На што обрнувате внимание при купување куќа/стан

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
1. Чисти документи !!!
2. Локација / Цена
3. Распоред,соби, ходници, тераса, подрум
4. Квалитет на градба, ѕидови, прозори, паркет, изолација
5. Околина, паркови, паркинг, школо, продавници
Се слагам со твоето мислење, со мала исправка:
1. Чисти документи !!!!!!!!!!!!!
2. Локација / околина, паркови, паркинг, школо, продавници
3. Цена
3. Распоред, соби, ходници, тераса, подрум
4. Квалитет на градба, ѕидови, прозори, паркет, изолација
 
Македонски менталитет. Што е важно дали комшијата е богат/сиромав или Скопјанец/провинцијалец?
Мене ми е многу важно. Зошто?
Затоа што не сакам комшијата да чува кокошки во подрум и да суши кромид и пиперки на тераса, а детето да му моча во лифтот.
Затоа што не сакам некој во комшии да ми прави журки по цела ноќ и да наоѓам повраќаници во влезот.
Затоа што не сакам комшии кои немаат пари да платат за одржување на зградата или некоја друга паметна комшиска инвестиција(видео надзор, простор за чување точаци и слично).

Во странство не се ни замраат со ова. Никој од комшиите не го интересира тој до него каков е и што е. Меѓусебе не се ни познаваат.
Не знам за кое странство збориш, дали за Африка или Далечниот Исток, ама ако негде исклучително и прелеминарно гледаат на ова тоа е Западна Европа и Америка.

Ако не ти се допаѓаат само комшиите и нема да го купиш станот.
Дефинитивно не.

Кај го бараш овој стан :) Во Македонија нема. (инаку во ред е тоа што си го напишал)
Каде што за квадрат плаќам по 1100 евра па нагоре.

Имам видено згради во кои тешко внесуваш покуќнина по скалите.
И јас имам видено и тоа згради каде што цената е поприлично висока.
 
Мене ми е многу важно. Зошто?
Затоа што не сакам комшијата да чува кокошки во подрум и да суши кромид и пиперки на тераса, а детето да му моча во лифтот.
Затоа што не сакам некој во комшии да ми прави журки по цела ноќ и да наоѓам повраќаници во влезот.
Затоа што не сакам комшии кои немаат пари да платат за одржување на зградата или некоја друга паметна комшиска инвестиција(видео надзор, простор за чување точаци и слично).
Мене ми е важно и во која средина ќе израснат моите деца
 
Најглупа поделба ми е онаа Скопјанец и провинцијалец. Као демек Скопјаните се културни, а провинцијалците прости, несоцијализирани, чуваат кокошки во подрум, сушат пиперки и кромид на балкон. Што ти е тебе гајле комшијата што има на балкон?
Може ти ми смета пржење на пиперки и риба. Таков и животот во стан и никаде нема да најдеш комшии какви што на тебе ти одговараат.

Ако имаш "лев" комшија и да има пари, пак ќе се заинати и нема да плаќа оддржување на влезот.
Многу услови бараш, за неред и бучава по полноќ си има надлежен орган кој ќе реагира.
 
Мене ми е важно и во која средина ќе израснат моите деца
Токму тоа, не ми е сеедно со кого ќе се дружат и што ќе научат моите деца.
Најглупа поделба ми е онаа Скопјанец и провинцијалец. Као демек Скопјаните се културни, а провинцијалците прости, несоцијализирани, чуваат кокошки во подрум, сушат пиперки и кромид на балкон.
Никаде не направив поделба на скопјани и провинција туку на провинција/непровинција мислејќи на луѓе растени во урбана и рурална средина. Човек можеш да го извадиш од село, ама селото неможеш да го извадиш од човека.
Што ти е тебе гајле комшијата што има на балкон?
Ми смета и мое право е да ми биде гајле. Аналогно на прашањево, што ти е на тебе гајле што мене ми е гајле?
Ако имаш "лев" комшија и да има пари, пак ќе се заинати и нема да плаќа оддржување на влезот.
Во Чаир е поверојатно да имаш лев или повеќе леви комшии отколку во Центар. Дополнително во Чаир левите комшии ќе се натпреваруваат во левичарство затоа што чаирски е да бидеш алфа-леваш.
Многу услови бараш,
Мое право е какви услови јас си барам. Ти не ми ги овозможуваш, па не ни можеш да судиш колку услови барам.
за неред и бучава по полноќ си има надлежен орган кој ќе реагира.
Не ми е гајле дали има или нема, едноствно не сакам некој да ми го ремети раатот.
 
Последно уредено:
Па зошто инаку толкава разлика во цените?
Кога би морал, би одбрал помал стан на локација што ми одговара отколку поголем за иста цена.
 
Би идел на нов стан

1. Асална надворешна топлотна изолација.
2. Енергетско ефикасни ПВЦ Профили со можност за природна вентилација
3. Асална звучна изолација на ѕидовите со комшиите.
4. Паркетот да не е црвјосан па да треба да се мења.
5. Изведена хидроизолација на дилатации во тоалетот и под плочките да има нанесено одреден слој хидромал или друг производ. Како и фугирање на плочките со водоотпорна смеса.
6. Локацијата да биде подрачје кај што има парно и кај што повеќето од луѓето не се греат на дрва па зимно време кога ќе искочиш надвор да кашлаш или да имаш видливост максимум на пола метро од себе, и да можеш да проветриш дома.
7. Препорачливо е комшиите да не бидат од други етникуми (особено не оние кои што можат да ја загрозат личната безбедност на твоите деца), кои прават свадби и сунети по дворови или на сред улица, кои траат по неколку дена до после полноќ, да не истураат контејнери со ѓубре, да не си ги пасат домашните животни во твојот двор каде во исто време и ти вршат нужда.
8. Достапност на оптички кабел
9. Паркинг
10. Здравствени институции, градинки, школи, супермаркети, пазари.
 
Prvo stanot da bide poblizu do centar,ili vo samiot centar na gradot so toa se ti e do dohvat,vtoro stanot da bide ne povisoko od 3ti sprat, da ima kvadratura poveke od 55m k2 ako ti e za tebe i si familijaren covek, Izolacijata da bide dobra, po moznost i renoviran, cenata da bide prifatliva, najcesto mozes i da ja spustis, sto se desava vo mnogu slucaevi, rasporedot na stanot, se soglasuvam so eden clen pogore sto kaza deka novite stanovi se gradat za profit a ne za kolku ke bide izdrzliv. Nov stan-los kvalitet-Nivna zarabotka. Dali dokumentacijata e dobro sredena, sto e osteteno,popravano etc. Dali poseduva svoe Parking mesto,Garaza i Podrum.Dvorno mesto.
 
Јас не би купил реновиран стан. Повеке би сакал јас да надгледувам што е вградено. И, мислам дека така би поминал поевтино.
 
Само куќа,стан не би купил ни под разно.Едино кога би имал пари би купил Охрид или негде на море за преку лето.
Најбитно по мене е локацијата на куќата и инфраструктурното поврзување(комуналии).Ама пошто кај нас тоа тешко се наоѓа,тоа е што е.
Другото сам си правиш како сакаш и колку имаш.
Второ е комшилукот.Ама сегде има терсене народ,така да и тоа е реткост да не ти се падне такво нешто.
 
Пред купување стан како може да се провери дали постои долг по основ на струја, вода, парно итн.
Доколку постојат истите какви се последиците по купувачот?

Имам фаворит стан за купување , но некако немам доверба во продавачот во врска со тоа. Со имотен лист е чиста работата, само сметките ми се сомнителни.
Некој ми спомна дека тоа нотарот ќе го среди, но не сакам да стигнам до нотар а да не сум сигурен.
 
Не контам.
Идеш у ЕВН и Водовод и прашуваш: - Платено-неплатено?
што е проблемот?
 
Пред купување стан како може да се провери дали постои долг по основ на струја, вода, парно итн.
Доколку постојат истите какви се последиците по купувачот?

Имам фаворит стан за купување , но некако немам доверба во продавачот во врска со тоа. Со имотен лист е чиста работата, само сметките ми се сомнителни.
Некој ми спомна дека тоа нотарот ќе го среди, но не сакам да стигнам до нотар а да не сум сигурен.
Водовод и Топлификација издаваат потврда дека е платено заклучно со последниот месец, а ЕВН (варем порано беше така) издава листинг, со преглед за долгувања. Ова треба продавачот да ти го обезбеди, најверојатно тебе нема да ти дадат. Доколку купиш стан со неплатени обврски, најверојатно ќе успееш да го оспоруваш долгот, но тој никогаш нема да биде избришан. Затоа, на продавачот побарај му ги овие три документи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom