Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.810
- Поени од реакции
- 60.219
Li-Fi технологијата е измислена од страна на Харалд Хас од универзитетот во Единбург (Шкотска) во 2011 година, кога демонстрирал како само со палење и гасење на една LED сијалица може да се пренесе голем број на податоци.
Оваа технологија користи VLC (Visible light communications). LED светла кои се палат и гасат во интервал претставен во наносекунди, што го прават трепкањето невидливо за човечкото око.
Нешто налик Морзеова азбука, каде што палење и гасење на светлото се пренесуваат пораки. Така и овие LED сијалици со палење и гасење со огромна брзина пренесува податоци во бинарен облик.
- "Се што ни е потребно е да инсталираме микрочип во секој светлосен уред, кој ќе може да го комбинира осветлувањето и безжичното пренесување на податоци. Во иднина не само што ќе имаме 14 милијарди сијалици, туку ќе имаме и 14 милијарди Li-Fi репетитори за почиста и посветла иднина" - вели Хас
Во лабораториски услови оваа технологија достигнала неверојатна брзина од 224Gbps.
Компанијата Velmenni ја тестирала Li-Fi технологијата во канцелариски услови и постигнале брзина на пренос на податоци од 1Gbps, што е околу 100 пати побрзо од Wi-Fi сигналот.
Во однос на Wi-Fi, оваа технологија не може да минува низ ѕидови, бидејќи сигналот се базира на светло. Но, од друга страна пак тоа ја прави Li-Fi мрежата многу посигурна за користење за разлика од Wi-Fi.
Сега се поставува прашањето дали со воведување на оваа технологија Wi-Fi ќе стане минато?
Дискутабилно. Во одредени случаи Wi-Fi е во предност поради големиот домет, па најверојатно овие мрежи ќе функционираат истовремено.