Операција „ќелија“, апсење на терористи од ИД во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
http://kajgana.com/mvr-so-detali-i-video-od-akcijata-kjelija

Девет лица се приведени во денешната акција „Ќелија“ на МВР, која беше насочена против македонските државјани кои врбувале граѓани за ИСИС, но и оние што биле дел од оваа терористичка организација. Вкупно против 35 лица се подигнати кривични пријави, а 27 од нив не се достапни за властите, додека за 20 од нив се смета дека се уште се во Сирија.

Според информациите, Скопје бил центарот од кои се ангажирале борци, па во главниот град се извршени претреси во дури 21 објект. Истрагата траела од 2014 година до минатиот месец, а во тој период се создадени и законски можности за кривично гонење на борци, но и на луѓе кои ангажираат борци за странски паравојски.

Од МВР потврдија дека бил приведен и имамот Реџеп Мемиши кој бил главниот идеолог и главниот човек преку кој се врбувале борци за ИСИС.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=23805

Девет лица се уапсени, а по 27 МВР се уште трага по денешната антитерористичка акција противосомничени структури на исламската држава во Македонија.

Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации надвор од територијата на Македонија.

Извршен е претрес во 28 објекти, од кои 21 се во Скопје, четири во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга. Претресувани се домови, помошни простории на џамијата Тутунсуз во Скопје, како и невладините „ Искра на милоста“ и „Исламска младина на Сарај“.

Собирањето на доказите започнало во септември 2014 и траелo до јули годинава, По наредба на Обвинителството.

Министерот Митко Чавков пред малку изјави дека е упасен еден Имам од Скопје кој се смета за еден од идеолозите за регрутирање и организирање на мрежата.

Чавков вели дека за акцијата претходно е известена и Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), која неколку пати досега апелираше да се интервенира во џамии кои не се под нивна контрола.

Во акцијата која се овивала во 3 ипол часот утринава одземени се десетици десктоп компјутери, лаптопи, мобилни, сим картички, потврди за трансфер на пари, како и еден пиштол.

Осомничените се на возраста од 19 до 45 години, а МВР има докази дека дел од нив се поранешни учесници во боиштата.

Надлежните немаат информација дали постојат Центри за обука за тероризам низ земјава, но се сигурни дека осомничените делувале за исламскиот фундаментализам.

Според информациите на МВР околу 130 македонски државјани учествувале во воените жаришта, а дел од нив се се уште таму.
 
Е добро де, три реда подолу тема од сабајле со веќе многу страници за истава работа. Гледајте малку...

http://forum.kajgana.com/threads/Антитерористичка-акција-на-МВР-Во-Скопје-Струга-и-Куманово-се-апсат-припадници-на-ИСИС.78872/
Не видов (и сеуште не ја гледам). Ако има, ќе ја спојат модераторите...
 
заврна, залади малце, може да се протестира за ослободување сега.
 
Ова е за поздравување, иако најверојатно е само мачкање очи на јавноста. Ако надлежните се доследни на работата треба да продолжат со апсење на СИТЕ Вахабистички свештеници, и забрана за практикување на Вахабистички правец на исламот во државава (како што другите религии се забранети во вахабистичките држави Катар, Саудиска Арабија, итн). Понатаму, забрана и за работа на главниот стожер за промовирање на Вахабизмот: телевизијата АЛ ЏЕЗЕИРА!

Инаку, пак ќе повторам - се работи само за мачкање очи на јавноста. Ако проблемот не се пресече во корен, ништо нема да направат со неколку апсења.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom