Љубојна (Арена Борис Трајковски) - 17.12.2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Нашиве пејачи полека по полека почнаа да се осмелуваат да го наполнат СЦ Борис Трајковски. Овој пат.................. Љубојна:vozbud:

Конечно нешто големо за сите оние кои сакаат да слушнат Македонска народна музика која ќе биде квалитетно изведена. Башка е тоа што цела сала ќе биде станата на нозе и ќе пее.

Минатата година Љубојна одржа концерт во Универзална сала каде салата беше целосно исполнета и каде публиката и играше и пееше. Оваа година на 17 декември, со почеток во 20:30 часот, Љубојна одржува концерт во арената Борис Трајковски каде освен досегашните испеани песни, ќе ги испее и песните од новиот албум ,,Шербет".

Како гости на концертот ќе се појават Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски и Џамбо Агушев. Концертот ќе биде организиран од Горила продукција.

Влезниците/картите можат да се купат во продажните салони на One, Југотон и во продажните места на mctickets.mk.

:)
 
Последно уредено:
Нашиве пејачи полека по полека почнаа да се осмелуваат да го наполнат СЦ Борис Трајковски. Овој пат.................. Љубојна:vozbud:

Бобче а да те прашам ја нешо искрено, глеам отвараш теми те за Тамарчето те за Скопски фестивал те за Евровизија, сеа за Љубојна... Глеам на секоја тема имаш увод со сите нишани што копиран што изменет па и она :vozbud: мислиш вени сечеш за тој настан ама некако се на тоа останува, па ме интересира идеш ли ти на овие настани или слабо?
 
На кој можам, одам. За на концертот на Тамара неможев, а баш сакав. За концертот на Љубојна ќе гледам да одам.
 
Ама нема да отидеш и на овој, како и на ниеден друг :)
 
македонче македонче имаш лошо его, те бива само за потсмевање..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom