Постојат ли писмата на Христо Узунов?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzivri
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Дневникот на Узунов е прегледен, разбирлив и детален. Благодарение на него, ние имаме подобра претстава за учесниците, загоматите и некои од збиднувањата за и околу Илинденското востание. Иако не е уметничко литературно дело (не е тоа целта), штом се нафатил да го пишува, можеме да заклучиме дека Узунов има афинитет кон пишаниот збор.

Затоа не се сомневам дека тој ги напишал писмата за неговата мајка и за неговата сестра, на чиишто текстови често наидуваме на интернер и по книги. Но, каде се оригиналите? Постои ли скенирана копија од оригиналите? Многу време имам потрошено на интернет барајќи ги, но попусто. Знам дека се наоѓаат други негови писма и писмо кое ја известува мајка му за неговата смрт...не ме интересираат тие.

Особено ме интригираат тие две, дека се тооолку моќни... покажуваат неизмерна љубов кон Македонија и се вистинско олицетворение на ВМРО-вската девиза „Слобода или смрт.“ На пример..

До мајка му -
„И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила“

До сестра му -
„кажи им на другарите дека славно ќе умрам. Смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши“
ЕЕЕЕЕЕЈ!!!!! Како да не те наежит???!!!!

Писмото за сестра му е општоприфатено како „неговите последни зборови.“ Таа последната реченица беше напишана во слушалната на О.У. Христо Узунов, Охрид, каде имав чест да учам (иако тогаш Ицката ми беше само уште еден брадест комита).

Сега, дали се навистина тие негови последни зборови, и дали се воопшто негови зборови? Каде за прв пат се појавуваат препишани овие писма? Иако имам крајна почит кон него, не би се зачудил кога би биле сковани од некој кој - со право - сакал да го возвиши делото на Узунов. Веќе ми е тешко да верувам на било што додека не видам доказ.

Особено сум скептичен поради тоа што писмата се толку добро осмислени, а и толку моќни. Тешко дека некој кога фрчат куршуми би можел да скрои нешто толку длабоко и трогателно. Или па ги напишал предвреме знаејќи дека ќе го даде животот за Македонија? (п.с. Чукни се дете во глата и прашај се шо ти имаш напраено за Македонија).

Нас од учителката до четврто ни беше кажано дека оставил писмо на ѕитче и дека некоја жена го дала на неговото семејство. Нешто слично се спомнува и во клипчево (исто моќно) во кое мажот спомнува ѕитче, а стариците ја спомнуваат Спиројца која била последниот човек што прогоорила со Христа и најверојатно ја раскажала неговата приказна.

Уште нешто...покрај тоа што Бугарите, кои мора да признаеме подетално ги имаат разработено овие времиња и имаат повеќе експерти на темата (дали ради што ги имаат повеќето документи, или поради што таму не било табу тема да се зборува за ВМРО за време на комунизмот), во нивната историографија никаде не ги спомнуваат овие писма.
 
Писмото за сестра му е општоприфатено како „неговите последни зборови.“ Таа последната реченица беше напишана во слушалната на О.У. Христо Узунов, Охрид, каде имав чест да учам (иако тогаш Ицката ми беше само уште еден брадест комита).

Не беше мислата од Гоце Делчев „Јас го разбирам светот.....“ напишана таму???

едит
i_2.jpg
 
Некаде прочитав во македонска книга дека има сомнежи за автентичноста на овие претсмртни писма. Мислам дека нема фонд "Христо Узунов", но може да провериш во Државна агенција "Архива".

Сите достапни писма на Христо Узунов се бугарски, односно овие погоре се преведени на македонски, би требало да има некој оригинал.

Pismo_Na_Hristo_Usunov.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom