dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.365

Време е за нова страница во приказната наречена "Македонија на Евробаскет 2015".
Во првиот меч нашиот јужен сосед не уби.
..а ако раниот лав е најопасен..тогаш мртвиот лав треба матер да ебава.
Вчера Холанѓаните направија мини изненадување со кошот во последните секунди против Грузијците со што си донесоа победа и многу битни 2 бода, со што се наметнуваат како главен наш конкурент во борбата за 4тото место во групата Ц.
За лалињата ова е дури 15ти настап на Европските првенства но прв после далечната 1989та.
Во квалификациите за Евробаскетот Холанѓаните завршија со 2 победи и 2 порази и со само 14 поени подобра разлика од Романија се квалификуваа на првеството што значи дека Холандија на хартија треба да е најслаба репрезентација во нашата група.
Сепак Грузијците предводени од Заза Пачулија денеска многу добро дознаа дека фаворитската улога не значи ништо
Ова ќе биде прв дуел на Македонската кошаркарска репрезентација против портокаловите. Па да се надеваме дека нашатаисторија во дуелит со Холандија ќе започне на најдобар можен начин односно со победа и 2 бода.
Холанѓаните во серијата на пријателски мечеви пред почетокот на Евробаскетот имаа горе доле слична ситуација како и нас, односно ги изгубија грото мечеви.
Тие во 11 пријателски мечеви одиграни во Август остварија само 3 победи и тоа против екипите на Филипини,Велика Британија и Исланд, екипи кои што на хартија треба да се боза во споредба со Македонските лавови.
Чисто за споредба Македонската репрезентација одигра 9 пријателски меча изминатиов месец а победија 3 пати, еднаш против Украина а два пати против Израел.
Преносот е во живо на Сител ТВ во 15 часот, коментаторот е еден и единствен Игор Трпески, а на вас ви останува да ги спремите дијазепамите, да ги наоштрите секирите, и да земете некоја лекција од Џонтра за пцуење, бидејќи најверојатно ќе ни треба.
Да се надеваме дека ќе се испраќаат другари и другарки после мечот и дека ќе си ги запишеме првите поени на Евробаскетот.

