Види... Батали таксисти. ЈСП како фирма може да си донесува цени и видови билети како сака (нормално со амин на град Скопје). Ама, плаче за тужба и тоа немаш појма каква. А и град Скопје исто, само тоа е друг муабет (иако е поврзан со оваа тема). На што личи тоа, влегуваш во бус и на релација од 20-30 мин, на секои 10-15-20 секунди (во зависност дали се брои слушањето или паузата) имаш: Користењето на електронските картички е задолжително. Влезот е на предната врата. Контролорите имаат право да идентификуваат брз основа на закон?!? Замисли сега 30 мин возење, колку пати го слушаш истово. Што е ова? Перење мозок? Сублиминална порака? Заплашување народ? Масовна хипноза?... Дали се свесни глупаците во администрација на ЈСП, посебно она лигле Јанушев (ко за беља лично го познавам) дека ова е психичка тортура и за ова дебело се одговара? Дали знаат дека истото предизвикува немир што брзо преминува во нервоза и бес? Дали се свесни дека некој ден ќе има убиство на возач, а уште поверојатно контролор како последица на ваквото малтретирање? Што се патниците, малоумни? Кој к.р фактор се нивните контролори што се однесуваат како треторазредни вратари на некоја прчвара? Вчера, на 70 годишна жена ѝ се изживувале да помине електронска картичка 2 ПАТИ, затоа што мислеле дека ги лаже. Жената колнеше цел пат! Таа е стара и не може да врати, ама не се сите такви. Ало ЈСП! Ќе ве собираат по улици, опаметете се веќе еднаш!!!