8 Типови на Форум Корисници

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Возраст
122
Локација
Wolfpack Reproducing Area
Веб-сајт
dangerousminds.net
Ова е еден мал осврт на форум корисници и моја препорака како да се однесувате со нив. Листава не е конечна туку оваа статија е само никулец и може да се дополнува.


1. Активисти

Најчесто дремат на подфорумите Животни, Филозофија, Храна, Здравје Општество или пак сите тие заедно. Во случај ако партиципираат на останати подфоруми ќе се обидат да ја одведат дискусијата во правец кој се движи кон нивниот активизам или пак сфера каде што се добро подготвени.
Ги има во различни теми и тоа како Активисти против тортура на животните, ЛТБГ активисти, ГМО Активисти, Леви активисти или Анархисти, Феминисти/ки, Шовинисти итн.

Како да се справите со нив:
Не се многу ризични кога се сами, но знаат да бидат доста опасни во група. Наоружани се со линкови и статии за нивниот активизам, така што ако дискусијата ја сведите на тоа да оставате референции, битката ви е однапред изгубена, освен ако не сте експерт во тоа поле или пак и самиот не сте поранешен активист, но сепак ќе се сведе цела дискусија на оставање на бесполезни линкови кој никој нема да ги прочита.

2. Фудбалски Фанови

Овие после религиозните фанатици кои ќе ги споменам понатаму се едни од покритичната група на форум корисници.
Откривање на личниот идентитет на форум и запознавање на форумџии генерално е многу лоша идеја, а уште полоша идеја е ако почнеш да дебатираш во темите за фудбалски фанови.

Како да се справите со нив:
Голем дел од нив се напалени тинејџери кој само џавкаат и немаат никаква храброст да направат некаква закана, но тука се најдуваат и социопати кој можат да ви направат вистински проблем.
Најдобро би било да не дискутирате на темите, но ако не можете да се воздржите тогаш кога ќе почнете да примате пораки од типот " EJ MORE DA TIBAM SE VO PICKA PEDER...JAVI SENA 077 321-899 I KAZI MI VO LICE DEKA CKEMBARI SE BULJASI...OVDE E MICE MATUFOT...AJDE AKO SI MAZ ZVONI P[ICKO" мислам дека ѓаволот веќе ја однел шегата е време е да прекинете на одредено време.


3. Идиоти

Како и во вистинскиот живот, така и на форумите ги има буквално насекаде. Можеш да ги сретнеш од општи теми за исповед, се до теми за екстреми спортови како Curling.

Како да се справите со нив:

Генерално се безопасни, но дискусијата со нив не треба да биде повеќе од две реплики и неколку редови на реченици. Имате сериозен проблем ако ви одземаат повеќе од 15 минути дневно и тоа го сфаќате само како некоја екскурзија на мозокот.
Во случај ако не можете да се воздржите од дискусија со нив, најдобро би било да не плаќате сметка за интернет наредниот месец.


4. Старци

Дума да нема овие се доста ретки на форумите, и генерално се ужасно досадни. Смислата за хумор кои тие сами си ја перцепираат како истенчена, најверојатни им е прекината оддамна и сами се смеат на сопствените шеги.
Интересно е што можат да комуницираат релативно добро со идиотите и најдуваат заеднички теми на интерес. Сакаат да пишуваат, ама ги мрзи да читаат.

Како да се справите со нив:
Ништо посебно, едно мало спомнување на некој од женскиот дел од нивната фамилија е доволна за да ја алармираат цела администрација и почнат да ги трујат нив оти ништо не превземаат.


5. Авторитети

Овие се тип на корисници кои се сметаат за авторитети на одредена област. Најчесто се преставуваат како бизнисмени кои работат во таа област и во некој случај како невработени магистри, доценти, доктори во таа област.
Првиот нивни пост е подолг со навреди кон скоро сите дискутанти и со голема доза на ароганција. Во останатите нивни постови дознаваме се помалку за темата на која се дискутира и се повеќе за нивниот наводен статус за општеството.

Како да се справите со нив:
Никако...Откако ќе ги распукаат и расчалгаат со факти и аргументи си заминуваат најчесто сами.


6. Религиозни Фанатици

Овие се корисници кои сериозно ја сфатиле својата улога во универзумот. Кротки се како јагниња на форуми освен дел од нив кои знаат да бидат по малку агресивни и да фрлат по некоја фатва или анатема.

Како да се справите со нив:
Колку и да се кротки на форум, во живо овие луѓе се кадарни да се расцветаат сред плоштад, воз или пак на второ полувреме од утакмица кога пуштаат редарите без карта, затоа бидете внимателни со нив во дискусијата.
Лични навреди се океј, но не се зафркавајте со нивниот Бог.


7. Корисници кои сметаат дека форумот е личен дневник

Најчесто овие корисници го прикажуваат целиот свој живот на форумот, нешто како Труман Шоу во пишана форма.
Тоа го прават во најразлични теми и во дискусии, така што во случај ако се конфронтирате со нив се повикуваат на тоа колку се храбри дека јавно се прикажале на форумот за разлика од тебе кој се криеш под превезот на анонимноста.

Како да се справите со нив:
Колку и да изгледа смешно, тешко е справувањето со нив. Скоро сите од нив стојат добро со администрацијата на форумот и се нивни божемни пријатели, па може да го кркаш ако бидеш само малку пооштар во дискусијата.
Најдобро е внимателно, аргументирано и претпазливо да ги разрешиш недоразбирањата со овие корисници.

8. Отварачи на теми

Најчесто луѓе кои немаат живот и единствена сатисфакција им еда отвораат теми на кои и немаат некакво мислење за нив, ниту пак посебен интерес за дискусија.

Како да се справите со нив:

Види упатство за справување со идиоти.
 
All-rounderi
Иритирачки досадни и глупави дечки кои што пушуваат секаде и за се, без конкретен став. На нивниот втор пост на форумот му се обраќаат на некој популарен член со „кај си беееее“ како во војска во ист кревет да спиеле.

I'd name him, but ya'll know him.
 
И оние кои во кајгана готвач сликаат цела куќа у заден план. :icon_lol:

али кој сум ја да ви судам.:unsure:

Дај малку карактеристики, како да се справиме со нив и слично.
 
Предлагам специјален тип на корисник таковано Psyside. Најдобриот лик на форум кога се работи за филм/ТВ, the man deserve a statue!
 
Треба да има и тип на форум корисници " Куродрвачи "
Тоа се тип на личности кои што секогаш се во право, и одат со "глава во ѕид" за своето мислење, ( не дека некој го интересира нивното мислење ) а врска си немаат од животот, и тестисите на нас машката популација ни ги прават "Дињи"
 
Разгледувај, разгледувај и најмногу се пронајдов тука во Активисти...
 
Фин така момент е што се најдов во повеќе категории и сега сум малце како збунет.
 
Разгледувај, разгледувај и најмногу се пронајдов тука во Активисти...

Без навреда, ама би те сместил под точка 7
 
Браво ! Сеа слободно можеш да аплицираш во државен завод за статистика :D кој што прави све аналитичар до аналитичари:)
 
И оние што мислат дека ако пола реченица ја напишат на англиски (со кирилично писмо) нивниот пост ќе биде „пофенси“ или ќе добие поголема тежина кажаното
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom