80 - тите години (Општа дискусија)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.564
Подобри филмови
:neetaka:

подобра технологија
ОК, у право си

подобри коли
Зависи

подобри градови и подобра инфраструктура
Освен ако не живееш во Абу Даби кој е изграден последниве 20 години, не ти држи ова пишаново...

подобра облека
Тесни модерни фармерки се носеле и во 70те (пример)

подобри игри


подобро здравство
Кај нас здраството е сеуште заостанато во 80те...

подобра трговија
Мех...

подобра исхрана
ГМО...?:sramezliv:

подобра забава
Ова зависи до човекот...пример некој ужива во Музиката на Моцарт стара 200 години.:toe:

што е најбитно - :cuc:Интернет!
Го имаше и во 80-те...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
80тите се најтиња декада.
Долги коси, диска, девојки... мразам hair/glam metal.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Еве, у тоа време луѓето беа покултурни као за почеток. Не се обраќаа вака...
Социјалните мрежи ве натераа да пронаоѓате она што не ви се допаѓа, секогаш постоеле луѓе што не се согласувале или не би се согласувале со вашето мислење и би ви кажале директно за тоа, проблем е што сите мислите дека вашето мислење е она правилното и секое друго различно од тоа ви ги повредува чувствата.
На времето како прво ти беше сигурно помал кругот на познаници и вообичаено си се дружел само со школски, роднини или познаници од населбата кои најчесто внимавале да не ти се спротистават на твоите ставови поради почит кон тебе и најверојатно твоето семејство, денес комуницираш со многу повеќе луѓе, особено тука на форум или твитер, фејсбук каде што ниту те знаат ниту ги заболе ако ти се најдеш увреѓен во она што ќе ти го пишат и тоа е тоа, ништо различно од пред 20 години, потсети се и тогаш што се случувало дури си чекал во ред каде не ги познаваш сите или кога си влегувал во дискотека каде те терале упм.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
:neetaka:


ОК, у право си


Зависи



Освен ако не живееш во Абу Даби кој е изграден последниве 20 години, не ти држи ова пишаново...


Тесни модерни фармерки се носеле и во 70те (пример)





Кај нас здраството е сеуште заостанато во 80те...


Мех...


ГМО...?:sramezliv:


Ова зависи до човекот...пример некој ужива во Музиката на Моцарт стара 200 години.:toe:


Го имаше и во 80-те...
Не е ова темата ама на ГМО секогаш гледате како на нешто штетно. Се работи за генетски инженеринг и менување на ДНК за да се добие посилна култура а не на прскање со пестициди. Поради тој генетски инженеринг некои култури се приспособени да растат во предели на светот каде што потешко успевале и државите помалку плаќаат за увоз, како прво. Да не беше ГМО немаше да ја имаме папајата, пченките немаше да издржуваат огромни суши и така натака. ГМО се користи од осумдесеттите навака ама сега стана модерно да се џафка. Знам дека Холандија има добиено вид на пиперка која испечена многу полесно би се лупела и би била погодена за правење ајвар кај нас, само ние сме препрости за да го купиме семето.

Освен музиката, филмовите и слични работи, се е подобро од осумдесетите ама во светот, кај нас за жал е полошо :(
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Социјалните мрежи ве натераа да пронаоѓате она што не ви се допаѓа, секогаш постоеле луѓе што не се согласувале или не би се согласувале со вашето мислење и би ви кажале директно за тоа, проблем е што сите мислите дека вашето мислење е она правилното и секое друго различно од тоа ви ги повредува чувствата.
На времето како прво ти беше сигурно помал кругот на познаници и вообичаено си се дружел само со школски, роднини или познаници од населбата кои најчесто внимавале да не ти се спротистават на твоите ставови поради почит кон тебе и најверојатно твоето семејство, денес комуницираш со многу повеќе луѓе, особено тука на форум или твитер, фејсбук каде што ниту те знаат ниту ги заболе ако ти се најдеш увреѓен во она што ќе ти го пишат и тоа е тоа, ништо различно од пред 20 години, потсети се и тогаш што се случувало дури си чекал во ред каде не ги познаваш сите или кога си влегувал во дискотека каде те терале упм.
На мене ми го кажуваш ова?
Имам прилично патувано во странство во животов и вака нељубезни, дрски и вулгарни луѓе како кај нас нема никаде. Сега дека се и многу без работа, без пари, се исфрустрирани и љути цело време.
Не е овој да не се согласува со мене, туку прави заклучок без компарација - што е у старт погрешно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На мене ми го кажуваш ова?
Имам прилично патувано во странство во животов и вака нељубезни, дрски и вулгарни луѓе како кај нас нема никаде. Сега дека се и многу без работа, без пари, се исфрустрирани и љути цело време.
Не е овој да не се согласува со мене, туку прави заклучок без компарација - што е у старт погрешно.
Факт е дека народот поради многу срања е полн со негативна енергија и знае да биде дрзок, за нељубезен и така и така, многу работи што уште тука може да ги добиеш за џабе, надвор ги наплаќаат.
Дечкото пиша негово мислење што не значи дека е точно, ниту неточно, веројатно ни тој не бил роден во 80тите за да може да направи правилна споредба, но и според мене скоро се е отидено далеку понапред од тогаш. Е сега секој од своја перспектива, некој може тогаш бил 20 години и му биле најдобрите времиња, сега вика дека се катастрофа оти веќе му наближува староста и проблемите кои доаѓаат со истата.
За мене и за голем дел од членовите на форумов (најчесто се на таа возраст 20-30) години веројатно се најдобри времиња овие, иако растевме во транзиција, сепак ова се времињата кога со малку си среќен, опкружен си најчесто со друштвото, семејството, но полека минува тој период, започнува период во кој мора да сме посериозни, да гледаме и створиме семејство и почнуваат поголемите грижи, па веројатно и ние после 30-40 години ќе викаме дека сега биле најдобрите години.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Еве, у тоа време луѓето беа покултурни као за почеток. Не се обраќаа вака...
:facepalm:
Длабоко Ви се извинувам и се надевам ќе ми простите за оваа тешка некултура oд моја страна :(.

@Scirea сакав да ти реплицирам едно по едно ама ми текна дека нема поента и дека уствари темава всушност е евоцирање на некои носталгични спомени од некое време што им останало во драго сеќавање на одредени членови затоа што во тоа време биле мали/млади и безгрижни па сега им изгледа дека све тогаш било "подобро" од денес.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Позитивно од 80 тите:
Почнав да работам, се оженив, ми се родија децата,купив плац и кола!
На крајот, за време на Марковиќ, се отцепивме од јадење банани и други работи кои пред тоа беа само сон.
Негативно: Доживеав еден куп неправди при барање на работа, додека бев во странство стаорците од дирекција ми го земале станот, кој требаше да го добијам за продолжен престој во странство.
Потрошив една година на ЈНА која штитеше туѓи интереси, доживеав невидена инфлација, недостаток на бензин, млеко, леб и месо.
Вака гледано, јас сетики си ги преферирам 70 сетите:toe:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
@Кеплер се работи за субјективна оценка по многу параметри. Јас 80-тите ги живеев како дете. Каква мака терале моите само тие си знаат. Не сакам да генерализирам никогаш, ама мислам дека време што е поедноставно и подобро за еден човек, за друг може да е пекол. Единствено би правел споредби во квалитет на уметност, музика и филм, за кои сум убеден дека се посодржајни и поквалитетни сите други декади пред оваа (ако се зема декада као период што праи разлика, иако работите сега се менуваат побрзо).
Да, и односите беа други. Повозрасен чоек знаеше да ти се испонаша ако ти обесуеш, ама неговата останува последна. Имаше повеќе почит, тоа сум сигурен. Читам и некои странски форуми, никаде не е ова ниво...ај балканов да кажеме е гној (ама со сите е слична причата). Тоа здравство, коли...тоа се субјективни муабети. Нормално е Финска да има подобро здравство сега отколку тогаш...овде не е така. Со истите цитостатици ги трујат денеска како у времето баба ми коа почина, крај на 80-ти. Ние сме општество у распаѓање по многу параметри...економија, нема правосудство, царува корупција, со тоа се уништува демографија, инфраструктурата се распаѓа. Само кога некаде од Балканот се враќам во Скопје не ми е непријатно, инаку кога сум се враќал од Европа, сум седел затворен дома од ужаснување од околината. Јас го памтам Скопје за разлика од вас и многу почисто, со помалку ѓубре...и да не ти кажам колку пораздвижено и поживо навечер. Тоа ми го прави субјективното чувство такво....а нормално ако прашаш некој бездушен пратеник, министер, "бизнисмен", што осумдести години кењал на два камена и копал нива - сега му е путер.[DOUBLEPOST=1521385998][/DOUBLEPOST]
80тите се најтиња декада.
Долги коси, диска, девојки... мразам hair/glam metal.
И ти ли бе внучко?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... ДЕНЕС, додека возиш можеш да видиш покрај автопат онака без пардон како машко уринира, ако одиш пешки накај работа наутро пред себе се случува разноразни „прочистителни активности“ на телото како плукање... секнување на нос со рака...денес може секој да отвори „бизнис“ каков сака де ресторан малку да се занимава со готвење на храна, де продавница малку со хранителни продукти, де со конфекција, а порано се знаеше текстилно, трговачко кој што можеше да работи и да почитува законски регулативи, а не сега со една рака се зема пари со друга ти се приготвува сендвич, лебот нареден во гајби на патос, транспорт на прехрамбени продукти во гепек што повеќе личи на подземна канализација.... итн
...здравство? па за едно обично „чешање“ од непознато потекло ќе ти ординираат најсилен антибиотик, а младите просто „обожаваат“ цела дланка апчиња да пијат наместо да го мрднат газот малку да спортуваат за да би немале здравствени проблеми уште како тинејџери... образованието ни е во рамна линија сите ученици имаат петки и сите се одлични, а ако наставникот или професорот го опомени родителот дека неговото дете не учи може и ќотек да изеде пред да биде избркан од работа како несоодветен дека ги малтретира учениците... одамна немам слушнато од најмладите „ добро утро“, „довидување“ ... на втор состанок веќе младите сексуално се веќе добро исполегнати со сигурна бактериска сексуална инфекција поради некористење на кондом и често менувње на партнери/ки, а имињата уште не си ги знаат, а потоа само со две години во брак веќе се разведени...не се почитуваат родителите и истите кога се нема корист од нив се носат во старски дом или можеби нешто полошо...се нема возачко почитување и поради банално непропуштање на раскрсница може и ќотек и кола да ти скршат.... секој поседува оружје и кога ќе му прдне може да покаже сила на јавно место... нема воен рок, машките малтене станале депилирани нежни „кричери“што не можат да дигнат повеќе од 10 кг, а во муабетот „курот“ и „ми чуе“ им се неизбежни за да бидат „ин“.... итн и уште мноооогу други примери !
.. и што ако све е напреднато во технологија кога човекот се уназади во своето однесување и имање на човечки врелини и квалитети ? :facepalm:.... 80 _тите се знаеше кој, што ..како ! (y)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom