80 - тите години (Општа дискусија)

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Силно креативен е тој период. Метал музиката во 80тите развива правци кои се слушаат ден денес, во 80тите се формираат и стапуваат на сцена пионерските гранџ бендови, за музика сметам дека 80ти е еден од најдобрите периоди.
За филмови исто сметам дека 80тите е исто еден од револуционерните периоди.
Пишав и во друга тема, роден сум втора половина на 80ти али да бирам мислам дека би сакал во 80тите години да живеам али тогаш да имам некои 20 години возраст, од концерти и најдобри бендови нема нешто што нема да фатам.
Ок си е тоа, сега за креативноста кој како гледа!
Да не споредуваме сега рок и поп сцената крај на 60 ти и цели 70 и ако веќе сакаш концерти и такви работи тој период ти е топ.
Ако Жикина династија ја рачунаш за филм, тогаш да тој период е јака ствар!
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Ок си е тоа, сега за креативноста кој како гледа!
Да не споредуваме сега рок и поп сцената крај на 60 ти и цели 70 и ако веќе сакаш концерти и такви работи тој период ти е топ.
Ако Жикина династија ја рачунаш за филм, тогаш да тој период е јака ствар!
Терминатор, Враќање во иднината, Блејд Ранер, дел од серијалот Стар Ворс и Alien, Индијана Џонс, Рамбовците, Синема парадизо, Бетмен, Амбис, дел од Супермените, еден тон тинејџерски комедии и заебанции од типот на Гол Пиштол итн. Не се бламирај.
За музиката, епа ај да се враќаме до периодите на Бетовен и Моцарт за да ги фатиме почетоците. Да де, супер декади се 60-70ти за музика, ама безвезе е да речеш дека 80ти се некреативни. Плус муабетот ми беше дека во 80ти можам да ги фатам и постарите бендови од 60ти и плус другиве во топ форма.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
И настрана светската, 80-тите се зенитот и најквалитетниот период за југо и македонската музичка сцена, нема ни да ги набројувам музичарите и групите кои почнаа и врвот го достигнаа особено во втората половина на 80-тите.
Исто важи и за мак и југо филмска уметност, сами сетете се на сите култни домашни и југословенски филмови, не збориме за лимонатки како Жикина Династија (мада за намената за која е правен тој филм ништо не му фали)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ок си е тоа, сега за креативноста кој како гледа!
Да не споредуваме сега рок и поп сцената крај на 60 ти и цели 70 и ако веќе сакаш концерти и такви работи тој период ти е топ.
Ако Жикина династија ја рачунаш за филм, тогаш да тој период е јака ствар!
A "Тесна кожа"?
Mислам дека 4-тиот дел ќе остане како рекордно гледан филм во кината во Скопје....филмовите на Манчевски не се ни осмина од тоа по гледаност на пример.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
A "Тесна кожа"?
Mислам дека 4-тиот дел ќе остане како рекордно гледан филм во кината во Скопје....филмовите на Манчевски не се ни осмина од тоа по гледаност на пример.
Едно нешто на што највеќе му замерувам на тој период е силниот продор на шунд во уметноста. На турбо фолк( баш Тесна кожа е и дел од таа промоција), лимонада филмови, панк музиката...
Јасно ми е мене дека панкот и турбо фолкот се од средината на 70 сетите ама процутот и дефинитивниот продор го направија во осумдесетите.
Не можеш да споредуваш гледаност во тој период и сега! Тогаш одење во кино беше културен настан, сега со полиција не можеш да отераш некого во кино. Се сменија и времињата и луѓето, за жал!
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
A "Тесна кожа"?
Mислам дека 4-тиот дел ќе остане како рекордно гледан филм во кината во Скопје....филмовите на Манчевски не се ни осмина од тоа по гледаност на пример.
Не можеш да споредуваш гледаност во тој период и сега! Тогаш одење во кино беше културен настан, сега со полиција не можеш да отераш некого во кино. Се сменија и времињата и луѓето, за жал!
Да, само што тогаш државата ги носела работниците да ги гледаат и затоа имаш такви напумпани бројки, тоа како сега државна администрација наместо по митинзи :D да ги носат во кино од старт имаш 200 000 - 300 000 гледаност за некој Македонски филм.
Плус, генерално, со видеорекордерите, двд-ата, интернетот, насекаде е намалена посетата..
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Да, само што тогаш државата ги носела работниците да ги гледаат и затоа имаш такви напумпани бројки, тоа како сега државна администрација наместо по митинзи :D да ги носат во кино од старт имаш 200 000 - 300 000 гледаност за некој Македонски филм.
Плус, генерално, со видеорекордерите, двд-ата, интернетот, насекаде е намалена посетата..
Првото нема врска, ретко од школо ќе организираа за некој наш историски филм.
Болдот е вистината за падот посетите на киносалите.
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Првото нема врска, ретко од школо ќе организираа за некој наш историски филм.
Болдот е вистината за падот посетите на киносалите.
Мајка ми од фабрика ги носеле на Жикина Династија, на пример. И тоа не мала фабрика, со илјадници вработени.
 
Член од
11 април 2018
Мислења
1
Поени од реакции
1
80-те у едно видео...

Заради тебе го напрајв акаунтов кога видов шо видео си ставил.. Веруј Miami Vice e најдобра серија на сите времиња. Мајами опишан во цела деценија на 80те... ПРедивно.. :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.628
Поени од реакции
81.513
Во 80-те Муџахедините беа добрите луѓе

Рамбо 3 :kafence:


А детево денес би требало да е талибанец

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Во 80-те Муџахедините беа добрите луѓе

Рамбо 3 :kafence:


А детево денес би требало да е талибанец

Двојката и тројката беа живо ѓубре, за разлика од првиот што е (да кажеме) добар филм...многу го зборат како „реален“, ама сцената со камен кога кога оборува хелихоптер се сеќавам дека и како деца се газевме од смеење.[DOUBLEPOST=1523546931][/DOUBLEPOST]А про по муабетов....а нема врска со темава :D

30085377_140345033472780_5197926415558770688_n(1).jpg
 
Последно уредено:

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Све е боље какво е тоа прашање?
Подобри филмови, подобра технологија, подобри коли, подобри градови и подобра инфраструктура, подобра облека, подобри игри, подобро здравство, подобра трговија, подобра исхрана, подобра забава и што е најбитно - :cuc:Интернет!
Сериозен си за овие 4 ствари?:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom