ЕУ води непринципиелна политика во Македонија!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Последната во низата непријатни реплики која дојдоа од седиштето на Европската влада во Брисел, адресирани на работата и економските политики на нашата Влада, беше “легалноста” на инвестицискиот амбиент во Македонија.
Едно навидум “бенигно” новинарско прашање пред десеттина дена на прес конференција во Комисијата, отворено го постави проблемот на легитимноста и хармонизираноста на македонската реформска политика со европското законодавство. Тоа не предизвика во старт претерана остра оценка за фискалните мерки на Владата, но отвори врата на сомнеж. Одговорот на портпаролот на ЕУ беше дека тука сепак нешто има, и дека треба дополнително да се добие информација какви се мерки презема македонската влада за привлекување на странски инвестиции и дали се тие во согласност со критериумите и директивите на ЕУ, за да се коментира нивната легитимност.
„Не сме добиле официјален став од Европската комисија кои би содржел критики кон нашите даночни олеснувања и мерките кои ги применуваме во привлекување на странски инвестиции„, изјави за Капитал вицепремиерот на Владата и најодговорниот за економските политики, Зоран Ставревски. „Но, затоа можам да кажам дека има голем број аргументи кои се на страната на Република Македонија. Меѓу првичните е степенот на развиеност на нашата држава е далеку зад оној просечен на Европската унија, или инаку кажано, бруто домашниот производ на Македонија во моментот е само 25% од просечниот на земјите членки на ЕУ. Оттаму, мерките кои ги презема Македонија за зголемување на економскиот раст не можат да бидат идентични со класичните економски политики кои се спроведуваат во ЕУ„, смета Ставревски.
Мерките на Владата, според вицепремиерот, не се разликуваат драстично од многу земји кои станаа членки на ЕУ или се на прагот за членство во ЕУ. Има повеќе од 50 области во кои одделни земји членки с$ уште не се хармонизирани со политиките и мерките на ЕУ.

Контрааргументи
ЕУ откупува планини од путер (доколку откупната цена падне под 90 евроценти за килограм) и мориња од млеко (доколку цената падне под 1.500 евра по тон), а кај нас 98% од трговијата е целосно либерализирана. Словенија на пример до скоро даваше директна субвенција во толари за откупено литар млеко. Ако одиме поконкретно во слободните економски зони, кои ги има ширум Европа, внатре владеат енормни субвенции од државите со цел да се зголеми приливот на гринфилд инвестиции. Во Словачка постојат државни фондови за рефундирање на средствата инвестирани во “гринфилд” инвестиции, 10-годишни ослободувања од плаќање данок, грантови од 887 долари за секое новоотворено работно место, за преобука...
Во Полска, нашиот главен ривал во битката за “Џонсон контролс” Владата беше подготвена да го продаде државното земјиште за 1-2 евра по квадратен метар, наспроти нашите 3,5 евра (во првата понуда или минимум 200 денари за метар квадратен државно земјиште), а слични бенефиции нудеше и Романија само да го привлече американскиот производител на делови за автомобили.

Бизнис поддршка
Бизнис секторот, ваквата политика и критика на ЕУ ја толкува како “привремен хир” условен од актуелната политичко безбедносна состојба во регионот. Во моментот на Европа и одговара политика “не таласај” од било која земја од Балканот . Според еден од челните луѓе на Силмак и екс министер за економија, Борко Андреев, на Владата во овој момент и треба апсолутна поддршка од бизнис секторот за даночните бенефиции кои ги дава во слободните економски зони. Андреев вели дека Брисел во моментот е преокупиран со косовското прашањето и не сака никакви бранувања во соседните земји. Дури не се пожелни ниту позитивни бранувања на економски план како што би била крајната афирмација на економската зона Бунарџик и наплив на инвестиции во земјата
Други бизнисмени кои се стеснуваат отворено да ја критикуваат европската влада за непринципиелната политика велат дека треба да бидеме исклучително мудри во овие моменти. Сето тоа што сме го почнале да го правиме до крај, но без претерана помпа. Треба да се приреди поголемо добредојде на инвеститорите од надвор, но не треба да трубиме по сите медиуми. Додека можеме, а кога ЕУ ќе види до каде сме стасале, потоа сами ќе не повикаат кај нив заедно со сите влезени инвестиции, како што беше случајот со Кипар, велат претставниците на крупниот капитал во земјава.
(тотал)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom