Тоа би сакал и јас да знам. Како да препознаеме активист на АМ? Има некој список на членови или било кој може да се крие зад параванот?
На никого не му пречи тоа што се залагаат за правата на животните, но не може да се порекнуваат и побиваат правата на луѓето, за да животните си ги добијат своите права! На пример да не смеам да шетам било каде, поради тоа што кучиња напаѓаат (без разлика расни или нерасни).
За да ни стане појасно на нас "месојадците и останатите грешници" те молам кратко да ми одговориш
Дали во правата на АМ влегува и тоа дека смеат вербално и физички да напаѓаат луѓе само затоа што не прават како нив?
Од што се финансира АМ,дали можеби од надворешни донации и фондации?
Зошто 95% од "активистите" се жени, и дали сте побарале на интернет што предизвикува таква потреба за да чуваш голем број на животни и да доаѓаш во конфликт со луѓе поради тоа?
Зошто поголемиот дел што се декларираат како АМ,особено тие од врвот, чуваат расни кучиња и заработуваат од продажба на легла, а пропагираат "вдоми, а не купувај"?
Дали сериозно мислите дека ќе ги спасите сите животни во светот, и дали имате правилна стратегија за тоа?
Дали сте погледнале како работат слични организации во странство? Бидејќи кај нив има резултати, а вие како да тапкате во место
Дали сте размислувале и сте делувале проблемот со животните да се реши законски, а не со "герила активности"?
Какви резултати и мерки превземате за труење на животни? На секој чекор има ланате, а никој не мрда со прст
Што превземате за крадење на домашни миленици?
Што превземате за борби на кучиња? Ако не можете да најдете каде има, значи или не сакате да најдете или не сте способни за оваа работа
Дали мислите дека со вашето агресивно однесување кон остатокот на светот придонесувате, или им одмагате на животните?
Дали е законски било кој да се нарекува активист и да доаѓа во посета на приватен имот кај тој што вдомил животно за да го посети? Неколку пати пробав да вдомам кутре за мене и мои пријатели , и ме откажа вашата агресивност и упорност.
Во старт знам дека нема да резултира оваа конверзација со плод, но драго ми е што луѓето се освестуваат дека зад "правата на животните" одредени поединци "заработуваат", а другите вистински љубители даваат пари од сопствен буџет без да се фалат на медиуми.
Не постои листа на членови на здружението. Едноставно, прашајте ги, можеби ќе ви одговорат.
Никој не е физички па нит вербално нападнат- никогаш.
Бездомните кучиња не се дело на АМ, дело се на несовесни сопсвеници и неефикасноста на општинските служби за да се реши проблемот.
Анима Мунди е невладина и непрофитна организација која зависи целосно и само од донациите на граѓаните. Не постојат фондации.
80%, морам да те корегирам, а логичен одговор е дека жените имаат поголема емпатија. Конфликтните ситуации се одраз на индивидуи, не на здружението.
Тие од врвот, ги чуваат хендикепираните кучиња и најчесто кучињата што никој не сака или не може да ги вдоми. Парењето и продажбата е целосно надвор од агендата на здружението, а тие од "врвот" се залагаат да тоа не постои. И не, не парат и не продаваат. Најчесто чуваат мешанци.
Свесни сме дека не можеме да ги спасиме сите. Но тоа не значи дека нема да се потрудиме да спасиме дел од нив. Колку ни е правилна стратегијата, ќе покаже времето. Статистиката до сега покажува дека сме на добар пат.
Континуирано и неминовно се пратат организациите од поразвиените држави. Се пратат нивните успеси и се учи од нивните грешки. Резултатот во поразвиените земји е поголем, земајќи го во предвид менаталитетот на луѓето. И не, не тапкаме во место, имаме постигнато големи успеси.
Герила активности од АМ не постојат, сите проблеми се решаваат институционално, а главниот преоритет во делувањето на АМ е поставен токму на законските регулативи. Извршени се доста измени, како за фармските животни, така и за домашните миленици.
АМ нудеше награда од 500 евра за било кој што ќе понуди било каква информација која би довела до дознавање на сторителот. Никој не истапи, а ние немаме сознанија. Имаме сомнежи дека станува збор за организирани труења.
Сторителите на кражби, за кои ние имаме сознанија, се уредно предадени на надлежните институции. Нашите ингеренции завршуваат тука, ја немаме моќта да апсиме и судиме.
За борбите со кучиња, знаеме голем број на локации каде што се одржуваат, знаеме организатори, знаеме имиња на полициски службеници, инспектори и политичари кои се дел од нив. И покрај тоа што имињата се предадени во АХВ и поднесени се претставки за истиот проблем, мислам дека состојбата на политичката сцена во моментов ќе ти го одговори прашањето. Иако не значајно, успеваме да спасиме по неколку единки.
Агресивност не постои, тоа само го толкувате како такво.
Секоја посета на приватен имот е однапред договорена во согласност со сопственикот. Доколку мора да се упадне на приватен имот, секогаш сме биле во придружба на инспектори од АХВ и полиција. Нашате задача била само да укажеме на проблемот на тој приватен имот.
И последното, никој не заработува, кога станува збор за активистите на АМ. Можеш да го прочиташ мојот пост погоре и ќе ти стане јасно за финансиската состојба на здружението. Ангажираноста на членовите и активистите е целосно волонтерски.