- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Пред неколку дена од страна на студентите и колегите ми беше поставено прашање за литературниот живот во Македонија во последниве неколку години.
Всушност нив ги интересира нивото на литературниот живот. Дали се одржуваат литературни настани и колку често се одржуваат истите (како поетски читања, литературни беседи и сл.).
Каков е односот помеѓу писателите, бидејќи еден од студентите (македонист) имаше интересна забелешка дека според тоа што прочитал до сега во македонските весници и портали и слушнал од пријатели Македонци, литературниот живот и односот помеѓу писателите и поетите го потсетува на животот на руските писатели од 19 век, каде што писателите се собирале во приватни домови, читале свои дела, пишувале еден за друг, се критикувале и сл. Искрено мене ова ми беше малку чудно, бидејќи навистина не ја знам најдобро оваа проблематика.
Исто така сакаа да знаат дали има лиетратурни списанија и сл. Т.е. сѐ што е поврзано со литературниот живот во Македонија.
Искрено барав на форумов ваква тема, но не најдов.
Па целта на темава е секој кој има било какви информации, кој е запознаен со проблематиката или учествува во вакви настани да го каже своето мислење.
И во иднина секој може да информира за престојни литературни настани и случувања во Македонија.