СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?

  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Сега му наоѓаат ситници, бараат влакво во јајцето кај него, секој мал инцес на било што ќе биди пукање против него, тој уште од порано ги има замрсено сметките со федерацијата...
Инаку изјави дека после Светското првенство во Русија 2018 става крај на репрезентативната кариера.
 
И за да биде иронијата поголема , игра за Шпанија. :pos:

Исто како Пандев да се залага за голема Албанија , а игра за Македонија. Страшно контрадикторно човече е Пике.

Те поздрави Хасани :icon_mrgr:
 
Глупости се ова бе, многу банална работа :ROFLMAO:
Проблемот е многу подлабок, ова е само повод за нови конфронтации.
 
Еве влезе ѕвездата. Депај :icon_mrgr:
 
Распад система имаат Холанѓаниве. Од Кројф, Ван Бастен, Беркамп, Гулит, Сидорф, Ван Дер Сар, Клајверт, Куман, Де Бур, Коку, Ван Нистерлој, Ван Перси, Ван Бронкорст, Стам се симнаа на овие ропаци. Уште Робен и Шнајдер да се пензионираат и нека стават катанец на фудбалот.

Да беше се нормално од моменталниов состав само Ван Дајк и Вијналдум ќе беа во тимот и тоа ќе греа клупа.
 
Кој му е крив на Ајакс,ПСВ и Фејнорд што немаат играч изваено 100 години...Стротман беше надежен си еба мајката со повредите,Афелај беше надежен и тој си еба мајката којзнае кај исчезна,Ван Гинкел беше надежен и го најавуваа како голем талент и тој исчезна којзнае што работи сега,Депај нема намера да биди фудбалер сега засега,Вајналдум е просечен играч тамам за во Ливерпул се сопваѓа,Блинд е чиста превара,Де Јонг дрвото од ПСВ да беше асолен играч ќе го купеше некој,Јансен од Тотенхем е ист како него само не знам како се излажаа Евреите да дадат толку пари за него..прав ропак,Класен е просечен играч и можи да продава фудбал само во тоа мизерно Холандско првенство,Ван Дер Вил не постои,Кастињос исто така го најавуваа за новиот Ван Бастен кога дојде во Интер на 19-20 години па сега го гледам се влечка по позајмици и никаде неможи да се прибери..па сега кога Снајдер и Робем се пред заминување тешко дека во блиска иднина ќе настапат на некое големо натпреварување..преслаби се
 
Сега на полувреме ги гледам резултатите, Исланд кој напредок го имат во фудбалот само. Тоа го докажаа и на европското.
330 000 жители имаат, Турција има накај 80 000 000, 2:0 за Исланд на полувреме.
Индонезија имаат 220 000 000 па незнаат да одат.
 
Што промашија Ерменија последна минута а-у!:shook:А казната ги стигна многу брзо.Последен напад,фаулиран беше Капустка,нафрли Куба и Левандовски ги матира.
 
Индонезија имаат 220 000 000 па незнаат да одат.
поентата ми беше дека премала по бројност земја може да произведе квалитетни играчи, а еден од нашите изговори е дека сме мала земја. 330 000 народ е една населба во Истанбул. Немора да вадиш земји каде што се раководат според муслимански закони.
 
Тоа со популацијата е точно од статистички аспект. Колку повеќе луѓе толку поголема шанса за успех.
Е сега арно шо не е тоа единствен фактор за успех оти во спротивно треба да крениме раце од се.
Се си бара работа, услови, посветеност и тн и тн.

Најдобар пример дека не треба да се тешиме со популацијата туку треба да ги засукаме ракавите е Уругвај.
Имаат 3.5 милиони жители (нешто повеќе од нас) ама имаат две светски и едно чудо копи америки против противници како Бразил и Аргентина.
 
Кој му е крив на Ајакс,ПСВ и Фејнорд што немаат играч изваено 100 години...Стротман беше надежен си еба мајката со повредите,Афелај беше надежен и тој си еба мајката којзнае кај исчезна,Ван Гинкел беше надежен и го најавуваа како голем талент и тој исчезна којзнае што работи сега,Депај нема намера да биди фудбалер сега засега,Вајналдум е просечен играч тамам за во Ливерпул се сопваѓа,Блинд е чиста превара,Де Јонг дрвото од ПСВ да беше асолен играч ќе го купеше некој,Јансен од Тотенхем е ист како него само не знам како се излажаа Евреите да дадат толку пари за него..прав ропак,Класен е просечен играч и можи да продава фудбал само во тоа мизерно Холандско првенство,Ван Дер Вил не постои,Кастињос исто така го најавуваа за новиот Ван Бастен кога дојде во Интер на 19-20 години па сега го гледам се влечка по позајмици и никаде неможи да се прибери..па сега кога Снајдер и Робем се пред заминување тешко дека во блиска иднина ќе настапат на некое големо натпреварување..преслаби се

Зошто олкав пост за холанѓаниве? :) Доволно ќе беше да кажеш дека моментално во холандска лига најголема ѕвезда им е Дирк Кајт со 36 години... Сам им игра во Феенорд.
 
Ај Холандија, видете ја Аргентина шо прај, утре тренерот сигурно отказ ќе јади. Лариса Рикелме сигурно ги извади да ги потреси таму на трибини.

5та е Аргентина со 16 поени а следни натпревари му се со Бразил, Колумбија, Чиле, Боливија, Уругвај и после со Венецуела, Перу и Еквадор. Овие првите три чисто сумњам дека ќе ги победат ако продолжат со овај ритам :popce:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom