"Утрински весник" пишува за контроверзната Мара Бунева

  • Креатор на темата Креатор на темата wild_rider
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 февруари 2007
Мислења
114
Поени од реакции
0
ФЕЉТОН: МАРА БУНЕВА

004721969186154FB16163EBCB7647FF.jpg


Атентаторката на Прелиќ не живее во меморијата на Македонците

На панихидите доаѓаат тие што се чувствуваат Бугари и ја негираат македонската нација

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Панихидите на Мара Бунева повеќе од десетина години ја брануваат македонската јавност и речиси секој јануари, денот кога таа во 1928 година го изврши атентатот врз Владимир Прелиќ се разгоруваат страстите на луѓето кои различно го прифаќаат и доживуваат тој настан. Годинашниот инцидент што се случи крај нејзината плоча, поставена илегално на кејот на Вардар, создаде сериозен проблем меѓу Македонија и Бугарија. Од највисоко ниво Софија остро побара да се пронајдат и казнат виновниците, обвинувајќи ги македонските медиуми дека постојано водат антибугарска кампања. Неодамна, по повеќе од еден месец од настанот, бугарскиот премиер Сергеј Станишев се закани: „ Ја повикувам Македонија да направи вистинска анализа и да ги преземе сите неопходни мерки виновниците за инцидентот во Скопје ... да бидат казнети”.

Која е Мара Бунева и зошто таа и атентатот што го изврши по речиси 80 години создава толку многу тензии? Зошто официјална Софија од највисоко ниво упорно повторува и бара да се казнат виновниците? Зошто приврзаниците на нејзиното дело сиве изминати години настојуваат на диво да постават спомен-плоча на местото на кејот крај Вардар од кое таа пукаше во Прелиќ, и зошто млади македонски момчиња реагираат на тоа, а непознати лица преку ноќ ја кршат?

За да се разбере подобро сето она што се случува околу Мара Бунева, треба да се знае кој ги организира прославите на годишнините од атентатот, а кои се тие што го сметаат тоа за провокација на бугароманите, како што ги нарекуваат. На панихидите секој 13 јануари во црквата „Св. Димитрија” и крај кејот на Вардар се собираат македонски граѓани што се чувствуваат Бугари, кои сметаат дека не постојат Македонци и македонска нација. Тие исти лица своевремено го формираа здружението „Радко”, земајќи го за свое име псевдонимот на Ванчо Михајлов, чие дело го величат. На панихидата специјално од Бугарија доаѓаат и луѓе на софиската ВМРО на Красимир Каракачанов, кој е на чело на антимакедонската кампања што се води постојано од Софија. На пример, на последната панихида присуствуваше Рајна Дрангова, ќерката на Кирил Дрангов, познат терорист од групата на Иван Михјлов, кој се „прослави” по убиствата на многумина Македонци кои не се согласуваа со неговиот наредбодавец.

Во првите години на панихидите на Бунева можеа да се забележат и врвни раководители на ВМРО-ДПМНЕ, како што се Доста Димовска, ексминистерот за спорт и млади, Ѓорѓи Боев, во владата на Љупчо Георгиевски, поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници, Ѓорѓи Наумов, како и пратениците Александар Талевски и Крале Спанчевски. Кога беше министер за внатрешни работи, на една панихида телеграма испрати и Љубе Бошкоски. Обожавателите на Мара Бунева велат дека таа треба да се слави како голем херој зашто го дала животот за Македонија, а според нив србокомунистите го урнале нејзиното обележје на кејот на Вардар, кој инаку бил подигнат од бугарските окупаторски власти во 1941 година. Некои дури бараат кејот да го носи нејзиното име.

На другата страна се млади момчиња, патриотски настроени, задоени во македонскиот дух, кои одбележувањето на годишнините на атентатот го доживуваат како провокација и демонстрација на бугароманство среде Скопје, што за нив е неприфатливо, зашто тие што доаѓаат да и' оддадат почит на Мара Бунева ги сметаат за наследници на Михајлов, познат по тоа што и' нанесе многу зла на македонската кауза. Особено ги револтираат демонстративните прошетки на приврзаниците на делото на Бунева по кејот на Вардар, кои често го веат и бугарското знаме, каков што беше случајот минатата година за време на панихидата на Владо Черноземски, кој исто така беше терорист на Иван Михајлов и кој го застрела познатиот македонски деец Димо Хаџи Димов, голем пријател на Гоце Делчев.

Повеќето македонски историчари се единствени во оцената дека не треба да се велича делото на Мара Бунева. Тие не го оспоруваат храбриот чин на ова тетовка која се сметала за Бугарка, но оценуваат дека убиството на Прелиќ е само еден од атентатите што ги организирал Михајлов во Македонија за време на српската окупација, а цената за тоа секогаш ја плаќал обичниот Македонец.

Ванчо Стојчев вели: „Таа нема ништо заедничко со македонското револуционерно движење и е припадник на организацијата на Ванчо Михајлов. Убиството на Прелиќ во Скопје е извршено во полза на големобугарската идеја, а не во полза на македонското ослободително движење. Според тоа, Македонија нема причина да ја слави Бунева”. Тој додава дека македонското национално револуционерно движење не е поврзано со Мара Бунева, туку таа е поврзана со ванчомихјаловистите и е следбеник на големобугарската идеја во Македонија. Стојчев го поткрепува тоа со фактот што Борис Бунев, братот на Мара, бил десна рака на Михајлов.

Македонските историчари, кои сметаат дека Бунева не треба да се величи, подвлекуваат дека фактот што таа живее во меморијата на бугарскиот, а не на македонскиот народ и тоа што ја чествуваат Бугари, а не Македонци, е најубедлив доказ за нејзиното дело. Истовремено додаваат дека тоа што луѓе на антимакедонската ВМРО на Красимир Каракачанов повеќе години наназад по кејот на Вардар се шетаат со бугарски и знамиња на неговата партија, без македонско знаме, е очигледна демонстрација на бугарството. Тие ја обвинуваат македонската држава што не презема нешто против тие што ја пеат песната „Шуми Марица”. Историчарите не ја оспоруваат саможртвата на Бунева и велат дека е голем херојски чин. Можеби таа гинела за Македонија, но нејзиниот наредбодавец не се борел за денешна Македонија, туку за Македонија на Бугари, без Македонци. Истовремено, тие прашуваат зошто луѓето што се собираат на панихидите на Бунева и на Черноземски ги прославуваат само овие пробугарски имиња од македонската историја, а зошто не, на пример, и годишнините од загинувањата на Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други кои се многу, многу позначајни за македонското дело од обичните атентатори, како што се Мара Бунев и Владо Черноземски.

Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија, има поинакво мислење. Вели дека инцидентот е непримерен чин и тоа многу ќе влијае на меѓудржавните односи на Бугарија и Македонија, а виновниците треба да бидат откриени и казнети. Тој смета дека македонската историографија треба да се произнесе за личноста на Бунева, а не некои публицисти и идеолошки оптоварени луѓе. „Според она што може да се сретне во документите, Бунева била инспирирана од подвигот на Менче Карничева, која во 1925 година во Виена го уби Тодор Паница. Поттикната од тој чин, сакала и таа да даде свој придонес, влегла во организацијата преку братот Борис Бунев, кој биле воен инструктор на ВМРО во Пиринска Македонија. Таа дури и го напуштила сопругот само да изврши едно патриотско дело”, вели Тодоровски. Според него, таа дошла во Скопје со цел да убие висок државен чиновник на тогашната окупаторска власт. Еден од нив бил Велимир Прелиќ, висок полициски чиновник, човек кој најмногу ги измачувал уапсените македонски студенти во познатиот судски процес во 1927 година, одржан во Скопје.

Тодоровски додава дека атентатот извршен од Бунева врз Прелиќ е патриотски чин. „Нашите комунисти за такви нешта добиваа ордени на херои и цело време уживаа привилегии од власта. Треба да се даде научна верификација што значи таков чин извршен врз еден озлогласен чиновник на една окупаторска власт, без разлика од која средина е испратена таа. Тогашните весници тоа го обележаа како чин дека таа умира за Македонија”, смета Тодоровски.

Македонските историчари кои го истражувале времето на Кралска Југославија, кога Македонија била под српска окупација и кога владеело невидено насилство и асимилација врз македонското население од страна на Србите, како и акциите што ги вршеле групите што ги испраќал Иван Михајлов од Бугарија, но никој посебно не истражувал за Мара Бунева. Единствено за неа може да се дознае од бугарски извори, пред се' од обемните спомени на Иван Михајлов што ги пишувал во годините додека живеел во Рим, кој од разбирливи причини го глорифицира делото на оваа, како што ја нарекува, македонска Бугарка.

Според неговите пишувања, Бунева е родена во 1901 година во Тетово. Нејзиниот татко Никола бил учител, но се занимавал и со трговија, а мајка и' Ана потекнувала од богата тетовска фамилија. Имала двајца браќа - Борис и Лазар и три сестри - Еленка, Нада и Вера. Прогимназија завршила во Тетово, стопанско училиште во Скопје, а потоа заминала во Бугарија . Живеела кај својот братот Борис, кој бил во кавалериската школа во Софија. Тогаш научила да јава на коњот на нејзиниот брат кога и ја снимила познатата фотографија. „Лесно се справувала со братовиот коњ Арчибалд, англиско потекло, убав и спокоен. Но, љубела често и да стрела со револвер ’маузер‘, калибар 7,65, носен од брат и'”, пишува Михајлов. Подоцна се омажила за Иван Хранков, офицер на бугарската армија.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F414049860D3DD4C944956A9B79430AB
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Бугарската окупаторска власт и' оддаде незапаметена почит

0068E1B846AA54499A6A78E8B09DCCC3.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (2)

ВИКТОР ЦВЕТАНОВСКИ

Мара Бунева за атентатот врз Владимир Прелиќ се подготвувала во Софија. „За да се подготви достојно да ја исполни големата мисија, што ја прифатила со сета страст и со силата на целото свое суштество, Мара Бунева помина еден опширен и разновиден тренинг на спорт, стрелба, на издржливост и кога почувствува дека е подготвена да го изврши подвигот, замина во родната држава”, пишува весникот „Илинден” во 1942 година по повод годишнината од убиството на Прелиќ.

Ванчо Михајлов во своите спомени вели дека таа добро знаела што значи српскиот режим. Ја следела борбата што ја водела против него ВМРО и се револтирала од грозотиите на српската власт во Македонија. „Се запознала и со многумина од македонската емиграција, како и со некои поистакнати борци”, пишува тој. Од Софија во Македонија се вратила на 22 мај 1926 година, објаснувајќи му на сопругот дека оди во Тетово за да си го земе чеизот. Извесно време престојувала во родниот град, а потоа се преселила во Скопје со намера да убие некој од раководителите на тогашната српска власт, тврди Михајлов. „За да не се сомневаат во добрите Бугари, таа избегнува да се дружи со бугарските фамилии во Скопје, а им се приближува на српските. Се зафаќа да шие женска облека, се вработува во еден кројачки дуќан. Шиела облека за сопругата на Прелиќ. Живеела под кирија во србоманската фамилија Хаџи Ристиќ. Тоа влевало доверба кај власта”, пишува Михајлов. А Хаџиристиќи била соседи со убиениот Прелиќ.

Од пишувањето на тогашните српски весници можат да се прочитаат истите податоци, дека таа била под кирија кај видниот скопски трговец Хаџи Ристиќ, брат на бившиот скопски градоначалник. Бунева во Скопје научила да шие и отворила шивачки дуќан. Создала широки врски и навлегла во круговите на високото српско општество. Во почетокот на декември 1926 година заминала во Бугарија, наводно, да се разведе со мажот, а потоа повторно се вратила во Скопје. Михајлов раскажува дека таа тогаш посакала да ја види Менча Карничу, која го изврши атентатот врз Тодор Паница во Виена и тие денови по судскиот процес се вратила во Софија.

„Менча живееше со своите родители во Софија и многу посетители дојдоа кај неа за да ја посетат за време на тие месеци. Мара дошла со една пријателка и со сопругот на пријателката, офицер. Кога ме виде по извесно време, Менча не пропушти да ми каже дека се запознала со сестрата на мојот другар Борис Бунев, дека дошла на гости во нејзиниот дом. И додаде: ’Таа жена е создадена за големи дела‘. Ја погледнав со чудење и ја прашав: ’Што сте разговарале, па сте дошле до таков заклучок? Таа ли покажа подготвеност за некаква акција или што?’ ’Ништо посебно не сме разговарале. Напротив, само јас и нејзината пријателка разговаравме. И јас не знам зошто имам таков впечаток. Толку многу жени сретнав, толку прегрнав, а за никоја досега не можам да кажам такво нешто...”, му раскажала Менча на Иван Михајлов. Менча Карничу атентатот врз Тодор Паница, Бугарин по националност, еден од санданистите кој сметаше дека македонскиот народ треба да се ослободи сам, а не со мешање на бугарскиот двор, го изврши на 8 мај 1925 година по налог на Ванчо Михајлов. Таа се спријателила со семејството на Паница и кога сите заедно отишле да гледаат претстава во познатиот Бургтеатар, истрелала седум куршуми во грбот на Паница. По неколку месеци, на 30 септември и 1 октомври, во Виена било одржано судење на Менча Карничу и како тешко болна била протерана од Австрија.

Интересна е и една епизода поврзана со Менча Карничу и Ванчо Михајлов што ја раскажува Петар Шанданов, инаку близок човек на Иван Михајлов во тоа време, а подоцна, по убиството на Александар Протуѓеров во 1928 година, негов најголем непријател. Во своите спомени објавени на македонски јазик во 2002 година, тој разоткрива една сурова вистина како Менча станала атентатор по налог на Михајлов и подоцна негова сопруга. Нивната љубов не изгледа толку романтична како што сака да ни ја претстави долгогодишниот лидер на терористичката ВМРО. „Таа во 1923 и 1924 година до заминувањето во февруари во Виена, беше курирка на Паница. Како таква таа му била сомнителна на Ванчо Михајлов и била грабната со автомобил и одвлечена во вилата на Божинов. Таму врз Менча биле применети такви инквизиторски мачења што не се да се споменат некаде. По долготрајни измачувања, најпосле Менча Карничу признала се' и му ветила на Михајлов дека е подготвена да го убие Паница и дека се кае за се'. Михајлов сето тоа му го соопштил на Тодор (се мисли на Тодор Александров, н.з.) и овој се согласил да ја пуштат, но му рекол на Михајлов постојано да одржува контакт со неа и да ја има на око. Малку по малку, меѓу Михајлов и Менча се роди љубов”, пишува Шанданов, кој инаку е роден во Охрид и цели 42 години бил вклучен во македонското револуционерно движење.

Михајлов во спомените раскажува дека Мара толку многу стекнала доверба кај тогашните српски власти што успеала да биде определена меѓу неколкуте жени кои требало да присуствуваат на банкетот што бил организиран по повод предавање во употреба на електрична централа во Скопје. Очекувала на банкетот да дојдат владиката Варнава, жупанот Вилдовиќ и Прелиќ, но од непознати причини никој не дошол. Според него, таа тогаш планирала да ги убие нив. Таа дури еднаш влегла во куќата во која живеел Прелиќ, барајќи начин да го ликвидира.

C440FB10ACC77342BB35D4B4D5F86C84.jpg


Бунева го извршила атентатот врз Прелиќ на 13 јануари 1928 година точно во 12 часот и 15 минути. Го пресретнала на кејот на Вардар во близина на денешниот хотел „Холидеј ин” и три истрели од револвер испукала во него, а потоа еден куршум истрелала во себе. Притоа, се обидела да се фрли во Вардар, но не успеала. Тешко ранета била однесена во болница. Дежурниот лекар, инаку Ерменец, кој присуствувал за време на операцијата што била извршена врз неа, подоцна раскажал: „Бев дежурен лекар кога ја донесоа. Ми се јавија од жупанијата да се потрудам да ја зачувам жива додека не дојдат лекар од Белград и истражните власти. Навистина, по два часа со авион дојде лекарот на дворот, генерал Костиќ од Белград. Со него дојде и жупанот Вилдовиќ. До три часот Мара беше при свест. Генералот Костиќ ја праша: „Зошто, госпоѓо Мара, го убивте Прелиќа?” „Го убив зашто тој ги измачуваше моите млади сонародници, македонските студенти”, одговорила таа и потоа прашала дали е мртов Прелиќ.

Мара починала наредниот ден по извршувањето на атентатот. Полицијата направила претрес во собата каде што живеела, но не нашла никаков компромитирачки материјал. Според белградскиот весник „Правда”, главните усилби на полицијата биле да откријат дали Бунева имала соучесници и јатаци, но никогаш не се дознало тоа. Биле уапсени и две нејзини пријателки, нејзините сестри, но ништо не дознале од нив. Мара Бунева била погребана од полицијата, но никој не го знае нејзиниот гроб.

Како што пишува Михајлов во спомените, три дена откако починала, на разни места во Бугарија и меѓу емиграцијата во странство биле организирани панихиди. На панихидата во Софија говорел врачанскиот митрополит. Голема панихида на Мара Бунева била одржана во јануари 1942 година, кога бугарската армија ја окупирала Македонија. Како што пишува дописникот од Скопје за весникот „Илинден”, на 14 јануари скопјани присуствувале на „една манифестација на бугарското родољубиво чувство, еден од ретко изживеаните денови за Македонија”. Неколку дена пред панихидата на крстот поставен на местото каде што пукала Бунева биле наредени светилки кои деноноќно светеле, а почесна стража од млади лица постојано дежурала. Дента на Василица митрополитот Софрониј извршил симболичен погреб на Бунева. Панихидата се одржала во црквата „Св. Богородица”, која за време на бугарската окупација изгоре, а сега ја обновува градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, со своја донација. На неа присуствувале високи воени лица и градоначалникот на Скопје, Спиро Китинчев. За делото на Бунева говореле највисоките личности на власта и притоа биле положени 50 венци.

Иван Михајлов во сеќавањата за Мара Бунева ќе се потсети на последната средба со неа: „Скоро ќе се навршат четириесет години оттогаш. Понекогаш ми се чини дека се четири столетија, а често ми се чини дека изминале само четири часа откако последен пат се разделив од неа. Беше магловит, влажен ден. Како се' уште да гледам како врз нејзината облека паѓаат капки дожд. Немаше што повеќе да си кажеме. Нејзините очи ме гледаа директно. И при ракувањето ја почувствував нејзината сигурност, а заедно со тоа трепетот на раката што можеше да се долови - знак дека сакаше да ме прегрне, за збогум со мене и со сите што останаа по неа да се борат. Некаква вина и мака чувствувам и сега, дека пропуштив да ја прегрнам”, напиша Михајлов, очигледно мошне емотивно поврзан со Бунева.

Одмаздата на српските власти не изостанала. Најпрво исчезнал братот на Бунева, Лазар, кој бил војник во битолскиот гарнизон. Подоцна во Тетово бил убиен нејзиниот братучед, адвокатот Борис Андрејчин. Нејзиниот татко веднаш бил уапсен и останал во затвор 8 месеци.

Велимир Прелиќ починал четири дена по атентатот. За него и за неговиот живот не се знаат многу детали. Кога бил убиен, бил правен советник на префектурата во Скопје. Роден е во Сјеница, Србија, а во главниот град на Македонија дошол за време на турското ропство, уште во 1903 година. За разлика од тврдењата на Михајлов дека тој ги измачувал македонските студенти судени во 1927 година, македонските историчари тврдат дека нема вистина во тоа.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E4D7CFB4BC27154586AFB4E98EEEA675
 
Kako prvo, ako stvarno se borela za za osloboduvanje na Makedonija kako nezavisna drzava sekoja cest, ama ako se borela za pripojuvanje na Makedonija vo sklop na bg bi ja zapalil na sred plostad.

A vie bugarcinja glupi samo nadevajte se deka Makedonija ke se pripoi kon bg, i pirinska makedonija ke vi ja zememe za nekoe vreme kako i egejska, mozebi ke potrae podolgo ama ke bide nasa, cela MAKEDONIJA.

Bugarcinja koga ke svatite deka vie ste vestacka tvorba na Rusija (nemam nisto protiv Rusija) koja sakala da ima vlijanie na Balkanot so pripojuvanje na Makedonija i so zemanje na nejzinata istorija, kultura i religija. Vie ste samo pleminja mongolski.
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Обвинетите македонски студенти ги бранел Анте Павелиќ

402D9851A067CC42A0DA3A499F698A10.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (3)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

На атентатот што го изврши Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија - во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.

ВМРО на Ванчо Михајлов ќе се обиде судскиот процес да го искористи за свои цели, настојувајќи студентите да ги прикаже како Бугари, дека се борат за бугарската кауза. Организацијата на Михајлов дури ја плаќала и одбраната, а од Загреб специјално дошол да ги брани тогаш познатиот адвокат Анте Павелиќ, кој подоцна ќе стане поглавник на Независна држава на Хрватите, која за време на Втората светска војна застанала на страната на нацистичка Германија. Михајлов со него подоцна ќе стане голем пријател.

Од студентите членови на ММТРО, прв бил уапсен Димитар Ѓузелов, на 29 мај 1927 година, а потоа и другите. Судењето започнало на 15 ноември 1927 година и траело само неколку дена. Тоа побудило големо интересирање и за него пишувале сите поголеми европски весници. Пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година. Деветмина од нив биле осудена на казна затвор - Димитар Ѓузелов од Дојран и Иван Шопов од Гевгелија на по 20 години строг затвор, Димитар Нацев од Струмица на 15, Димитар Чкатров од Прилеп на 10 години. На петмина од нив - Харалампие Фукаров, студент на Машински факултет во Белград, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години затвор. Другите единаесетмина: Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманов, двајцата од Велес, Јордан Сапунџиев од Дојран, Кирил Вангелов, Христо Хаџикимов, Благој Манев, Тодор Христов, Страхил Иванов, Кирил Караџов, сите од Штип, биле ослободени.

ВМРО на Михајлов ќе настојува организацијата на младите македoнски студент да ја стави под своја контрола, за што ќе се одржат и неколку средби со претставници на ММТРО. Но, тие ќе завршат без успех. Кирил Прличев, кој присуствувал на нив, во спомените објавени во Софија ќе напише: „Младите од Македонија се плашеа од права и не прифаќаа задолженија. Тие настојува да се одложи една година правото и задолжението за влегување во редовите на ВМРО по завршувањето на образованието”.

„Ваквиот крај на разговорите меѓу претставниците на ЦК на михајловистичката ВМРО, во кои последните не се согласиле да станат дел од механизмот на михајловистичката ВМРО и на нејзините шпионски и терористички методи, ја решил и иднината на ММТРО во вардарскиот дел на Македонија”, тврди академик Иван Катарџиев. Тој подвлекува, кога во ВМРО сфатиле дека кај членовите на ММТРО постои бескомпромисна определба за самостојно и независно дејствување од ВМРО, довело до идејата за предавство на членовите на ММТРО. „Предавството, се сметало, би имало поголем пропаганден ефект отколку што би можело тоа да се постигне со дејност која не се вклопувала во шемата на активностите на ВМРО. Од експлицитното тврдење на Кирил Караџов од Штип, член на ММТРО и еден од притворените студенти, сугестијата за предавство потекнала од членовите на Задграничното претставништво, Георги Баждаров и Кирил Прличев, по средбата на планината Влаина. Тие на еден од делегатите од ММТРО во Горна Џумаја му порачале „да ги смират другарите што се бунат, во спротивно да инсценираат предавство”, пишува академик Катарџиев во Историјата на македонскиот народ.

Како што подвлекува македонскиот историчар, студентите со своите изјави пред судот не ги задоволиле желбите на големобугарската пропаганда, која очекувала да се определат како Бугари. Тие се претставиле како Југословени. „Подобро ќе беше во врска со тоа да ги послушаа сугестиите, кои на соодветен начин им беа давани: тврдо пред судот да држат дека се Бугари. Тоа ќе беше најважниот и фактички поубиствен удар против Србите”, пишува весникот „Македонија”, кој бил под контрола на Михајлов. Барањата упатени до затворените студенти да се изјаснат дека се Бугари биле доставени од ВМРО, преку затвореникот Димитар Шалев, член на местен комитет на ВМРО во Скопје.

„Ваквата непослушност на студентите некои во Бугарија не им ја заборавиле. Четиринаесет години подоцна (1941), во една анализа на бугарската окупаторска власт, во врска со тоа е забележано: ’Дури и оние што од организацијата добивале пари, не се изјасниле за Бугари. Сите обвинети на судењето својата активност ја претставувале врз југословенска основа’. Но независно од тоа, се вели во анализата, бугарскиот печат со сите сили се трудел судењето да го претстави како манифестација на бугарскиот дух, иако ’обвинетите ниту збор не спомнале за Бугарија’. Наспроти тоа, во својата одбрана некои од обвинетите истакнале дека ММТРО во вардарскиот дел на Македонија се залагала за легална културна и политичка активност во државата. Тие ја обвинувале власта за денационализација и асимилација на македонскиот етнос. Ѓузелов во својот говор категорично констатирал дека планот на српската власт во областите на културата и политиката што се спроведувал во Македонија народот ’не може да го прифати зашто тој не се потпира на традицијата на тие луѓе’. ’Не може, рекол тој, ’од Македонците кои немаат права само да се бара да ги исполнуваат своите обврски. Власта мисли со еден удар да го откорне месното македонско сознание’”, пишува академик Катарџиев.

Македонскиот историчар смета дека судскиот процес на студентите во Скопје практично го означил и почетокот на крајот на ММТРО во Македонија, ММТРО доживеала два странични удара: едниот од српската власт, другиот од михајловистичката ВМРО. Убиството на Александар Протогеров на 7 јули 1928 година, по наредба на Иван Михајлов, повторно ги активирало споровите и несогласувањата меѓу дел од членовите што биле уапсени. Иван Бојаџиев и неговите пријатели повторно ја истакнале потребата од самостојна организација во Македонија, на која и' е туѓ тероризмот. Бојаџиев својата желба нема да ја оствари. Во Виена се нашол во тешка материјална положба, без средства за живот. Заболел од туберкулоза на коските и починал набргу потоа, пролетта 1930 година.

„Тоа практично било и крај на ММТРО во вардарскиот дел на Македонија или поточно крај на оној дел од неговите членови кои се залагале за самостојна и независна асоцијација на македонската интелигенција. Еден незначителен број студенти, како што се Коста Црнушанов и Тома Петров, што останале верни на ВМРО, ја продолжиле својата дејност надвор од Македонија. Според Кирил Прличев, Коста Црнушанов по судскиот процес преку Унгарија пребегал во Софија. „..Но, не за да се врати во Македонија, па да пополни едно од испразнетите места на обезглавената ММТРО, туку за да се најде на високо место во Михајловата ВМРО во странство”.

32C194708193B7418CD009C9C397286A.jpg


„За цело време на Кралството Југославија живите приврзаници на Иван Бојаџиев настојувале да го зачуваат својот македонски политички интегритет. Тие одржувале контакти со прогресивните сили на македонското национално и револуционерно движење и во текот на Втората светска војна се вклучиле во ослободителната војна на македонскиот народ. Оние што му останале верни на ВМРО во текот на војната се ставиле во служба на бугарската окупаторска власт во Македонија”, заклучува Катарџиев.

Ликвидирани повеќе членови на ММТРО
Членот на ММТРО, Коста Црнушанов, кој се ставил на страната на ванчомихајловистичката ВМРО, почина пред десетина години во Софија и до крајот на животот остана на бугарски позиции. Тој детално пишува за скопскиот судски процес и за репресиите што ги вршеле српските власти по завршување на судскиот процес. „Два дена откако беше произнесена пресудата во Скопје, на улица во Струмица беше застрелан членот на ММТРО Томе Кујунџиев. На 29 декември истата година во Неготино, во раните зори, беше застрелан младинецот Георги Ангушев, исто така, член на ММТРО”, пишува Црнушанов. Еден месец подоцна, во Тетово бил убиен и адвокатот Борис Андрејчин, есента 1928 година на железничката станица Јесенице во Словенија бил ликвидиран Кирил Ципушев од Радовиш, исто така, член на младинската организација. Наредната година во подрумот на полициската станица во Штип бил убиен Благој Монев, еден од тие што биле ослободени на судскиот процес. „Подоцна во Дојран беше застрелан низ прозорецот на неговата спална младинецот Кољо Чакаров, исто активист на ММТРО, а во текот на декември 1931 година во Гевгелија е убиен Трајко Попов, исто така, член на ММТРО, заедно со татко му Теохар Попов и неговиот другар Илија Димов, исто така, член на младинската организација”, пишува Црнушанов.
(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/default-mk.asp?ItemID=BF9107DCD288DA46A298D2D5C53A98BF&arc=1
 
9C6BEAE035F8DB4D90574476034E1DBC.jpg


ФЕЉТОН: МАРА БУНЕВА

Жестока одмазда на српската власт врз македонскиот народ
Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (4)

Едниот брат терорист на Ванчо Михајлов, другиот на
Јован Бабунски

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Македонските историчари што го истражуваат периодот на окупацијата на Македoнија од српските власти за време на Kралска Југославија истакнуваат дека за атентатите на ванчомихајловистичката ВМРО, меѓу кои и за атентатот на Мара Бунева, македонскиот народ платил многу висока цена. Одмаздата на српските власти била сурова и масовна, а страдале и невини жртви. Михајловистичката теористичка активност во Македонија особено била карактеристична во втората половина на 1927 година кога биле извршени атентати во разните делови на централна и источна Македонија. Есента 1927 година бил извршен атентат во Гевгелија, а во Штип бил убиен генералот Михаило Ковачевиќ.

146212E7E74BD04283162E6BA9970596.jpg


Димче Зографски, кој по извршувањето на атентат бил затворен и осуден, пишува дека генерал Ковачевиќ бил убиен на 5 октомври 1927 година, околу 18 часот, пред портата на куќата во која живеел. Во него стрелале двајца терористи на Михајлов - Епикрат Развигоров, роден во Штип, и Благој Кралев, роден во Куманово, испратени специјално од Софија да го извршат убиството. Нив им помагал штипјанецот Илија Лилинков, кој бил емигрант во Бугарија, а потоа се вратил во Штип каде што работел како шивачки работник. По атентатот, полицијата извршила масовни апсења. Се' што било сомнително се нашло во затвор. Секоја штипска куќа била претресена и кога во ниту една не го нашле соработникот на атентаторите Илија Лилинков, веќе биле сигурни кои се можните убијци на генералот. По два дена од убиството се откриени двајцата атентатори и нивниот сооучесник. Жив го фатиле само Благој Кралев, а Епикрат Развигоров и Илија Лилинков се самоубиле.

„Атентатот на генерал Ковачевиќ ја повампири малу стивнатата реакција во Штип и Брегалничко, одново се појавија на сцена најтемните полициски типови од мафијата на Каламатија. Започнува крвава оргија. Најпрвин во полицијата, за одмазда со стапови е убиен таткото на Илија Лилинков, 75-годишен старец, потоа го изведоа од затвор 70- годишниот Мише Гаврилски (татко на Ванчо Михајлов) и убиен е заедно со неговиот син Ристо на мостот на реката Отиња кај Ново Село (Штип). Од затвор се изведени и ликвидирани Ристо Бујуклиски од Штип и Добри Паликрушев, 17- годишен младинец, член на СКОЈ, исто така од Штип. Во затвор во една ќелија на 19 и 20 февруари 1928 година жандари со раце го задушиле Коста (Коциро) Развигоров од Штип, брат на атентаторот Развигоров”, пишува Зографски.

Притоа, тој напомнува дека примерот на двајца браќа Коста и Епикрат Развигоров е најдобра илустрација за големата македонска трагедија предизвикана од бугарската и српската пропаганда. Коста бил четник во четата на Јован Бабунски и учесник во низа терористички акции на овој просрпски војвода, а другиот брат, атентаторот на Ковачевиќ, се нашол на спротивната страна и станал терорист на Иван Михајлов.

Во штипскиот затвор биле донесени и 30-ина лица од други места. Според кажувањата на селани од Кочанско, Беровско и Делчевско, откако ќе ги затвореле, истата ноќ ги одведувле и ги ликвидирале. Зографски спомнува дека вкупно 200 лица по атентатот биле ликвидирани од српската полиција. Подоцна се организирале судења по кои е изречена една смртна пресуда на атентаторот Благој Кралев, а многумина се осудени на повеќе години робија.

Академик Иван Катарџиев репресиите што ги вршеле тогашните српски власти по атентатот на Ковачевиќ ги опишува со следните зборови: „Одговорот на власта бил жесток: 400 луѓе биле уапсени, чаршијата била затворена цела седмица, биле убиени околу дваесетина граѓани во целата околија, службениците-Македонци биле отпуштени или преместени, составен е црн список на видни граѓани и е создадена атмосфера на страв и терор”. Македонскиот историчар пишува дека атентатот кај селото Аџалари го предизвикало апсењето на толпа селани, а убиството на Владимир Прелиќ во Скопје придонело да се воведе воена состојба и во Скопската област, а за жупан е именуван офицер, полковникот Наумовиќ.

„Во одговорот на михајловистичките активности, покрај дотогашните воени, полициски и паравоени организации, српската власт концентрирала и посебни единици составени од српски доброволци. Според извори на италијански дипломатски кругови во Белград, кон крајот на 1927 и почетокот на 1928 година во Струмица била стационирана единица со повеќе од 600 доброволци, во Кавадарци со 800, потоа во Овче Поле, за територијата на Штип, Кочани и Радовиш над 1.300 доброволци. Слични единици биле формирани и за одбрана на границата со Албанија, составени од Албанци, Македонци и Руси - белогардејци. Целта на овие единици била да се избегне употребата на војската во судирите со четите и да се создаде впечаток дека населението самостојно ја организирало сопствената одбрана. Во областа завладеале анархијата и самовоилето. Голем број од жителите, за да го зачуваат својот живот, биле принудени да побегнат во планините или преку граница”, пишува академик Катарџиев. Тој истовремено подвлекува дека тогаш од Штипско, Радовишко, Светиниколско, Царевоселско (Делчевско), Кочанско, Беровско и Виничко се одметнале 575 луѓе, 169 побегнале во Бугарија, а 276 биле прогласени за непослушни.

Познатиот историчар цитира и една информација напишана по барање на кралот, која на најдобар начин ја отсликува положбата во Брегалничко: „Во целата Штипска област, како и во самиот Штип, народот е вознемирен и се наоѓа постојано на стража и патроли поради што се добива впечаток на мобилизација”. По целата должина на пругата Кочани - Штип, долга 35 км и Штип - Велес, 45 км, народот стражарел 24 часа; а на пругата од Ристовац до Гевгелија, на секои 2 км стражареле по 20 селани и еден жандар. Граѓаните на Велес секоја вечер давале по 40 стражари за чување на пругата.

„Народот е премногу напатен, особено во Неготино, Кавадарци, Пепелиште, каде што се жали дека положбата е неиздржлива. Поради ангажираност не е во состојба да ги извршува своите домашни работи. Се случува луѓето да немаат време ниту жито да си сомелат, зашто многу пати одат на должност без леб”.

Како што наведува Катарџиев, режимот сметал дека со бесмислените атентати добил шанса да ги употреби сите можни средства за да го реши на најбрз начин македонското прашање во своја полза. Скопскиот велик жупан, полковникот Наумовиќ ја дал и следнава изјава: „Знаеме дека атентатите се дело на луѓе испратени од Бугарија и од Италија. Но, ние со нив не сакаме да војуваме... Бидејќи се работи за бивши егзархисти во јужна Србија, кои се' уште настојуваат на својот бугаризам, ние при секој погоден повод масовно ќе ги истребуваме додека и последниот од нив не се почувствува Србин”.

Дека тогашната српска власт со невидена жестокост ја спроведувала својата репресивна политика врз недолжното македoнско население говори и бројот на војници и полицајци што биле стационирани во Македонија. Во зависност од потребите, бројот на жандарите меѓу 1921 и 1934 година се движел од 10 до 20 илјади жандари. Покрај тоа, се формирале и посебни (четнички) паравоени организации, постоело и посебно Здружение против бугарските бандити.

„Во целина, кога дејноста на ВМРО на Иван Михајлов главно била ориентирана кон изведување атентати и започнала да ги губи својата сила и агресивноста, тогаш во Вардарскиот дел на Македонија режимот држел вкупно 54.700 вооружени луѓе. Концентрацијата на толку голем број вооружена сила на простор од 25 илјади км2, со околу еден милион население, само по себе доволно јасно ги отсликува условите во кои бил поставен македонскиот народ и во кои се одвивала акцијата на неговата србизација”, пишува академик Катарџиев.

За невидените репресии што се вршеле тогаш врз македонскиот народ говорат и следниве бројки што ги наведува познатиот историчар. „Во 1924 година демократската влада на Љуба Давидовиќ амнестирала 18 илјади затвореници. До 1930 година над 50 илјади биле обвинети за политички дела. За десет години, меѓу 1919 и 1929 година, биле извршени 1.400 политички убиства, а 14 села биле запалени од жандармеријата и контрачетите. Своевиден пример за безобѕирен терор е нападот на 3 март 1923 година на селото Гарван, Радовишко, извршен по наредба на жупанот Добрица Матковиќ. Тогаш биле убиени 28 селани.

Теророт и тешката политичка атмосфера во Македонија тогашниот претседател на југословенската влада Милан Стојадиновиќ ќе го опише со овие зборови: „... Најздодевна (за Југославија - б.м.) беше Бугарија, бидејќи од нејзината територија се префрлуваа комитаџиите, кои сееја терор по Македонија приклучена кон Југославија, а на овој терор одговарале со драстични мерки нашите полициски власти - врз сопственото население. Така, имавме еден надворешен политички проблем, искомплициран со внатрешна несреденост во една цела провинција”.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4020EC643D894E478D52066B0E737925
 
„Во целина, кога дејноста на ВМРО на Иван Михајлов главно била ориентирана кон изведување атентати и започнала да ги губи својата сила и агресивноста, тогаш во Вардарскиот дел на Македонија режимот држел вкупно 54.700 вооружени луѓе. Концентрацијата на толку голем број вооружена сила на простор од 25 илјади км2, со околу еден милион население, само по себе доволно јасно ги отсликува условите во кои бил поставен македонскиот народ и во кои се одвивала акцијата на неговата србизација”, пишува академик Катарџиев.

За невидените репресии што се вршеле тогаш врз македонскиот народ говорат и следниве бројки што ги наведува познатиот историчар. „Во 1924 година демократската влада на Љуба Давидовиќ амнестирала 18 илјади затвореници. До 1930 година над 50 илјади биле обвинети за политички дела. За десет години, меѓу 1919 и 1929 година, биле извршени 1.400 политички убиства, а 14 села биле запалени од жандармеријата и контрачетите. Своевиден пример за безобѕирен терор е нападот на 3 март 1923 година на селото Гарван, Радовишко, извршен по наредба на жупанот Добрица Матковиќ. Тогаш биле убиени 28 селани.

Спектакуларни податоци!
 
Една реченица ми беше доволна да прочитам за да разберам дека Виктор Цветановски сака да ги насочи читателите дека Мара Бунева и ВМРО се виновни што србите правеле зулуми после атентатот(ко пред тоа да немало). Значи просто кажано..Ако овие правеа зулуми!Н е се тие криви, криви се ВМРО затоа што го ликвидираа Прелиќ. Ебати новинарскиот плиток мозок!!!
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Ванчо Михајлов умирал и тврдел дека македонска нација не постои

D5829925D9D29D40AEA309DF77D37811.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (5)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Нема никакви дилеми дека Мара Бунева била човек на Ванчо Михалов и дека атентатот врз Владимир Прелиќ го извршила со негово знаење. Таа се подготвувала во Софија, била блиска со луѓето од неговата организација, а нејзиниот брат бил негов воен инструктор. Тоа ќе го признае и Михајлов во белешките што ги водел. Кога неговите соработници во Скопје го предупредувале дека таа другарува со повеќе српски семејства и дека можеби е српски шпион, тој ќе им испрати порака дека целосно и' верува и е сигурен во неа, зашто таа, како што вели, била негова ученичка и верна соработничка. Притоа, Михајлов посебно ќе нагласи дека од неа примал најконспиративни извештаи за состојбите во Македонија, а тоа што било најдоверливо Мара Бунева му го испраќала во шифри, извезени на платно. Благодарен за атентатот што го извршила, барал секој 13 јануари, на местото од каде што пукала во Прелиќ, младите да оставаат свежо цвеќе. Кога на 14 јануари 1942 година била оргнизирана голема панихида на бугарската окупаторска власт во Македонија, Михајлов од главниот град на тогашна НДК, каде што цели три години бил гостин на поглаварот Анте Павелиќ, ќе порача специјален венец.

Ванчо Михајлов е негативна личност од македонското револуционерно минато, човек кој зад себе оставил многу крвави траги. По негова наредба се извршени многу злосторства, убиени се многумина македонски дејци. Тој бил немилосрден спрема левите револуционерни сили, но и спрема своите кога се работело за превласт во организацијата. Се борел за бугарската, а не за македонската кауза и не признавал македонска нација. Умре во 1990 година како голем Бугарин, а за своите национални чувства остави и тестамент непосредно пред смртта. „Македонската нација и македонскиот јазик не постојат. Тие се измислици на српските фантасти”, ќе напише во писмото што ќе го испрати „до сите браќа и сестри во Пиринска Македонија”.

Михајлов иднината на Македонија ја гледа во рамките на Бугарија. „Современото настојување, што особено е важно и единствено исправно, е следново: Бугарија да се прошири и во јужните и во западните македонски области, кои претежно се населени со Бугари, а чии граници беа омеѓени уште пред сто години. Во интервалот што го дели тој миг од сегашниот, макар привремено, може да се примени следниов преоден компромис: Обединета Македонија во рамките на Бугарија, и тоа во своите географски граници што треба да ги определи само автохтоното население...”, ќе напише Иван Михајлов и притоа посебно ќе нагласи дека „денешната таканаречена Република Македонија опфаќа во себе низа беззаконија и фалсификати”.

Тие исти ставови ќе ги изнесе и во еден разговор што ќе го води, исто така, непосредно пред смртта со Димитар Гоцев од Македонскиот институт во Софија и Пандо Младенов, брат на Ѓорѓи Младенов, познат на македонската јавност по скандалот за време на формирањето на здружението „Радко” во Скопје пред пет година. Тој ќе дојде специјално од Канада за да присуствува на основачкото собрание и притоа пред новинарите ќе ја негира македонската нација. Во мошне долгото интервју објавено во весникот „Македонска трибуна„ на пробугарската МПО, Михајлов ќе се исповеда за многу прашања и, како што велат неговите соговорници, за „судбината на бугарската нација”.

0BFDE9DE6CF5534E94F79426F8A9BC67.jpg


Младенов и Гоцев во разговорот бараат од Михајлов да им објасни зошто постоеле разлики во концепциите за независна Македонија и автономна Македонија. А тој на тоа ќе им одговори: „Цела Македонија, јас така сум ја сфаќал. Ако треба да е цела, треба да биде цела. Второ, не од лично,ами од становиште како Бугарин мислам дека подобро ќе биде и оној дел кој е во Бугарија да влезе во таква Македонија. Оти тој ќе биде најбугарскиот дел, со најсвежа бугарштина. Има Бугари и во Штип, и во Велес, и во Скопје, но таму има и фанатизирани противници, анти-Бугари. Така што Бугарите од Пиринско доста ќе им влијаат и тоа позитивно. Така што она што минувало таму од Бугарија со десетлетија, се оформило како здрав Бугарин. Сакам да кажам дека и сега е од голема полза ако можеш нешто да сториш за да ја спасиш бугарштината и името Бугарин...”, ќе изјави Михајлов

На прашањето што е тоа што повлијаело на големиот собир на ВМРО во Горна Џумаја во 1933 година да запише во протоколот дека од денес натаму ВМРО ќе се бори за независна Македонија, што наложило таква промена во тактиката на ВМРО, Михалов ќе одговори: „Што наложи? Народот. Народот го наложи тоа. Самиот народ тоа го извикуваше. ’Автономна Македонија‘, а се' за Бугарија мечтаеме. ’Автономна Македонија‘, а се' за Бугарија. Тоа е бугарска работа. Нешто многу вистинито. И за да победат тие работи, го примивме тој лозунг”, ќе рече тој за подоцна да дообјасни: „Непросветениот народ, кој не се задлабочил во целите на автономна и независна Македонија, може да брбори што сака. Но, главната цел и на едната и на другата формула е да се зачува бугарштината. И да потцртам. Македонското дело и сите негови лидери прво сакале да се обединиме со Бугарија; при неможност да се обединиме, сме барале други патишта”.

На инсистирањето на неговите соговорници да објасни зошто лозунгот за независна Македонија во текот на 1941 година исчезнал, Михајлов ќе рече: „Ами слушај, нашиот народ отсекогаш бил за обединување со Бугарија. Но, и покрај тоа, сме немале доволно волја и храброст да говориме за тоа отворено, за да и' се затвори устата на Романија, која отсекогаш била против голема Бугарија или некоја слична на неа; да им ги затнеме устите на Србија или Грција, на Албанија и на нивните пријатели кои им стојат зад грб, па сме го кренале лозунгот за автономна или независна Македонија”.

Ванчо Михалов е роден во 1896 година во штипско Ново Село, од каде што потекнува и Тодор Александров. Клучна улога во ВМРО автономистичка ќе има по убиството на Александорв во 1924 година, а сета власт ќе ја земе во свои раце во 1928 година откако во борбата за превласт ќе нареди да биде ликвидиран Александар Протуѓеров, со кого имале исти функции во организацијата. Потоа, меѓу неговите и приврзаниците на Протуѓеров ќе дојде до меѓусебно истребување во кое подебелиот крај ќе го извлечат „протуѓеровистите”.

Михајлов ќе воведе стравовладение во организацијата и ќе ја претвори во терористичка. Но, затоа тој, пак, никогаш нема да облече комитска облека, нема да земе пушка в рака и нема да влезе со чета во вардарскиот дел на Македонија, како што тоа го правеле неговите претходници. Сите наредби за ликвидации ќе ги дава од канцеларија. Во Принска Македонија ќе формира држава во држава, ќе воведе свои закони и невидена експлоатација и тортура врз населението од тој крај. Сето тоа ќе го прави со благослов на бугарска власт и, пред се', со поддршка на тогашниот премиер Андреј Љапчев, инаку по потекло од Ресен.

Меѓутоа, со превратот во Бугарија во 1934 година неговата ВМРО ќе биде забранета, а тој жива глава ќе спаси пребегнувајќи во Турција, а оттаму ќе замине во Полска. „За време на Втората светска војна поминав 18 месеци во Варшава, потоа 13 месеци во Будимпешта, а кога се појави хрватска држава со Павелиќ, пријателите ме повикаа да го посетам Загреб. Таму останав навистина три години, зашто не сакав да се враќам во Бугарија, од каде што ме канеа многу видни луѓе. Ним им оставаше силен впечаток што јас не сакав да се враќам ниту во ослободена Македонија, а не се враќав поради тоа што не бев согласен со решението за македонското прашање...Бев уверен дека војната очигледно е изгубена и дека мене и на мојата организација ќе ни претстои нова борба, па не е корисно да се натпреварувам со надворешната политика на Бугарија...”, ќе запише Михајлов во своите белешки кои ги објави Верољуб Андоновски во книгата „Сто години сегашност”, што ја издаде „Култура” пред три години.

Како што наведува самиот, кај својот пријател Анте Павелиќ ќе остане цели три години, сместен во вила на Тушканац, а во Македонија за време на окупацијата ќе дојде само еднаш на кратко, во септември 1944 година. Според неговите тврдења, по капитулацијата на Бугарија, Германците од него побарале да објави независна држава Македонија. „За да не помислат дека откажувам и за да ми веруваат на моите зборови, заминав дури во Скопје. Но, оттаму им јавив дека е мошне доцна за еден таков проект...”, ќе запише Михајлов, свесен дека нема никаква поддршка меѓу македонскиот народ за да создаде држава каква што ја замислувал.

По завршувањето на војната, Михајлов од Загреб ќе се пресели во Рим и се до смртта ќе живее таму, од каде што ќе формира своја мрежа на информатори и ќе работи против Република Македонија. Неговиот престој, главно, ќе биде финансиран од Македонската патриотска организација, со која за време на владата на Љупчо Георгиевски ќе бидат остварени блиски контакти. Таа ќе биде претставена како македонска, а не бугарска организација, иако во нејзините простории во САД висат слики на бугарски претседатели и имаат постојани контакти со официјална Софија.

Ванчо Михајлов живееше точно 94 години, почина во 1990 година. На погребот во Рим присуствувал Ангел Димитров, првиот бугарски амбасадор во Македонија, испратен како специјален претставник на бугарската држава од тогашниот претседател Жељу Желев, потоа Христо Матов, од софиската ВМРО, претставници од пробугарското друштво од Брисел, како и на МПО од САД и Канада, кои ги платиле трошоците околу погребната церемонија. Според неговата секретарка Вида Боева, Михајлов сакал да биде закопан во Пиринска Македонија, крај Тодор Александров заедно со сопругата Менча Карничу. Подоцна во Софија имаше неколку барања од неговиот брат во Ќустендил посмртните останки да бидат пренесени во Бугарија, но сето тоа остана само иницијатива. Но, затоа пак на Михајлов му е подигната спомен-биста во Борисовата градина во Софија, каде што се наоѓаат бистите на сите великан од бугарското минато. Неодамна беше предложено еден од големите булевари на главниот град на државата да го носи неговото име.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=998784DFB4BDAB4697ACA2C3F18FE4B5
 
Мала исправка, името на генералот Александар Протуѓеров е всашност Протогеров.

И уште една исправка. Андреј Љапчев, бугарски премиер од 1926 до 1931, не е по потекло од Ресен, поточно не во смисал дека е дете на бегалци од Ресен, истиот е роден во Ресен.
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Дабничкиот колеж зави во црно 120 мајки во Пиринска Македонија

BFA45825A94E0F44A627876E691160F4.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (6)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Ванчо Михајлов во својот живот, а живеел долго и доживеал длабока старост, зад себе оставил многу трупови, расплакал многу мајки. Првите помасовни ликвидации ги почнал по убиството на Тодор Александров на 31 август во 1924 година. Тоа било повод да се пресмета со повеќе видни луѓе на левицата во македонското револуционерно движење и со сите оние што не се согласувале со него. Човек не може да поверува со какви се' методи се служел за да ја оствари својата цел. За да ги ликвидира раководните лица на левицата измислил грозоморен план. Ги повикал на состанок во Горна Џумаја, со образложение дека треба да се одржи конгрес на кој ќе се договори обединување на македонските револуционерни сили. Убиството на Александорв го држел во строга тајност за евентуално луѓето на левицата да не се посомневаат и да не дојдат на закажаната средба.

Ноќта меѓу 12 и 13 септември 1924 година, меѓу народот од Пиринскиот крај попозната како македонска Вартоломејска ноќ, дошло до предвидената ликвидација. Тогаш ванчомихајловисти со помош на бугарската војска, која го опколила градот, го извршиле познатиот масакр, во кој учествувал и Кирил Дрангов, таткото на Рајна Дрангова, која годинава дојде од Софија да и' оддаде почит на Мара Бунева.

Во деновите подоцна биле убиени и Арсение Јовков, Димо Хаџи Димов, кога го застрелал Владо Черноземски на кого секоја година во Скопје продолжувачите на делото на Михајлов му организираат панихиди, како и на Мара Бунева. Во тоа време биле убиени и Славчо Ковачев, Петал Чаулев во Милано, Тодор Паница во Виена, Тодор Чопов и други. За време на двегодишната хајка на ванчомихајловистите, во текот на 1924 и 1925 година биле убиени повеќе од 300 санданисти и левоориентирани македонски револуционери. Само во Горноџумајско биле убиени 160 лица. Една недела по атентатот врз Тодор Паница, во Неврокопско, денешно Гоцеделчевско биле ликвидирани 120 лица.

Потресна е драмата на тие луѓе кои го завршиле својот живот во Дабница. Ова село во близина на Гоце Делчев го посетивме пред пет години по повод 75 години по крвавите настани што ја потресоа и расплакаа Пиринска Македонија. Дабнишкиот колеж го извршиле ванчомихајловистите во далечната 1925 година.

„Убиле над 120 луѓе. Претходно ги измачувале на разни начини, ги тепале немилосрдно, ги печеле во фурна”, ни раскажа тогаш Георги Дукимов, суден за Македонија. Мртвите ги закопале во една нива, а сопственикот - Турчин го натерале наредниот ден да ја изора за да не се познаваат траги. По многу години, сопственикот ја открил големата тајна што му тежела на душата. Тогаш комунистите ги пренеле во заедничка гробница во центарот на Гоце Делчев. На нивата едно крај друго биле поставени 120 мали мртовечки сандачиња. Во секое од нив беше ставено по грст земја и по некоја човечка коска.
„Додека ги измачувале, донеле свирачи”, го дополнува Иван Гаргавелов. Ги терале да свират со зурлите колку што можат, да удираат силно со тапаните за да не се слушаат нивните писоци. На повеќе крстосници на патиштата во Неврокопско беселе по неколкумина и долго ги оставале да висат за да се плаши населението. Тоа го правеа луѓето на Ванчо Михајлов. Повеќето од убиените биле македонисти - санданисти и земјоделци.

„Михајловистите ги апсеа. Тие ги однесоа во Дабница, тие ги убија. Тие што можеле да соберат пари за откуп се спасиле, другите го завршиле својот живот”, дополнува Дукиманов.

„Еден од очевидците, Прокоп Самокишев, кој имал среќа да се спаси од најлошото, во едно од своите сметководственини тефтерчиња ќе го раскаже со следните зборови тоа што го доживеал и видел: „Ме оставија неколку дена без тепање, ама и без леб. За време на тие денови тоа што го видов и слушнав не е насликано во пеколот на тешовската црква. И бесење, и во печка горење, и во вар попарување, и на ченгел закачување... Комитите дотераа од родопските села кавалџии. Штом ќе започнеа некого да распитуваат, ги надувуваа зурлите за да не може надвор да се слушнат офкања и писоци на човек”. Ова исповед на Самокишев ја забележа Валентин Карманчев во книгата „Црешова задушница”, објавена во 1986 година, во која се поместени повеќе документи кои сведочат за овој свиреп настан.

BFA3A40A01AA7C419EEE0E980C47418B.jpg


„Од кавалџиите разбрав дека ќе дојдат важни гости. Ме огреа надежта дека барем тие ќе ме ослободат од маките. Едно утро ме изведоа надвор за да го заметам дворот. И токму тогаш влезе комисијата. Напред одеа двајца. Едниот веднаш го познав - генерал Протугеров, од Солунскиот фронт го познавав... По него беше помладиот, изгледа и поважен од него...Подоцна разбрав дека тој бил самиот Ванчо Михајлов”, продолжува да раскажува Прокоп Самокишев.

На семинар одржан на една годишнина од дабнишкиот колеж се истакнува дека главната улога во сето тоа ја имала ВМРО на Ванчо Михајлов и дека Дабница била врв на ѕверствата на михајловистите во 1925 година. „Тука им е одземен животот на повеќе од 100 луѓе, тука биле донесени и подложени на ужасно мачење повеќе од 300 души. Непознатото село, избрано поради неговата осаменост во подножјето на Родопите, ја имало несреќната судбина да се претвори во вистински пекол за комунисти, леви земјоделци и санданисти”, стои во обраќањето до присутните. Во него се истакнува дека тогаш прогресивните сили во Пиринска Македонија војувале против два еднакво жестоки фактори - едниот фашистичкиот режим на Цанков и другиот - ВМРО и поспецијално неговата врховистичка десница, којашто го узурпирала раководството на организацијата.

Во априлските настани во 1925 година во Бугарија, ВМРО била инструмент и активен учесник. Над 100 ванчомихајловисти работеле во државна безбедност и во казнените органи на Военото министерство. „Најладнокрвните палачи, џелатите кои го избија цветот на бугарската нација, владата на Цанков ги доби од Иван Михајлов”, пишува во обраќањето.

Според него, дабнишките настани биле подготвувани уште од 1924 година кога ванчомихајловистите убиле повеќемина комунисти, земјоделци и санданисти, барајќи начин да им зададат решавачки удар на противниците во Неврокоп. А за тоа измислиле и повод. Разгласиле насекаде дека раскриле нелегален канал на левите сили за врска со Тодор Паница, кој во тоа време се наоѓал во Виена, а кого со години го демнеле да го ликвидираат. Ударот бил нанесен одненадеж и тотално. Било утврдено дека во Дабница биле убиени 105 луѓе, но оваа бројка е поголема зашто истражувањата се уште не биле завршени.

”Човекот што раководеше со дабнишкиот колеж е Иван Михајлов. Во тоа време тој и Александар Протогеров се уште не се имаа фатено за гуша. Организацијата се' уште не беше расцепена на михајловисти и протугеровисти, но веќе Иван Михајлов беше лидер на нејзиното терористичко крило. Лично тој ја определи комисијата што судеше во Дабница, лично тој ги потврдуваше пресудите.”, се вели во обраќањето

Дабнишките настани не завршија само со злосторничките убиства. Иронијата да биде уште поголема, црквата, користејќи го незнаењето на вистината од вдовиците, се обидувала некои од нив да ги омажи за крвниците на нивните убиени сопрузи.

„Дали можев да си помислам дека по тој пекол дека ќе истече многу вода и вдовицата на Прокоп Хвојнев (еден од убиените) ќе се собере со Галбуш Светецов, кој беше среде комитите во Дабница, се занимаваше со прехраната на четите и товарење на мртвите. Кога научив ми доаѓаше да ги исплукам двајцата. Но, од каде толку храброст, пак и си размислив од каде го знае жената тоа што малкумина го знаеја. Зашто се' што беше извршено во Дабница, беше запечатено не со црвен, а со крвав восок”, пишува за тоа во својата исповед Самокишев.

Тогашниот ванчомихајловистички реонски војвода Илија Работов - Работата, таквите свадби ќе ги спречува насила. Кога еден негов човек ќе се венчава во црквата со вдовица, ќе влезе и ќе ја растури венчавката. „Тој мој заблуден човек, исто така, беше во Дабница, ама од наша страна. Таа тоа не го знае. И вие, отец Кириарх не го знаете тоа....Не е ли грев тие двајцата во едно гнездо да матат нови пилци”, ќе му напише на тамошниот владика.

Владиката, пак, ќе ја развие сосема спротивната теза. На тогашниот полномошник на ВМРО во Неврокопскиот крај ќе му напише писмо со кое ќе бара на „отсечените стебла да им се пресадуваат благородни калеми” за подоцна да собираат слатки плодови. „Често драгоценото семе се посејува со страв, но жетвата е со радост. И уште нешто. Останаа многу сираци во околијата, многу повеќе од исчезнатите. Тоа се утрешни одмаздувачи. Осиновувајте ги од мали сираци...Хранете ги со сок од своите корени и пак ќе берете плодови”, ќе ги посоветува владиката ванчомихајловистите.

Бугарските комунисти куќата на ужасот во Дабница ја реновираа и ја претворија во спомен-музеј за да предупредува на големата трагедија. Меѓутоа, со падот на режимот на Тодор Живков, новите власти како да имаат интерес да ја снема. Од неа се' е однесено, секоја слика, секоја книга што сведочела за тоа крваво време. Вратата е широко отворена. Во приземјето се наоѓаат подруми. Тука најверојатно биле измачувани заробените. На горниот кат се пространите одаи во кои, најверојатно, биле сместени нивните судии и џелати. Целата обрастена во трње и коприви потсетува на куќа на стравот, тоа што всушнст и била во далечната 1925 година.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9598D9734427264F83033736D3CDC1E2
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Страшна седмица: во Софија секоја вечер гинеа по двајца Македонци

177A19DC3BF3074F91DCFAA7A59B74C8.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (7)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Атентатите што ги организираше Ванчо Михајлов во Македонија се разретчија во 1928 година, откако тој нареди да се убие Александар Протоѓеров за да биде сам на чело на организацијата. Тогаш тој започна да се пресметува со луѓето кои дотогаш беа заедно со него, а се спротивставија на тоа што го ликвидира човекот што имаше иста функција како него. Еден од нив беше и Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, кој за крвавите настани ќе остави потресни сведоштва. Пресметката меѓу ванчомихајловистите и протоѓеровистите ќе се претвори во невидено петгодишно крвопролевање по софиските улици кое ќе го вџаши светот и ќе го урне авторитетот на славната ВМРО. Деновите кога пред 6 години излегоа спомените на Прличев, Бугарите кои секогаш биле на негова страна, Ванчо Михајлов го нарекоа македонскиот Сталин, кој во борбата за власт убивал секого што ќе му се испречел.

5964A9191AADD1498608911099742D0E.jpg


„Нудам толку материјали за братоубиствата, одделувам толку место за тој грозен настан, кој со последиците може да ја доведе во ризична состојба ВМРО и да ја убие идејата за ослободување на Македонија, не за да се оправдаат личности и становишта, не за да го обвинам тој што се зацрта во моите разбирања како единствен главен виновник, додека го следев развојот на настаните, туку во името на самата правда и вистина.” Вака ќе ги образложи мотивите Кирил Прличев зошто сакал да ги регистрира тогашните убиства по софиските тротоари.

Ванчо Михајлов признал дека нарачал да бие убиен Александар Протоѓеров во кого гледал најголем соперник за челното место на организацијата. „Иван Михајлов, член на ЦК на ВМРО, макар и рамноправен со другите двајца, си го присвоил правото на судија врз друг член од истиот ЦК, го осудил сам вонредно, искористувајќи го правото и авторитетот на ВМРО пред нејзините извршни органи. Ги испратил Димчо Стефанов, Мито Џуздана и Нанчо Витларев да го извршат престапот, кои тие всушност го извршиле под диригентство на Кирил Дрангов“, пишува Прличев. А Кирил Дрангов не е никој друг туку таткото на Рајна Дрангова, која годинава присуствуваше на панихидата на Мара Бунева и крена голема врева во бугарските медиуми. „На тој начин македонското движење воопшто, и ВМРО посебно, ненадејно се исправија пред пропаста, која зина со безумието на Иван Михајлов, изразено во неговото крваво дејствување од 7 јули 1928 година”, ќе заклучи Прличев.

Тој истакнува дека по сите убиства што ги вршеле луѓето на Михајлов, истрагата на тогашната бугарска власт не направила ништо да се уапсат егзекуторите. Напротив, убијците можеле да се забележат по улиците на Софија. Истовремено, Ванчо Михајлов наредил да се ликвидираат нови луѓе, сите оние кои на еден или на друг начин му пречеле. Прличев огорчено раскажува дека пред тоа што го правел Михајлов власта ги затворала очите. Тогашниот премиер на Бугарија, Андреј Љапчев, инаку Македонец по потекло од Ресен, цело време го поддржувал Михајлов.

Меѓутоа, противниците на Михајлов кои, како што вели Прличев, никогаш не сакале проблемите да ги решаваат со оружје морале да се фатат и за него. Но, каква полза од тоа, против неговите терористи и „машината за убивање” никој ништо не можел. Цената што ја плаќале затоа што решиле да му се спротивстават била страшно висока. За еден „ванчомихајловист” биле убивани 10 „протоѓеровисти”, како што ги нарекувале луѓето што застанале на спротивната страна.

Прличев признава дека не можеле да му се спротивстават на Михајлов, не само поради тоа што лошо се организирале туку и поради фактот што нивниот противник имал големи сојузници во тогашната бугарска власт и емигрантските организации кои таму во странство никогаш не биле вистински информирани за труповите на Македонците што секојдневно се тркалале по софиските улици. Покрај тоа, располагал и со огромни суми пари кои ги остварувал од даноците што им ги наметнувал на бедните селани во Пиринска Македонија и од мафијашките работи со кои се занимавале неговите луѓе.

03CE2F2FD16F2D4CA5AB1C824FF786D6.jpg


Кирил Прличев подробно раскажува за секојдневните убиства, но сите нив не може да ги опише зашто се многу. Братоубиствената војна ескалирала во 1930 година. По долготрајното повеќегодишно и исцрпувачко спротивставување и по многуте дадени жртви “протоѓеровистите” биле присилени од Ванчо Михајлов да потпишат декларација за прекинување на својата активност во движењето. Меѓутоа, овој документ не го потпишале Петар Шанданов и Крстан Тодоров, кои наредните две години ја продолжиле борбата со Ванчо Михајлов, враќајќи му со истата мера. Во меѓусебни пресметки паднале уште многу нови жртви. „Така, во едно време се стигна до таква положба ниту една вечер да не помине без македонско убиство. За време на летото 1933 година заемно истребените го беа достигнале својот апогеј. Весниците од тоа време ја нарекоа „страшна” или „траурна” седмица, во која беа одбележани најмногу убиства: - по две - секоја вечер!”, раскажува Прличев.

„Но, најважното и неверојатното дојде малку подоцна: седум дена по ’страшната‘ седмица не се случи ниедно убиство. Еден месец потоа пак немаше убиство. Два месеца - исто; три, четири - сите останаа зачудени од промената што настапи. Која магична сила ја ослободи Бугарија од тој кошмар?! По тој повод во извесни средини се расправаше дека неговата екселенција Ватерло, англиски амбасадор во Бугарија, кога отишол да си земе збогум од неговото високопреосвештенство Стефан, меѓу другото рекол: “Би сакал да го видам тоа јуначиште Шанданов, кој со своите контраудари врз луѓето на Михајлов може да го принуди да престане човекот против кого власта се покажа немоќна. Би сакал да го прегрнам пред да ја напуштам Бугарија”.

Меѓутоа, според Прличев, поприфатливо е едно друго толкување зошто Ванчо Михајлов престанал да убива. Имено, царот Борис тогаш го посетил еден германски офицер, при што му изјавил дека него ќе го смета за одговорен ако продолжат убиствата. „Михајлов немаше да застане пред паднатите од ударите на групата на Шанданов. Тој беше готов - јас сум убеден - да жртвува уште половина членови на Националниот комитет и уште петмина уредници на весникот ’Македонија‘ на кои ќе им организираше голем погреб, без да му трепне окото. Но, едно предупредување до него од високо место не би поминало тукутака: тој беше многу чувствителен кон таа страна”, смета Прличев, подвлекувајќи дека тогашното јавно мислење било дека братоубиствените пресметки бугарските власти можеле да ги спречат и порано, но очигледно тоа не им одговарало.

Кирил Прличев на крајот од своите спомени ќе го постави прашањето: до каде е стигнато македонското дело, каква е иднината?

„Нека прифатиме сега дека Михајлов и неговите придружници, такви какви што беа, имаа надмоќ над своите противници, некои одеа и понатаму, тврдејќи дека ја добиле војната - внатрешната, меѓусебната војна. Но, тие го загубија Делото! Последното веќе ги носеше сите знаци на едно механичко копирање на формата на ВМРО во целата нејзина надворешност, но му недостигаа основните елементи и содржина“.

За Иван Михајлов големата организација создадена од Д. Груев. Г. Делчев, П. Тошев прерасна во погоден параван, зад кој се криеше неговата мафија, со која тој се служеше за истребување на тие што не ја скрија огорченоста од неговата крвожедност.”, оценува овој македонски револуционер, кој имал храброст да му се спротивстави на Михајлов во тоа време кога преку човечки трупови ја освојувал организацијата. Според него, македонското движење немало да се најде во положба на бесплодност и разнишаност, ако не било обезличено од “еден неурамнотежен и криминален тип”.

„Сега тоа е речиси погубно, замрено е не толку физички, колку морално; не толку поради фактичката положба во Македонија, колку поради смртоносните удари што му ги нанесе - во директна и преносна смисла на зборот - тој безумник, за чудо и срам оставен да беснее во Бугарија како што сака и колку што може”, ќе заклучи Прличев.

Ова е само кус извадок од книгата со 615 страници сеќавања и документи - “36 години во ВМРО - спомени на Кирил Прличев” - во која подетаљно се слика големата драма што ја преживувале Македонците во Софија и злосторствата што ги правел Ванчо Михајлов при крајот на дваесеттите и почетокот на триесетттите години на минатиот век. Спомените не губат од својата актуелност и покрај тоа што се објавуваат седумдесетина години подоцна, зашто за тие настани многу малку се знае или се знае само тоа што политичарите ќе дозволеле да излезе во јавноста, создавајќи притоа култови од одредени личности, како што е, на пример, случајот со Ванчо Михајлов, на кого пред десетина години во Софија му беше подигната спомен-биста, а софиската ВМРО се декларира како продолжувач на неговото дело.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAE5837B473EA14E964F3FDB9CFAE74F
 
Фељтон: МАРА БУНЕВА

Черноземски го уби кралот, но и многу Македонци

C623C69B0EBA2246A1175FA9BDF762F0.jpg


Која е контроверзната тетовка што ја слават Бугарите? (8)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

На 9 октомври во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје се одржува панихида и за Владо Черноземски, на која се собираат истите оние луѓе што присуствуваат на годишнината на Мара Бунева, основачите на Здружението „Ратко“ кои се сметаат за Бугари и продолжувачи на делото на Ванчо Михајлов. По тој повод од Софија задолжително доаѓаат претставници на тамошната ВМРО на Красимир Каракачанов, која е предводник на антимакедонската кампања во Бугарија. На минатогодишна на панихида на Черноземски го вееја и бугарското знаме со кое сакаа да манифестираат очигледна порака дека Македонците се Бугари.

Кој е, всушност, Владо Черноземски и со што тој толку многу заслужил да биде величен секоја година, повеќе и од многумина познати македонски револуционери, како што се Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и многу други кои ги дале животите за Македонија, чии годишнини приврзаниците на Михајлов не ги одбележуваат. Черноземски, всушност, е најважниот и најдоверливиот терорист на Ванчо Михајлов, извршител на сите негови валкани порачки, човекот кој бил подготвен да стрела во секој кого со прст ќе го покаже неговиот наредбодавец. Во бугарската кратка историска енциклопедија е забележано дека Владо Черноземски „исполнувал важни егзекутивни дејства на ВМРО“, што секако ја потврдува оваа теза.

BAB99286A69CBA4086DD0886C1868C68.jpg


Луѓето што се собираат во Скопје и му оддаваат почит, пред се', го слават поради атентатот што го извршил врз кралот на бивша Југославија Александар Караѓорѓевиќ во 1934 година. Меѓутоа, не ги спомнуваат сите други ликвидации што ги извршил Черноземски на познати македонски дејци кои му пречеле на Михајлов. Деновите кога се случи колежот во Горна Џумаја на највидните претставници на македонската левица во 1924 година, тој ќе го убие Димо Хаџи Димов, човекот кој ќе присуствува на последните мигови на животот на Гоце Делчев во Баница во мај 1903 година.

Ванчо Михајлов ќе го обвини Димо Хаџи Димов дека, наводно, бил интелектуален убиец на Тодор Александров. Измислената причина ќе биде повод да нареди да го ликвидираат. Тогаш Владо Черноземски бил задолжен да го убие Славчо Ковачев, но побарал да му пресуди на Хаџи Димов, а убиството на Ковачев му го препуштил на друг терорист. По ликвидацијата на претставниците на левите сили, бугарските власти се однесувале како ништо да не се случило. Владо Черноземски ќе биде формално испрашуван, но никогаш нема да биде обвинет за злосторството. И натаму се движел слободно и продолжил да убива Македонци на софиските улици и да извршува нови егзекуции по наредба на Ванчо Михајлов.

Како мошне добар стрелец бил користен и за време на познатите пресметки меѓу ванчомихајловистите и протоѓеровистите, кога на улиците на Софија се убиени многумина Македонци. Тој ќе остане забележан и по грозоморното убиство на Наум Томалевски, кого го прострелал во моментот кога засадувал младо дрвце во спомен на новородениот син. Томалевски до 1928 година ќе биде заедно со Ванчо Михајлов, но по убиството на Александар Протоѓеров ќе застане на страната на протоѓеровистите за што ќе плати со својот живот. Кирил Прличев во своите спомени што ќе бидат објавени пред шест-седум години во Софија и кои ќе го урнат митот во бугарската јавност за Ванчо Михајлов, ќе напише дека убиството на Томалевски за нив било голема загуба. Тој ден во 1930 година се чувствувале како врз нив да паднал како гром од ведро небо. Со тој страшен настан, случен сред бел ден, протоѓеровистите го загубиле последниот член на законското Задгранично претставништво.

Во своите спомени Ванчо Михајлов ќе запише дека со Владо Черноземски се запознале во текот на 1922 година и дека неговото вистинско име е Величко Георгиев Керин. „Владо беше многу тих човек и крајно исполнителен. Ги мразеше своите другари кои се пијанеа. Жените не ги сакаше. Ја сакаше самотијата и многу читаше. Ја знаеше до ситници историјата на Васил Левски и Христо Ботев. Беше националист. Во затвор постојано читаше, не учествуваше во штрајковите со глад“, ќе го пренесе Михајлов во своите спомени искажувањето на другари на Черноземски по атентатот што го извршил во Марсеј, кога тој загинал.

Михајлов вели дека најблизок другар на Владо Черноземски му бил Хипокрит Развигоров, еден од тројцата атентатори на генералот Ковачевиќ во Штип во 1927 година. Черноземски е Бугарин, роден во едно мало село во Разлошко, израснал во Каменица, населба во Велинград, Бугарија. Некои тврдат дека има македонски корени и дека неговите родители потекнувале од едно битолско село. Черноземски неизмерно му се восхитувал на Ванчо Михајлов за кого бил подготвен да направи се'. А лидерот на терористичката ВМРО, пак, во своите спомени ќе го претстави како голема поетска душа. Михајлов пишува дека Черноземски му испратил една картичка со негова слика од комитските денови на која пишувало: „Му го подарувам мојот лик за спомен на нашиот учител-воинИван Михајлов (Брзов), од еден од многуте ’бугараши’“. „Во картичката прочитав неколку доста смислени и силни поетски редови. Владо навистина имаше нешто поетско во себе“, ќе напише Михајлов за него.

Меѓутоа, Черноземски нема да биде толку поетски настроен кога ќе ги врши убиствата. Тој е ладнокрвен убиец. Кога Михајлов ќе му наредел да ликвидира некого, никогаш не прашувал кој е тој човек. Слепо му верувал на својот наредбодавец. Бил машина која убива, кај него никогаш не можеле да се забележат некакви чувства, „поетската душа“ на Черноземски никогаш не затреперувала по извршувањето на убиствата. Бил извонреден и брз стрелец. Се раскажува дека противниците на Ванчо Михајлов платиле специјалист за да го убие. Не стасал ни да го извади револверот, а веќе бил ликвидиран од Владо Черноземски.

E6985F01D805EB4CBF230DF821A672C9.jpg


Токму таа негова голема вештина да пука и убива, неговата слепа послушност биле главните адути Ванчо Михајлов да му го испрати на Анте Павелиќ за да го изврши атентатот во Марсеј. Павелиќ со неговите усташи во неколку наврати се обидел да го убие Александар Караѓорѓевиќ, меѓутоа никогаш не успеал во тоа, затоа што немал погоден човек. Побарал помош од својот пријател, лидерот на терористичката ВМРО, со кого имале потпишано спогодба во 1929 година за заедничка борба против тогашниот режим на Кралска Југославија.

А терористите на Ванчо Михајлов во тоа време биле најпознати во Европа и претставувале страв и трепет. Негови инструктори подготвуваат хрватски и други терористи за да го ликвидираат српскиот крал во Унгарија во логорот Јанка Пуста. Пред атентатот на Александар Караѓорѓевиќ, Владо Черноземски и уште тројца Хрвати се подготвувале во едно мало италијанско село. Според Михајлов, Италијанската телевизија во 1969 година емитувала получасовна документарна емисија за нивниот престој. Новинарите разговарале со тамошните луѓе кои ги познавале атентаторите и кои за нив кажале убави зборови.

Атентатот бил извршен на 9 октомври, а кралот Александар Караѓорѓевиќ пред да замине во Франција бил во посета на Бугарија, од каде што со брод пристигнал во пристаништето во Марсеј, а потоа требало да го продолжи патувањето во Париз. А кралицата, која со него била во Бугарија, како да претчувствувала нешто, се вратила во Белград. Кралот во Марсеј го пречекал францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Кога со автомобил тргнале од пристаништето, Владо Черноземски скриен меѓу народот излегол и директно пукал со револвер во Караѓорѓевиќ и во францускиот министер Барту, кои починале на самото место. Притоа, бил убиен и Черноземски од француски полицаец качен на коњ, кој го исекол со сабја. По убиството, француската полиција долго не можела да го утврди идентитетот на атентаторот. Подоцна, по черепот и четирите букви ВМРО, што биле истетовирани на неговото тело, било јасно дека тоа е еден од терористите на Ванчо Михалов. Подоцна дознале дека станува збор за Владо Черноземски.

(Продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B91A450C03E8D641BD2E26C01EE616EE
 
Уште една исправка.

Черноземски е Бугарин, роден во едно мало село во Разлошко, израснал во Каменица, населба во Велинград, Бугарија. Некои тврдат дека има македонски корени и дека неговите родители потекнувале од едно битолско село.

Черноземски е роден во Каменица, кое е било одделно село, а денес е населба на градот Велинград. Воопшто текстовите на Цветаноски се полни со неточни податоци...
 
"wild river", ti si Bugar neli? Dobro si go naucil makedonskiot jazik.

Ti bese li pomegju lugjeto vo bugarskiot avtobus, koj pristigna vo maleshevijata i otidoa da pravat panahida na mestoto kade sto zaginal Dame Gruev?
 
El CId напиша:
"wild river", ti si Bugar neli? Dobro si go naucil makedonskiot jazik.

Ti bese li pomegju lugjeto vo bugarskiot avtobus, koj pristigna vo maleshevijata i otidoa da pravat panahida na mestoto kade sto zaginal Dame Gruev?

Благодарам за комплиментот. Не, не сум поврзан со партиjата на Каракачанов. Jас би отишол таму за панихида, али со некоj друг автобус. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom