Во државните се знае какви се условите за запишување. Како што тргнале на таа листата за чекање ќе треба да се пријавувате, откако мајката ќе го дознае полот на бебето.

Прават кампања за зголемување на наталитетот, а нема место во градинките ни пак соодветен кадар. Ако ве нема на листата, директорката ќе почне да ве убедува, дека децата што се примени чекале ред уште пред една година. Па за детето најдобро било догодина да го запишеш, бла бла. Добри изговори имаат.
Некои родители викаат ќе го запишам уште во март месец, па поголеми се шансите да го примат во септември. Треба да има правило, ако детето неколку месеци не оди во градинка, автоматски да го испишат а не да чува место.
Секое дете да плаќа различна цена, во зависност од примањата на родителите. Во странство е така, па да видите дали газдите ќе држат место и ќе го носат само пет дена во месецот.
Државните градинки се полни со постари воспитувачки пред пензија и волонтерките што своите фрустрации ги лечат на децата. Помладите волонтерки финансиски не се доволно мотивирани, за работата да ја извршуваат онака како што треба. На детето одма му даваат дијагноза, наместо да работат со него.
Им фалат воспитувачки за темпераментни деца. Тие знаат како треба да се однесуваат со децата, сакаат да ги научат на се и посветуваат големо внимание.
Поголем дел од работното време пушат цигара, пијат кафе и си играат на телефон, отколку да внимаваат. Колку пати ги имам начекано како јадат од пудингот на децата. Воспитувачката секое сабајле наместо да е насмеана, она со поглед го плаши.
Во група од 25-30 деца, мора со врски да земат некое лошо дете, кое ги тепа сите други. Колку пати го земав изгребан искасан, модар,... Или за да направaт место за "нивно" дете, твоето ќе го префрли во друга група која не е негова возраст или во друг реон.
Еден месец го чуваше и една жена и со неа гледаше турски серии.

ОК малиот беше згрижен, ама пак некој што не ти е од фамилија да ти се шета по дома. Некако не ни се погоди, а и секоја не може да чува деца.
Градинката е место каде децата учат, играат и се социјализираат со нивни врсници, а не дома со возрасни жени. Мал период беше и во приватна градинка и многу бев задоволен. Подобро беше таму, отколку некоја жена да го чува или мајката/бабата да ја напушти работата. Знаеш дека нема да ти се јавуваат, за да одиш да го земеш до 16 часот.
Во цената беше вклучено храна, сокови, пелени, влажни марамици и два пати во месец преглед од педијатар. А ако детето не оди на градинка 10 дена по ред, тогаш плаќаш само половина од сумата. Ако платиш цела година однапред имаше 15% попуст. Тогаш беше 200 евра.