Што би промениле во државава и како?

Друже Кон Артист се разбира дека нема да се донира на тие што имаат нормално или просечно него на тие што се социјално загрозени. А ова второво имаш право и Швајцарија функционира така плати ненормално високи ама данок бетер. Веројатно тоа е некој баланс за да не се помилионерчат сите жители.
"Задолжителна донација" е рекет, грабеж, принуда. Без разлика дали се работи за социјално загрозени или не, не може некого со сила да натераш да донира пари. Ако сака, ќе донира. Ако не, немаш право да го "рекетираш" само заради тоа што успеал да заработи повеќе од другите. Мислам, кој пенис!? :D

Заборавив да напишам на првиот пост па вака како надополнување... Исто така се палам и на еден од проектите на Гадафи. Работно место за секој граѓанин и работа за секој граѓанин. Воопшто смислата на функционирање на Гадафи човекот е човештина.
И ние да лежевме на нафта, и кај нас ќе имаше такви проекти. :D
 
Распуштање на законодавната, извршната и судската власт. Во исто време носење закон за прогласување на протекторат.

Понатаму, распишување на тендер за преземање на трите власти на најдобриот понудувач кој ќе понуди благосостојба, инфраструктура, напредок и други основни работи.
 
велоаргомет'т в'в всеки дом, оборудван с динамо и св'рзан к'м електропреносната мрежа и зад'лжение всеки гражданин да в'рти на колелото определено време като така, едновременно се произвежда електричество и населението спортува - две в едно зелена енергија и борба с'с затл'стјаването!
 
Радикална, коренита, темелна реформа на воспитно - образовниот процес и копирање и имплементација на сегменти од германското, еврејското и јапонското општество, т. е. масивна модификација на македонскиот менталитет, култура и колективна свест.

И после да си го вратиме Егеј и Пирин.
Пак ли бе?
 
Што ни фали во празнава куќа?
Игла и конец, лажица, супа и ред други работи до машина за садови и рамен тв.

Исто и државава, да можам би спразнала секое ѓубре в депонија, и после ново образование, здравство ново, нови администрации...

Нема да оди немам толкава депонија
Куќава не ни е празна туку полна со скапаници и смрдежи до врв...за паразити и глодари да не отварам муабет... Можам само да се надевам на некој сплет на околности така што се вика чудо или 3 чуда -да не спаси
 
требаше на времето, пред 20 години , да и објавиме војна на далечната земја; ќе не освоеа , може ќе не претвореа во притекторат или резерват, ама ќе не ранеа...валута ќе ни беше $ (Еврото падна за 2% по вчерашната изјава на Марио Драги) ... сега ова не е можно, не сме воопшто стратешки важни, а извори на нафта немаме :(
 
Во контекст на муабетов од погоре јас би сакал да станиме 53 американска држава.
 
За почеток би го променил протоколот на Трајко Вељановски и ќе оди на работа од Ѓорче до Собрание пред или после гужвата сабајле. Па неможе бе сите да касниме на работа што одиме преку партизанска ради него!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom