 
каде поточно?
па ете супер е објаснето,нема промашај само право преку пругата што оди во кванташки, а му доваѓа веднаш преку Вардар од последна 5-15,ама нема мост кај новиот парк.
Да направиме еден сплав на буриња и ќе наплатуваме премин.
Денес работеше со полна пареа, а рајата ќе си се научи,па и цела Македонија нели оди на кванташки.
 
Бувљакот се наоѓа на ВАРДАРИШТЕ , а кои денови ќе работи и од колку до колку ?
сега по старо,само вторник и петок од мугрите па додека има раја до 13 часот.
Добро би било и недела да работи,ќе им дадам таков предлог,оти некој одат само 1 см и недела се слободни.
 
Picture 2518.jpg Picture 2517.jpg Picture 2519.jpg Picture 2516.jpg

Вардариште...
Што беше тоа...50 години тука се фрлаше-гмечеше-таложеше,сиот смет-отпад од Скопје.
Се наоѓа преку Вардар од населбата Ново Лисиче, во Маџари (пред кванташкиот пазар).
Сметот беше домашен и индустриски а богами и медицински(се од Кланица, од Алкалоид, од Кожара, од Европа, можеби и од Охис и.т.н.
Тој огромен простор дневно сигурно примаше 100 тина камиони за истовар на ѓубрето.
Еве видливо е колку е само покачено нивото на Х линијата,т.с. земјиштето. Далеководите се вкопани 5м.
Дали има некаде на друго место во светот, бивша депонија да се пренамени во пазариште.
Нели не лажеа по медиумите дека ќе биде некој тревник или парк или брзорастеќа шума.
На новата локација на Канта пазарот,само е посипано камен и песок (жолт од самиот камен).
Која инспекција дала дозвола за отварање на пазар на ова место. Дали е тоа правилно.
Веднаш до пазарот се наоѓа прифатилиште за бездомни домашни животни и неколку други фирми,кој се во фаза на изградба,а во близина се и повеќе „кванташки дуќани“ а и некој големи Отпади за откуп а веројатно и некоја преработка на разни отпадни суровини.
Тука не се фрла веќе неколку години ѓубре и смет, дали со тоа е веќе е безбедно ова место.
Дали или колку време треба тој смет и отпад да се разложи и да стане земјиштето здраво.
Дали е исправно-здраво и безопасно по здравјето сега на тие лица што се цел ден таму,врз депонијата.
Како ќе биде летно време,дали ќе има некој испарувања или штетни гасови од депонијата.
Па и толку народ под далеководи дали е пожелно - прифатливо.
Ваков Пазар - Бувљак, а овде го нарекуват уште и Канта пазар,постој во сите големи - главни градови, во околните земји а и подалеку, но сигурно никаде над бивша - ЕКС ДЕПОНИЈА.
Не беше решение ни овој пазар што се дозволи да биде неколку години на главна саобраќајница, ама...
ама ... мислам дека и ова треба да се преиспита дали е најдобро решение пазар на ова место.
Постручни лица нека го објаснат ова.
Сепак ова мора да оди во посебна тема,само ќе го пуштам и овде,
 
ауф леле,кај го направиле,Па ова треба под итно да се забрани.Како бе луѓе до далноводи.Страшна работа
Не е ДО, туку баш ПОД , и целиот пазар е обиколен со нив,а под нив стотина автомобили од кој
половината со големи плински боци,а од нив половината на диво наместени без атест.
Ама добра ПАРА паѓаше на стариот уличен пазар под КАЛЕ, 500 - 1000 продавачи по некоја банка-баждар.
И овде пробаа некој да собираат АРАЧ, но сами меѓу себе се испокараа,сакат пари без мотика.
.........нели се велиме вака на запад,така на запад...епа вака ли е на запад,врз депонија ПАЗАР.
и уште и ова таму се уште се врла смет и тоа не од граѓани туку од КХС.
 
Туку, дали пак почна да работи бувљакот кај вардсриште? Го затворија после поплавите за пак го употребат како депонија, овој пат со уништени работи од поплавата.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom