Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Шо ти е бе тебе какво скокање директно индиректно не зборуваме за еволуција.

Ако се планира и гледа долгорочно - метро е најпаметно, изводливо но скапо.
Трамвај нема поента - поарно ќе е ако останат автобусите.
Ништо не ми е, просто ти кажав дека метро тежко за Скопje во моментот. Немаш дори доволно патници за метро,па ако изградиш...то нема да е ефективно. Нема да зборувам за инвестициjaва...
Зашто трамваj со посебна траса (LRT)?
- Многу помала инвестициja от метрото
- Еколожки транспорт, а знаеме каков проблем има СК со воздухот
- Брз транспорт

Зашто не можеш да изведеш метро...
Метрото се карактеризира:
-околу 1000 метри раздалеченост на станиците
-должина на станиците од околу 110 - 130 метри (во зависност од оптовареноста на линијата)
-должината на возовите е колку 4 класични трамваи, односно околу 120 метри
-поток на патници за даден час - над 25 000
-целосна автоматизација на линиите, која патем дозволува интервал од 90 секунди во шпиц
-трасата на метрото може да биде ПОДземна, НАземна и НАДземна, но во секој случај да е одделена целосно од сите други форми на шински сообраќај
 
Последно уредено:

за Скопје најдобро Тролејбуси и електрични автобуси
 
Па и нема услови за метро јас не знам зошто воопшто дискутирате за метро, којзнај колку згради треба да се рушат за тоа да се реализира, за Скопје само трамвајот е спас.
 
Ако веќе зборуваме за трамвај, убаво ќе биде ваков
http://www.businessinsider.com/photos-of-russias-futuristic-new-tram-2015-1
Љубов на прв поглед :)
Не е скап, околу 1мил по парче. Кога можеме за споменици милијарда, зошто да не може за ова?
Нема потреба да бидат вакви, да бидеме реални повеќето од граѓаните од Скопје немат култура за вакво нешто, можам да замислам како ке изгледат само после 1 година така што и владата би бил во право ако не фрли пари за вакви трамваи. Но сепак еден-два споменици да не ставивме низ градот ке купивме трамваи бомбона
 
за Скопје најдобро Тролејбуси и електрични автобуси
Ако гледаш от гледна точка на екологиja - да, но се пак тролеjбусите и електричните автобуси ке попаднат отново во гужви. Трамваj со посебна траса нема да попада во гужвите. ;)[DOUBLEPOST=1451811335][/DOUBLEPOST]
Па и нема услови за метро јас не знам зошто воопшто дискутирате за метро, којзнај колку згради треба да се рушат за тоа да се реализира, за Скопје само трамвајот е спас.
Не е потребно да се рушат згради,но се слагам,дека нема услови.
 
@Samurai_Sk во право си, ама, зошто да не бидеме футуристички град повторно? Еднаш бевме (после 63та), можеме повторно :) Кога сме веќе на овој муабет, одлична беше идејата за транспорт сличен на жичарница. Не можам да најдам која фирма го понуди тоа, ако некој знае нека стави линк, слики. Со тоа решение, улиците остануваат исти, само се додаваат столбови и платформи за патници на местата за станици. Нема сечење дрва, нема кратење тротоари... Сообраќај на повеќе нивоа и мислам дека не беше ни таа идеја скапа.
 
поодамна во Јапан има моношински висечки возови... јас пред 2 години му пишав порака на Коце наместо копање на тунел низ центарот поред Вардар да се направи моношински воз, но прашање дали ги читаат меиловите, т.е. дали тој што треба да ги чита му ги пренесува... инаку ние во Скопје и воопшто РМ немаме сообраќајна култура за шински возила ... таму нема рампа, ќе биде катастрофална нашата навика да се поминува на црвено..
 
инаку ние во Скопје и воопшто РМ немаме сообраќајна култура за шински возила ... таму нема рампа, ќе биде катастрофална нашата навика да се поминува на црвено..

Што ќе чита кога нема ни да знае што е напишано. За поплавите имаше изјава: новите пумпи испумпуваат неколку пати повеќе вода од старите. Капацитетот е зголемен од 3600 на 7200. Јас тогаш побарав "неколку пати" да се стави во речник со значење "двапати" :) Нема потреба за сообраќајна култура во случај да се направи такво решение. Зошто? "Возот" си има своја патека на движење, автомобили, автобуси, пешаци си имаат своја. Не постои точка на пресекување, па да имаш рампи, семафори и сл. Со трамвај е поопасно, посебно, кога ќе вртат во лево на раскрсници или преку двојна полна линија полукружно. Скопје е релативно мало да поставиш ВОЗ (метро) во него. Без разлика дали е под/на/над земја. Прво станиците ќе бидат на макс 8км (кога би се направиле: почетна, средна, крајна), второ, ќе фати огромен простор од веќе постоечките улици (ќе испадне, едно средуваш, друго заглавуваш). Затоа се сетив на идејата жичарница низ град (официјалното име беше поинакво). Немаш никаков контакт со другите видови сообраќај, ефтино за изградба и за разлика од метро или трамвај, "вагоните" се мали (мислам дека беа за 30-50 лица). Проблемот кај овој проект може да биде само едно. Кој ќе управува со целиот сообраќај и дали ќе гледаме "сообраќајки во воздух"? :) Доколку биде направен, да речеме, Илинденска и ИЛРибар да бидат правец Ѓорче - Центар, а Партизанска да биде само во обратен правец, тогаш нема да има никаков проблем.
 
CMUF.jpg
 
Ние уште не сме го достигнале нивото да направиме шахта што ќе биде рамна со патот, метро ќе сме правеле. Ќе направат станица шини ќе заборават да стават.
 
На Скопје не му е потребно ниту трамвај, ниту метро. Можеби тролејбус. Метрото е исплатливо за урбани збиени населби од над 1.2 милиони жители, како Белград, ама немаат пари ниту да ги обноват трамваите стари 60-70 години донирани како помош од западните земји.
 
Новите цени објавени од ЈСП, како и бесплатните возења немаат логика:
1. Основно и средно обраование се задолжителни-нема бесплатен превоз.
2. Студирањето не е задолжително - бесплатен превоз.
3. Месечен билет за пензионери -1050 ден. , за возрасни над 62/64 г. бесплатни денови или 300 ден. месечен билет.....
4. Билет за 10 возења со важност од 15 дена.
Мислам дека идејата беше да се популаризира користењето на автобуси наместо автомобили. Наместо тоа, автобусите секојдневно ќе бидат преполни со возрасни лица и студенти кои цел ден ке се возат низ градот, со ученици кои мораат да ја трпат таа гужва и да плаќаат за тоа.
Јас ја прифаќам идејата автомобилот да се замени со јавен превоз , да се намали загадувањето и се намали гужвата низ градот.Ама за тоа треба да плаќам 1600 ден. месечно , секојдневно да трпам гужва и нервози од талкачите кои се водат по логиката-штом е гага, користи максимално...
По нивната логика, поисплатливо ми е да се возам со автомобил-поевтино, покомотно, смирено, музика по желба, побрзо....
Да, ја загадувам околината, ама со ваков хаос во јавниот превоз, нема алтернатива. Со високи цени и нелогични бенефиции, не сакам да плаќам за мене и за оние што се возат гага. Кога сите рамноправно ќе го користиме јавниот превоз, мојот автомобил ќе остане паркиран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom