Велики Брат

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Штотуку ми стигна информација дека моментално на Сител ТВ, почнува едно од најгледаните тв-шоуа на Балканот па и пошироко, спектакуларниот Велики Брат, бајо мој! :vozbud:
Со нетрпение ги очекуваме сите тие пикантерии, лудории, заебанции, интересни предизвици, игри, караници, пички, сексови, тепачки, сплетки, гласања и сл.

Не успеав да забележам кој е нашиот претставник но кој и да е ние треба да му дадеме максимална подршка, да гласаме за него и да се надеваме дека ќе стигне до големата победа.

Хејтерите не се пожелни на темава, тука се добредојдени сите почитувачи и верни фанови на Големиот Брат, сите заедно да си одбереме свои фанови и да си дискутираме за случувањата во куќата.

Сите заедно да навиваме за Македонецот. До победа.

Поздрав и секое добро,
Ваш Џонтра Волта.


хехе
 
Без разлика, секогаш треба да им даваме подршка на нашите сограѓани Македонци какви и да се, сепак тие се наши браќа и сестри македонски!!!
 
Ај нешто да видам фул листа кој е влезен. Дали ги има оние Станија, Сораја и слично :D
 
Не знам што имате против, емисијава ги спојува сите бивши југословенски републики, давајќи ни до знаење дека ние сме братски народ кој исти работи трпел и сеуште претрпува :)
 
Се надевам дека Карло Босс ке ги преебе сите пички таму :drk:
 
Не знам што имате против, емисијава ги спојува сите бивши југословенски републики, давајќи ни до знаење дека ние сме братски народ кој исти работи трпел и сеуште претрпува :)
Рики остај ти спојот кој ќе им значи на југоносталгичарите, впрочем како што ќе им значи спој преку Идол, Икс Фактор и слични емисии кои и не се така лоши ако се споредат со братов. А зошто? :)

Истото прво и основно е најпрекрасен извор на антиетичко, антиморално, сељандурско, нискостраствено однесување кое се доближува до публиката преку екранот. Воедно деца гледаат таму (сум бил сведок на разговор на улица од некое минато издание, каде децава коментираа како некоја се карала со некој, ги рецитираат тоа зборовите гнасни што му ги изрекла мајчинава и на крај цицката и се видела, а мали беа).

НЕкој ќе рече абе тоа после 00 оди, абе да, ама на сајтовиве ко курир, мурир ќе фрчат статии за тоа како некоја му го изонаквала на некој, како петко и трајко си акнале по едно бокСче и два три шамари, и како некоја рандом курва таму легнала со некој, па после плачела по дечкото шо ја чекал надвор.

Ок е, народ нека се забавува, ама сум среќавал по некоја случајност низ предметиве на правен и цели анализи и негативни ефекти (почнувајќи од братот и слична тв програма) кои се шират со Mass Media наваму натаму.

Али ај да не ја дрвам, уживајте си, не ви коментирам во темава појче :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom