“Македонска стрелба”

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Кај Русите и до ден денешен се употребува терминот “Македонска стрелба” или “македонски дуел” или “стрелба по македонски”. Под овој термин се подразбира кога ќе се извлечат два револвери, по еден во двете раце, ќе се испружат рацете напред и палците ќе се допрат еден со друг.

hqdefault.jpg

Овој начин на пукање го добил името по македонските доброволци во руската армија за време на руско-турската војна. Таму, при нападите, најпробивни биле македонците.
Овој термин сега се користи во сите воени доктрини и реномирани воени академии во светот.
Интересно е тоа што доколку напишете на google, macedonian shooting ќе ви излезе истата статија под наслов Dual wield,Akimbo-style но никаде не се спомнуваат македонските доброволци кои први го практикувале ова.

Рускиот вице премиер Димитри Рогозин покажува што е тоа македонска стрелба и како таа изгледа
http://www.zakon.kz/video/v/5458.html
 
Автор на «руско-македонската» варијанта на овој назив е Владимир Богомолов , кој ја опишал оваа стрелба во својот роман «Во август 44-та ». Но, образложил дека на страните на весниците за прв пат се појавува овој термин во 1934 год , кога во Марсеј бил застрелан кралот Александар I Карагоргевич и министерот за надворешни работи на Франција

Според други верзии терминот датира од тактиката на војската на Филип и и Александар Македонски , воини кои се’ правеле во о’д , во движење. .По друга верзија пак потекнува од македонските борци за слобода, кои користеле по два пиштола истовремено и тоа во време на Балканските војни 1912 и 1913 година.
 
Не сме успеале ништо да заштитиме и да бидеме препознатливи во светот по многу работи, стварно е жално. Доколку беше некоја друга држава до сега ќе имаше натпревари од спортски карактер, а со тоа ќе се привлекуваа и туристи не само за ова туку и за многу други нешта.
 
Интереснo,стрaнци ни oбјaснувaaт кaкo се стрелa нa мaкедoнски нaчин.
 
А колку - каква е казната ако убијам некого со стрелба по Македонски начин. Сакам да знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom