Aquilla aircraft од Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Авионот кој Фејсбук долго време го најавуваше како решение за овозможување на интернет конекција во деловите на светот во кои нема пристап до интернет е веќе готов и е преминато на последната фаза т.е тестирање во реална околина.

Авионот, како и технологијата за негова изработка како и предавањето на интернет конекцијата до корисниците е вистинско технолошко чудо. Се погонува на соларен погон и може да се одржува во воздух 3 месеци на висина од околу 20.000 метри (над линиите над комерцијалните авиони), распонот на крилјата е како кај боинговиот 737 (42 метри), а тежината е како просечен автомобил. Технологијата за предавање на интернет конекција е со помош на ласери на чие подобрување напорно работеле и постигната е нова граница т.е технологијата која овој авион ќе ја поседува е уникатна и овозможува околу 10 гигабити во секунда, со прецизност од 1 сантиметар дијаметар на далечина од 10 милји (американски метрички систем јбг :D)

Линкови:

https://www.facebook.com/zuck/videos/vb.4/10102274951725301/?type=2&theater


http://www.forbes.com/sites/marcoch...-data-at-10gbs-using-laser-beams-is-complete/


The future ladies and gentlemen...
 
Мене ненормален ме правеа кога им кажував дека се работи на ваков проект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom